September 10, 2019

CITROËN ВЕЌЕ ФОКУСИРАН КОН РЕЛИТО ТУРЦИЈА

17 то Рели Германија (22-25 август)

Со C3 WRC кој за жал не им дозволи да го искажат својот потенцијал и по две тешки пунктури уште при влез во првите градови, Sébastien Ogier – Julien Ingrassia и Esapekka Lappi – Janne Ferm не можеа да сторат ништо повеќе од тоа освен да завршат како седмо и осмо пласирани на Релито во Германија. Лош настан и расположение кај Citroën Total World Rally Team, кој сепак се одлучи да се врати на следното Рели во Турција.

• Со намалени шанси за место на подиумот поради двојни пунктури на дуото Ogier – Ingrassia на првиот ден на Panzerplatte, Citroën Total World Rally Team веќе следниот ден беше фокусиран кон поумешно справување со C3 WRC. Трудот изразен преку светли идеи за промена во поставеноста дополнително ја потенцираа потребата да се продолжи понатаму. Со последната етапа, дуото Sébastien Ogier и Julien Ingrassia завршија како седмопласирани, додека по кратката борба за шестото место, сепак како осмопласирани следеа Esapekka Lappi и Janne Ferm. Со овој остварен резултат француската екипа освои бонус поени, петто место на Power Stage и поентирање на трета позиција на светскиот шампионат.

C3-WRC-Allemagne-1_1400x800

• Иако брзо сфатија дека поставеноста како и C3 WRC не се во најдобра состојба и покрај неколкуте грешки, со голем напор Sébastien Ogier и Julien Ingrassia успеа да надокнадат и во првиот круг да завршат како третопласирани. Вториот ден, кој вклучуваше и дел од етапата низ воената база на Баумхолдер, патека која во минатото за нив била успешна и им влеваше голема надеж, за жал овојпат Panzerplatte се покажа како непредвидлива. Најпрвин, при првиот премин губејќи дел од времето при првата пунктура за да следи втора поголема пунктура со загуба во време од 1мин и 30 сек. Немајќи среќа да се борат за водечките позиции, не им преостануваше ништо освен да го искористат последниот круг како тест.

C3-WRC-Allemagne-2_1400x800 (002)

• Со помало искуство за ваков тежок терен Esapekka Lappi и Janne Ferm ги делеа 7.3 сек разлика од четвртото место, на половина од првиот премин. Но и тие направија грешка со вртење на SS5, со кое го нарушија управувањето на возилото и допринесоа за завршница на денот како седмопласирани. Како резултат на напредокот во поставувањето на C3 WRC , истовремено не беа во можност да избегнат друга мала грешка, но сепак се изборија да дадат свој придонес за напорите преземени од Тимот.