November 4, 2019

CITROËN СЕ ФОКУСИРА КОН 2020

55то Рели RACC Каталуња Коста Даурада Рели Шпанија ( 24-27 октомври 2019)

Откако пропадна надежта на Sébastien Ogier и Julien Ingrassia за високи поени поради проблеми со хидрауликата на SS2, Citroën Total World Rally Team со нивниот C3 WRC покажа несомнено значителен напредок на асфалтот -но, викендов не беа во можност да ги спречат нивните ривали да се остварат како најдобар светски возач и совозач.

По добриот старт на трката на песочна подлога и со освоена прва етапа, Sébastien Ogier и Juliene Ingrassia ги изгубија сите надежи за победа по настанатиот проблем со хидрауликата кој се случи нa наредната етапа.                      Па, затоа тие се фокусираа кон завршување на релито со што е можно подобро позиционирање. Со напредокот на C3 WRC и осмата позиција на асфалт од претходниот ден и со неколку убедливи моменти, тие следниот ден ја продолжија својата борба на истата површина.                                                                                                              За жал, нивните напори не беа доволни за да ги спречат Ott Tänak и  Martin Järveoja да ја освојат титулата на светски  возач и совозач. Citroën Total World Rally Team се фокусира кон 2020 година и се решени да им овозможат на Sébastien Ogier и Julien Ingrassia да го вратат првото место. Со финалната трка во сезоната во Австралија ( 14-17 ноември) со борбениот дух и цврстата намера да се заврши со успех 2019 во која веќе се освоени единаесет подиуми и и три последователни победи со стил.