April 20, 2020

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАШАТА МОБИЛНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

CITROËN ПОСЛЕ ПРОДАЖНИ УСЛУГИ

Во ова тешко време предизвикано од пандемијата COVID -19 во сервисите на Citroën правиме сѐ што е во наша можност за да продолжиме со одржувањето и поправката на на патничките автомобили и комерцијалните возила , како и да дадеме соодветна поддршка на клиентите во случај на дефект. Сакаме да придонесеме за мобилноста и сите деловни и приватни клиенти кои имаат потреба од нивните возила.
Нашиот основен приоритет е да го заштитиме здравјето на нашите клиенти и нашите вработени со воведување на задолжителни протоколи за заштита во нашите сервиси.
Нашите тимови следеа обука за почитување и спроведување на препораките за заштита со цел да ве заштитат вас, но и да се заштитат себеси.
Воведовме комплетен сет мерки за да ги испочитуваме протоколите за заштита. Ова се чекорите за прием во сервис и предавање на вашето возило по завршена интервенција кои обезбедуваат оптимална безбедност во работата:
1. Заради почитување на безбедна дистанца, во секој од сервисите во делот за прием е истакнат бројот на клиенти кои може да присуствува во просторијата. Доколку некој веќе се наоѓа во приемниот дел, почекајте надвор пред објектот да ве повикаат.
1
2. На прием за клиентите има достапно ракавици за една употреба, маски и средство за дезинфекција
2
3. При прием на секој клиент, во негово присуство, рецепционерот става нови заштитни ракавици
3
4. При предавање на клучот од возилото, истиот се заштитува со најлонска фолија или се остава во посебна кутија да отстои
4
5. Возилото во договор со клиентот опционално се остава 3 часа пред да започне интервенцијата
5
6. Рецепционерот поставува заштити за возилото: заштитна навлака за седиште, заштита за волан, заштита за рачка од менувач и заштитна патосница (доколку е можно ова го прави пред клиентот)
6
7. Заштитите остануваат на возилото и по завршување на поправката, а истите се вадат во присуство на клиентот при предавање на возилото
7
8. Возилото во договор со клиентот опционално се остава 3 часа по завршената интервенција односно пред испорака
5

– доколку кога доаѓате во нашите простории имате симптоми како кашлица или треска, љубезно ве молиме да го одложите вашиот закажан термин за по извршување на медицинска проверка.
Ние правиме сѐ што е можно за да го заштитиме вашето здравје, вашата безбедност и вашата мобилност.
Во сервисите на Citroën внимателно се следи ситуацијата и на дневно ниво ќе се ажурира работното време во согласност со уредбите од Владата и Министерството за здравство. Имајќи ги во предвид околностите, некои сервиси може да бидат затворени или да имаат прилагодено работно време. Замолуваме контактирајте го вашиот сервис за да ја проверите достапноста пред да тргнете на пат.
Внимавајте на себе и на вашите блиски.
Тимот на Автонова

ОСТАНУВАМЕ ДОСТАПНИ

Пронајдете ги контакт податоците за сервисите на Citroën кои се во близина на вашиот дом.

Large-photo1_555x318

ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШИОТ CITROËN СЕРВИС

 

Контактирајте нѐ online користејќи ја контакт формата. 

Large-photo2_555x318

КОНТАКТИРАЈТЕ СО СЕРВИС 

 

 Закaжете термин online по проверка на работното време во вашиот Citroën сервис.

Large-photo3_555x318

ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН ONLINE

 

ОСТАНУВАМЕ НА ВАША СТРАНА

Large-photo4_555x318
Услугата Citroën Assistance помош на пат која важи за сите возила купени од 01.01.2019 и е валидна во текот на првите 2 години, во времетраење на Комерцијалната гаранција на вашето Citroën возило и во услови на вонредна сотојба сè уште функционира. Во случај на дефект, замолуваме контактирајте Citroën Assistance помош на пат во Македонија: 080 080 477.

ОДГОВАРАМЕ НА ВАШИТЕ ПРАШАЊА

1. Доколку задоцнам со проверка на моето возило за неговото задолжително одржување, дали ќе ја задржам гаранцијата?
Да. Замолуваме контактирајте го вашиот Citroën сервис за повеќе детали.

2. Имам закажано интервенција на моето возило која не е итна, како можам да го променам терминот online?
Можете или директно да се јавите во Citroën сервисот или да го промените термиот online директно на емаил пораката со која сте добиле потврда дека ви е закажан првичниот термин.

 

3. Кој тип на интервенции може да се изведуваат во мојот сервис за време на вонредната состојба?
Сите. Можеме да правиме сите вообичаени интервенции (одржување, поправка…). Додека трае вонредната состојба, сепак, ќе дадеме приоритет на ургентните интервенции.

 

4. Дали сервисите се отворени за сите клиенти?
Да. Ќе се грижиме за вашето возило, без разлика дали сте правно или физичко лице.

 

5. Моето возило е дел од recall кампања. Дали треба да одам во мојот сервис?
Да. Вашата безбедност е наш приоритет.

 

6. Дали Citroën Assistance помош на пат сѐ уште е во функција?
Да, оваа услуга функционира. Citroën Assistance е нова услуга од Citroën за бесплатна помош на пат која важи за сите возила купени од 01.01.2019. Citroën Assistance – помош на пат е валидна во текот на првите 2 години, во времетраење на Комерцијалната гаранција на вашето Citroën возило. Во случај на потреба јавете се на 080 080 477.
Во случај на транспорт на возилото поради дефект кој се случил на:

– оддалеченост помала од 100 km од вашата домашна адреса, вашето возило ќе биде транспортирано до најблискиот овластен сервис. Во случај поправката на возилото да трае подолго од еден ден, ќе ви биде понудена соодветно решение за мобилност (максимум 4 дена).

– оддалеченост поголема од 100 km, имате право на заменско возило за продолжување на патувањето или локално сместување во хотел (со 3 ѕвезди најмногу 4 ноќи), или враќање дома со воз или авион.

 

7. Дали сервисите навистина може да примаат клиенти?
Сервисите може да работата според регулативата и препораките пропишани од воведувањето на вонредната состојба прогласена на 18.03.2020 година од страна на Владата на Северна Македонија, а во врска со преземањето на различни мерки за справување со вирусот COVID-19. Ова им овозможува на сите да осигураат безбедно користење на возилата за професионално или приватно користење.