April 22, 2014

CITROËN ВО ПЕКИНГ ГО ПРЕТСТАВИ CITROËN C-XR CONCEPT

Поттикнат од динамичноста и забрзаниот развој на кинескиот пазар, CITROËN премиерно го претставува на Саемот во Пекинг, CITROEN C-XR Concept. Овој концепт нуди модерен пристап кон SUV базиран на вредностите на CITROËN : изразен дизајн, исклучителен комфор наследен од умешноста и знаењето на CITROËN и технолошките избори насочени кон ефикасноста.

Овој концепт произлегува од SUV понудата на CITROËN и DONGFENG Motor Group, наменет за освојување во Кина на сегмент кој е во полн ек на пораст (околу 3 милиони примероци во 2013, со пораст од над 50% во споредба со 2012).

МОЌЕН И ЕЛЕГАНТЕН ДИЗАЈН

CITROËN C-XR Concept, се карактеризира со компактен стил кој веднаш се препознава, по својот афирмиран карактер на SUV кој истовремено ги поврзува елеганцијата со издржливоста. Елеганција со хармонични пропорции и високостилизирана изработка. Издржливост и функционални и естетски епитети го креираат иденитетот на овој SUV.

Дизајнот на CITROËN C-XR Concept се истакнува со:
> Широка хромирана маска која ги поврзува шевроните со светлата за истакнување на неговиот темперамент,
> Светлата за ден со LED карактеристични по светлосниот потпис напред за изразување на неговата присутност,
> Оптиката напред во себе вградува двоен модул и трепкачи за израз на неговиот технолошки карактер,
> Страничен потпис во облик на « C » визуелно ги спојува носачите на кров со хромираната линија на каросерија за истакнување на вредноста на неговата просторност,
> Светла со 3D ефект поврзани со двојната издувна цевка од хром за динамизирање на зафатнината на задниот дел на возилото.
Заштитнички и издржлив идентитет на SUV се афирмира со неколку атрибути на специфичниот стил:
> Високо држење на подлогата со големи тркала од 17 инчи, со пневматици « All Seasons » за соочување во непредвидливи ситуации во услови на оптимална удобност и сигурност,
> Чевлите напред и назад и украсните лајсни на премините на тркалата за спојување на стилот со заштитничката каросерија,
> Страничен декор и држачите на ретровизорите во црвена боја за истакнување на динамичните квалитети и неговиот дух на « outdoor ».

CITROËN C-XR Concept се истакнува со елегантен изглед:
> Идеален сооднос ширина/висина (1,79 m x 1,56 m) кој гарантира балансирани и урамнотежени пропорции,
> Содржан габарит во должина од 4,26 m за поголема агилност при маневрирањето,
> Најголемо меѓуоскино растојание во категоријата (2,65 m) кое гарантира исклучителна внатрешна просторност, особено на седиштата назад.
КОМФОР ВО СИТЕ УСЛОВИ, УМЕШНОСТА НА CITROËN

Технолошки и сетилен пристап кон комфорот, CITROËN C-XR Concept ја истакнува целокупната умешност и знаење на CITROËN за да им понуди на возачот и на патниците неспоредливо чувство на сигурност и удобност.

Визуелен комфор за возачот, со неговата природна поставеност на возачот кој произлегува од светот на берлините и високата поставеност.

Комфор во возењето со типично поврзување со подлогата кое произлегува од знаењето и умешноста на CITROËN, кое му дава на на возачот чувство на контрола на возилото со бришење на нерегуларностите на патот.

Комфор и уживање за сите патници во возилото, со најдолго меѓуоскино растојание во сегментот за да понуди исклучителна просторност подеднаква за седиштата напред и назад.

Комфор на сите сетила со голем панорамски застаклен покрив за нежна и пријатна светлина.
ТЕХНОЛОШКИ ИЗБОР ПОСВЕТЕН НА ЕФИКАСНОСТА

CITROËN C-XR Concept располага со технологии со највиски перформанси за зголемување на капацитетот на моторниот погон а намалено влијание врз животната средина.

Технологија « Grip Control » поврзана со пневматици « All Seasons », гарантира контрола на прилепеност на тркалата во зависност од специфичноста на патот, за оптимална моторичност на секаков тип на терен без да се повика на интегралниот пренос кој дополнително може да влијае врз потрошувачката и емисијата на CO2.

CITROËN C-XR Concept располага со напредна технологија со специјална концепција за намалување на потрошувачка и емисија на CO2 :
> Понудата на мотори се состои од бензинецот THP 160, со систем Stop&Start и автоматски менувач од најнова генерација, кој гарантира комфор и удобност во возењето со намалена потрошувачка,
> Намалување на тежината на CITROËN C-XR Concept се преведува со динамично однесување на SUV, а значително намалување на потрошувачка и емисија на CO2.