April 24, 2017

CITROËN ГО ПРЕТСТАВУВА C5 AIRCROSS, SUV ОД НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА

CITROËN се одлучи токму на Саемот на автомобили во Шангај 2017 да го прикаже премиерно својот нов SUV под назив C5 Aircross, и тоа од најнова генерација. Директно инспириран од концептот Aircross премиерно претставен во 2015, е совршен спој меѓу афирмиран дизајн со флуидни и мускулести линии, мноштво иновативна технологија за едноставно и пред сè безбедно возење како и простран внатрешен патнички дел целосно посветен на уживањето и удобноста на сите негови патници... Ви го претставуваме првиот « People Minded SUV » !

По претставувањето на  C-Aircross Concept на Саемот во Женева 2017, CITROËN го прикажува својот нов C5 Aircross, како дел од офанзивата на пазарот на SUV автомобили. Светски феномен кој во моментов претставува една четвртина од продажбата во светот, SUV умее да ве освои со своите вредности кои поттикнуваат на авантура со својот мускулест и заштитнички look. Во 2017, марката го отвора патот за една нова генерација на SUV автомобили кои на традицоналните кодови ги надоврзуваат адутите за уживање и удобност на сите негови патници.

ДИЗАЈН КОЈ ЈА ИСТАКНУВА НЕГОВАТА БОЈА НА КАРОСЕРИЈА

Стилот на новиот C5 Aircross е во насока на концептот Aircross, премиерно претставен пред две години на Саемот во Шангај. Неговата морфологија и димензии (должина од 4,50 m, ширина 1,84 m, висина 1,67 m) го рангираат C5 Aircross во С сегментот на SUV автомобили. Новиот C5 Aircross ги обновува стандардите во својот сегмент со својот однос, со својата изразена моќност и одлучност, но без ниту малку агресивност. Погоре кажаното се потврдува со неговата хармоничност помеѓу високо поставениот капак на мотор и неговата линија на каросерија која е целосно хоризонтална со патот. Заштита на премините на тркала, Airbump® на долниот дел од каросеријата, хромиран потпис, светла… Комплетна изработка до најситни детали!

600x430_2

ВОЗИЛО КОЕ ВРЕДИ ДА СЕ ДОЖИВЕЕ

Внатрешноста на новиот C5 Aircross блика со комфор уште при самото отворање на вратите: висока поставеност на возачко седиште за да доминира врз патот, просторен внатрешен простор кој е одраз на социјалниот статус каде се чувствувате заштитени. Идентичен на внатрешноста на концептот Aircross, C5 Aircross е спој на модерен дизајн, практичност и функционалност. SUV автомобил кој е сто проценти Citroën: функционален простор, флуидни и графички форми, високо поставена и широка средишна конзола… патничкиот простор е облеан со светлина, дизајниран во духот на софа, превземен од C4 Cactus, за патувањата да ви бидат во знакот на удобноста.
600x430_3

Извонредни сензации во возењето

C5 Aircross премиерно воведува потпирање со «Progressive Hydraulic CushionsTM », хидраулични амортизери, иновација на Citroën која е наменета за сите нови возила од гамата. Принципот на функционирање е едноставен.   Класичното потпирање е составено од механички амортизер и пружина додека пак кај «Progressive Hydraulic CushionsTM» тие стануваат хираулични, така што потпирањето работи во два наврати.

« Новото потпирање» Progressive Hydraulic CushionsTM », е генијална иновација типична за Citroën, која овозможува широка употреба на предностите на хидрауликата. Беспрекорно потпирање, специјално за овој сегмент, кое додека патувате во C5 Aircross овозможува чувство како да сте на «летечки килим». » изјави Гзавиер Пежо (Xavier Peugeot), продукт менаџер во Citroën.

Седиштата на C5 Aircross имаат удобни наслони, кои на патниците им гарнатираат неповторливо искуство во возењето. Седиштата напред се опремени со греачи и систем за масирање составен од осум пневматички перничиња распоредени во наслонот од седиштето.

КОМПЛЕТНА изолација

600x430_4

Акустична изолација од најнова генерација, со намалување на емисија на звуците од возењето и од аеродинамичноста како и повеќеслојните стакла напред со двојна звучна изолација овозможуваат чувство како да се возите во заштитна бесшумна капсула. Посебно внимание е посветено на изолација на блокот на моторот.

Покрај тоа, новиот C5 Aircross располага со системи за висок квалитет на воздухот во патничкиот простор, « Air Quality System (AQS) ». Автоматскиот клима уред со филтер за активен јаглерод со висок степен на продуктивност нуди одлично прочистување на воздухот заштитувајќи ги патниците од надворешното загадување.

Новиот C5 Aircross е главен адут во офанзивата на марката за интернационално претставување, кој во Кина ќе се комерцијализира во втортата половина од 2017, а на европски пазари се очекува кон крајот на 2018.

600x430_5