September 30, 2015

Citroën Racing освои втора последователна титула Светски шампион во FIA WTCC

Со тројна победа на трката во Шангај, Citroën ја освои втората последователна титула Светски шампион во натпреварите на FIA WTCC.

Хозе Марија Лопез, Иван Милер и Себастијан Леб кои беа извонредни во неделата и му ја донесоа на тимот на Сitroën втората последователна титула Светски шампион во FIA WTCC.

Стартувајќи од пол позиција на патеката во Шангај, Хозе Марија Лопез ја освои својата осма победа во сезоната .

Аргентинецот, зад кого веднаш беше неговиот тимски колега Иван Милер и Себастијан Леб му донесе на Citroën на 5 трки пред крајот, убедлива предност во светскиот Шампионат кај возачите со 396 бода.

А, бидејќи добрата вест никогаш не доаѓа сама, Французинот Иван Милер победи на втората трка на големата кинеска сцена, пред Габриеле Таркини (Honda) и непобедливиот Хозе Марија Лопез. На 4-тата позиција се пласираше Себастијан Леб, кој иако незадоволен, изјави «И со оваа долга права линија, тешко беше да се помине меѓу Citroën. Билансот од викендов е малку фрустрирачки, затоа што изгубив два бода од Иван, а тоа навистина не беше мојата цел. Од друга страна, имав добар ритам на трката. Браво за сите членови на екипата за оваа нова титула, која ја комплетира долгата серија која започна во 2003.»

Хозе Марија Лопез ја донесе осмата победа во сезоната во Шангај, седма тројна во сезоната и втора титула Светски шампион во FIA WTCC за конструктори, победа на Леб на Јокохама Trophy (независни возачи) и обезбедено водечко место за тројцата во Светскиот Шампионат за возачи…

Викенд кој дефинитивно помина во знакот на двојниот шеврон.