March 28, 2016

“DÉESSE” ВЕЛИГДЕНСКИ КОЛАЧИ ЕКСКЛУЗИВНО ПОДГОТВЕНИ ЗА “DS WORLD PARIS” ОД СТРАНА НА ГОТВАЧОТ DAMIEN, КРЕАТОРОТ НА 750G

"DÉESSE" ВЕЛИГДЕНСКИ КОЛАЧИ ЕКСКЛУЗИВНО ПОДГОТВЕНИ ЗА "DS WORLD PARIS" ОД СТРАНА НА ГОТВАЧОТ DAMIEN, КРЕАТОРОТ НА 750G

Готвачот Damien воедно и ко-основачот на веб порталот 750g, инспириран од страна на брендот “DS” подготви уникатни Велигденски колачи наречени “DEESSE”. Истите исклучиво ќе се продаваат за време на “DS WORLD PARIS”.

Damien ќе биде присутен на 33, rue François 1er во Париз две саботи во период од 26 Март до 2 Април.
Љубителите на добрата храна ќе имаат можност да разговараат со познатиот готвач и да ги погледнат неговите готвачки способности.

После првото гастрономско уживање со добро познатиот готвач Philippe Conticini во 2014 година, “DS WORLD PARIS” и оваа година ќе го повтори истиот концепт, но сега со Chef Damien кој е познат по неговите кулинарски способности и високи стандарди на состојките кои ги користи при неговото готвење, истите високи стандати ги користи и брендот “DS” секогаш совршен, смел и со авангарден дух изјавил Julien Faux, директорот на “DS WORLD PARIS”. Велигденскиот период е добар за конзумирање добра и квалитетна храна, нашата цел е да побудиме потреба за добар вкус кај посетителите.

Готвачот Damien се надоврзува за оваа соработка, велејќи: Велигден е празнично време кога семејствата и пријателите се собираат заедно, затоа ова е совршено време за создавање нов рецепт создаден од многу луѓе заедно. За мене “DS” е автомобилски бренд кој најдобро го отелотворува францускиот know-how, во комбинација со уникатно вкусен, визуелен и миризлив универзум.

За овој предизвик, готвачот Damien ќе направи колачи инспириран од миризливиот идентитет на марката DS. Колачите ќе бидат направени од бисквит со осостојки од кардамон и ѓумбир, на врвот ќе има чоколадна купола исполнета со цитрусни овошја. Овој десерт ќе биде вистинско уживање за посетителите, а неговата цена ќеизнесува 6 ЕУР. Посетителите исто така ќе може да добијат и бесплатен рецепт од “DEESSE” колачите.