CITROËN ВО ЖЕНЕВА

На саемот на автомобили во Женева 2018, Citroën ја демонстрира стратегијата за постојан развој на марката, со целосно нов редизајниран штанд од 1100 m2, 6 модели лансирани во Европа за помалку од 2 години.
Модерна и афирмирана гама на производи, која го претствува новиот лик на Citroën во стилот на: нешто невидено досега. Автомобили кои црпат од гените на марката, и споделуваат оригинален дизајн и карактер како и глобален комфор согласно програмата Citroën Advanced Comfort®.
– Премиерно изложен на саемот на автомобили: ново Citroën Berlingo , трета генерација автомобилска икона, која ја продолжува успешната приказна со оригинален изглед кој претставува репер во сегментот на « практичен автомобил. Во духот на новите модели на марката, новото Berlingo се истакнува со помодерен дизајн и пристап кон удобноста. Се конструира на новата платформа со 19 нови технологии за помош во возењето и 4 нови технологии за поврзаност, мотори од најнова генерација и типично поврзување со подлогата целосно посветено на удобноста. На располагање во две димензии M и XL (5 и 7 седишта), новото Berlingo ќе се комерцијализира во втората половина од 2018.
– За првпат на меѓународен саем на автомобили: новиот Citroën C4 Cactus , ултра-комфорен компактен автомобил. Дизајниран според програмата Citroën Advanced Comfort®, новиот C4 Cactus премиерно во Европа, располага со новото потпирање со хидраулични прогресивни перничиња (Hydrauliques Progressives™) и новите удобни седишта според програмата на Advanced Comfort,
– Официјализација на оригиналниот потпис за целата понуда на моноволумени Citroën, со комерцијалниот назив SpaceTourer, кој ќе го замени називот Picasso, и претставување на специјалната серија на C4 SpaceTourer Rip Curl. Истовремено изложен ќе биде и : SpaceTourer Rip Curl Concept,
– Ќе се прикажува филм за офанзивата наречена SUV: нов SUV Compact C3 Aircross (50 000 продажби до денес), кој се издвојува со својата практичност и го го претставуаат новото позиционирање на успехот на Citroën.
– Новиот Citroën C3 си впиша 300 000 продажби и на саемот ќе се претстави со својата ултра модерна специјална серија « C3 ELLE ».
Во продолжение, погледнете ја прес конференцијата и дел од атмосверата на штандот на Citroën на саемот за автомобили во Женева: