December 3, 2015

CITROËN SPACE TOURER создаден за Вашето семејство и Вашиот бизнис!

CITROËN SPACE TOURER создаден за Вашето семејство и Вашиот бизнис!

Citroën денес, по заедничката платформа PSA и Toyota Motor Europe ( ТМЕ ), открива еден нов модел Space Tourer. Тој ќе се произведува во комби верзија, за лична употреба, и минибус (shuttle) верзија, за професионална употреба. На овој начин, двете групи го потврдија продолжувањето на соработката која започна во 2012 година .

Citroën Space Tourer , чија продажба ќе започне во текот на првите три месеци од следната година, ќе биде презентиран на штандот на Citroën на Саемот за автомобили во Женева во март, 2016 година.

Договорот , кој беше потпишан во 2012 година, предвидува заеднички развој на следната генерација на возила, како и дека оваа соработка ќе продолжи по 2020 година . Целта на соработката помеѓу двете групи е да понуди конкурентни производи во сегментот на лесни комерцијални возила со средна големина, минибуси и комбиња, со намалување на трошоците за развој и производство. Возилата ќе бидат произведени во фабриката на PSA групацијата.