CITROËN се враќа на победничката патекa

По победата на Kris Meeke / Paul Nagle и шестото место на Stéphane Lefebvre / Gabin Moreau, Citroën Total Abu Dhabi WRT го оствари најдобриот резултат од почетокот на годината. По повод комбинираното рели на сезоната, екипата на Yves Matton го покажа потенцијалот на C3 WRC на секаков вид подлога и ја потврди посветената работа во последните ме
ТЕК НА ТРКАТА
Релито на Шпанија започна во петокот наутро со трка на земјена подлога. Оваа сложена равенка која многу зависеше од типот на подлогата, температурата, влажноста на воздухот и типот на пневматиците – многу брзо се претвори во една вистинска битка помеѓу малкумина возачи!
Во челната група се наоѓа Kris Meeke благодарение на одличното време на Bot (ES2), и неговото најдобро време на ES5 со што се искачи на третата позиција во генералниот пласман, на само 3’’ од лидерот. Додека пак младиот французин Stéphane Lefebvre на крајот од денот се постави на деветтата позиција.
По подолга асистенција и пренамена на возилата за асфалт, релито продолжи на брзите и широки асфалтни патишта на Каталонија.
На крајот од денот челната група се преточи во ES12 и Крис се врати во затворениот парк со 13’’ разлика со Sébastien Ogier и 14’’5 со Ott Tänak.
Недела, третиот ден на рели трките беше распореден на шест специјали, без асистенција. Во раните утрински часови во Албиол возачот на C3 WRC n°7 направи одлична предност од 23’’9 пред последниот круг во последните три специјали.
DEBRIEFING
Стефан не беше во можност да го продолжи нападот, поради проблеми со хидраулика, а и во последната специјала со радио врските. Затоа се одлучи да ја сочува шестата позиција. Со осумнаесет етапи од вкупно деветнаесет – Kris Meeke се искачи на
Power Stage. Тој го постигна своето второ најдобро време пред да се качи на покривот од својот C3 WRC за да ја прослави победата!
ПРАШАЊА ПОСТАВЕНИ НА YVES MATTON, ДИРЕКТОР НА CITROËN RACING
Како ја создадовте оваа победа?
« На земјена подлога не успеавме да направиме големи разлики, но штом поминавме на асфалтот, Крис веднаш ја презема контролата врз операцијата. За само две етапи успеа да направи разлика и тоа на подлога што одлично му одговараше на C3 WRC. Заслужена и значајна победа со целосна контрола на двата вида различни подлоги каде битката за титула беше безмилосна.»
Однатре, кој е пристапот на Kris Meeke?
«Наизглед неговата победа беше едноставна поради неговата одлучност и надменост, но всушност тоа не беше случај! Неговиот пристап се резимира во еден збор: смиреност.Тој возеше следејќи го единствено своето чувство, не губејќи ја концентрацијата во ниту еден момент дури и во најкомплицираните делови. Никој не се посомнева во неговиот капацитет како водач на екипа.»
Овој резултат треба да послужи како пример за враќање на довербата во екипата ?
« Навистина имавме потреба од ваков резултат за да можеме да докажеме дека имаме капацитет и дека екипата Citroën Racing останува репер во светот на Светски шампионат во рели.»
RIEFING
По овој резултат, кои се вашите планови и надежи за иднина?
« На прагот на 2018 и хомологацијата на новите технички надградби, имаме амбициозни намери за крајот на сезоната. Свесни сме дека ќе биде тешко во Велика Британија, поради теренот, но и заради метеоролошките услови кои се секогаш против нас. За разлика од тоа во Австралија би требало да имаме интересна трка.»