May 2, 2023

CITROËN НАЈАВИ НОВА ОПЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР И НОВА БАТЕРИЈА КАЈ ë-C4 и ë-C4 X СО ПОГОЛЕМ ОПСЕГ И ДО 420 KM

  • Како клучен играч во електрификацијата на сегментот C со двојна понуда, ë-C4 и ë-C4 X, Citroën најави нова комбинација на електричен мотор/батерија на овие два модели.
  • Оваа нова понуда, која комбинира нов електричен мотор од 115 kW (156 КС ) со нова батерија од 54 kWh со подобрена енергетска густина, нуди зголемено задоволство при возењето и продолжен опсег до 420 km во циклусот
  • Првично ќе биде достапна во ниво на опременост Shine, оваа нова понуда ја надополнува сегашната верзија од 100 kW (136 КС ) со опсег до 360 km и е дел од целта за подобрување во возењето.
  • Можноста за нарачка и достапноста на новите опции за нашиот пазар ќе бидат дополнително објавени во наредниот период.

Citroën го засилува темпото и ја зајакнува својата позиција со пристигнувањето на дополнителна понуда во гамите на ë-C4 и ë-C4 X, со помоќен мотор и продолжен работен опсег и до 420 km. Со усвојувањето на новата комбинација на мотори и батерии за овие два модели, Citroën е единствената марка која нуди две дополнителни електрични возила во сегментот C.

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПОНУДАТА ЗА С-СЕГМЕНТОТ

Citroën најавува нова опција за ë-C4 и ë-C4 X со нова погонска единица со врвни перформанси што може да понуди автономија до 420 km според циклусот WLTP. Ова зголемување на опсегот од речиси 17% во споредба со првата генерација се заснова на комбинацијата на нова батерија со напредна технологија овозможувајќи капацитет од 54 kWh и нов поефикасен и помоќен мотор кој развива 115 kW (136 КС ). Ова му дава на клиентот пвеќе разновидност и погодност.

Првично достапна само во нивото на опременост Shine, оваа нова понуда на ë-C4 и ë-C4 X ќе ја надополнува сегашната електрична гама, која комбинира мотор од 100 kW (136 КС ) со батерија од 50 kW за опсег до 360 km. Оттука, гамата добива посилно зголемување на опсегот и прогресивен пристап до електричната мобилност.

Овие два комплементарни електрични погонски агрегати се во срцето на стратегијата за електрификација на Citroën, која има за цел да ја направи транзицијата кон електрични возила поедноставна и без проблеми. Тие ја делат истата филозофија на разумен избор на големина на батеријата и капацитетот за брзо полнење од 100 kW, фаворизирајќи го конкурентното позиционирање на цената, а истовремено нудат голема разновидност при користењето.

Со ова ново електрично возило, Citroën ќе ја зајакне својата привлечност во делот на седани во C-сегментот и очигледно се позиционира како главен играч на пазарот.

Нудејќи силен карактер, неспоредливо искуство во кабината и низа ефикасни електрични мотори и погонски единици со внатрешно согорување, C4 и C4 X претставуваат високо конкурентна клучна понуда на пазарот. Оваа привлечност се рефлектира во бројот на нарачки и регистрации. Во Европа, ë-C4 е рангиран на 5- то  место во сегментот на компактните електрични седани, а бензинскиот C4 е на 3- то во својата категорија.

НОВА ОПЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР со фокус на ефикасноста

Ë-C4 и ë-C4 X ќе нудат нов електричен мотор и нова батерија со зголемен опсег, овозможувајќи да ја надмине симболичната вредност од 400 km (во комбинираниот циклус WLTP). Моторот и батеријата на овој нов електричен погон се дизајнирани да бидат поефикасни и да ги користат големите технолошки достигнувања.

Мотор: хибриден синхронизиран електричен мотор (HSM) од 115 kW или 156 КС , кој го заменува синхронизираниот електричен мотор со траен магнет. Произведува дополнителни 15 kW (20 КС ), одржувајќи високо ниво на ефикасност. Овој мотор е способен да развие 260 Nm вртежен момент кој е веднаш достапен, обезбедувајќи моментална реакција и задоволство при возењето.

Батерија: нова батерија од 54 kWh, 4 kWh повеќе од сегашната електрична понуда. Компактна и со течна топлинска регулација и топлинска пумпа како стандард за брзо полнење, има различен хемиски состав и се состои од 102 ќелии и 17 модули. Наместо 60% никел, 20% манган и 20% кобалт, оваа високонапонска литиум-јонска батерија има повисок сооднос на никел (80% никел, 10% манган и 10% кобалт), што резултира со подобрена енергетска густина и подолг век на батеријата .

Сите овие составни делови допринесуваат на работниот опсег, кој е зголемен за 17% во споредба со постоечката електрична понуда и е дополнително зголемен до 420 km (според комбиниран циклус WLTP), и енергетската ефикасност, што ја намалува просечната потрошувачка на енергија на 12 kW/h. Покрај зголемувањето на опсегот за работа, има значителни придобивки во реалната употреба на клиентите, што во пракса значи дополнителни +30 km во урбани сообраќајни услови дури и на температури блиску до 0°C.

Ефикасноста на електричниот мотор, неговата батерија и неговата способност за регенирање на енергијата придонесуваат за зголемување на опсегот на работа. Сепак, оваа ефикасност се постигнува и преку дизајнот на C4 и C4 X:

  • Компактната големина на батеријата значи помала тежина, а резултатот е помала потрошувачка.
  • Оптимизирано време на полнење благодарение на способноста за DC полнење со помош на брзо полнење од 100 kW.
  • Стандардни карактеристики како што е топлинската пумпа, која користи сензор за влажност за да ја максимира енергетската ефикасност на греењето и ладењето.
  • 18-“ „A+“ гуми го намалуваат отпорот на тркалање и ја минимизираат загубата на енергија преку триење.
  • Силуетата C4 X, која беспрекорно се влева во задната врата, има чиста, динамична линија на покривот во профилот што ја оптимизира аеродинамиката.

И покрај зголемениот капацитет на батеријата, времето на полнење не се зголемува, со што се гарантира удобност при користење. Со овој нов електричен мотор за ë-C4 и ë-C4 X, ќе бидат достапни два типа на вградени полначи, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење: еднофазен полнач од 7,4 kW како стандард и како опција, три -фазен полнач од 11 kW. Дополнително, ë-C4 и ë-C4 X се компатибилни со брзо полнење: со користење на јавна станица од 100 kW, можно е полнење од 20% до 80% за помалку од 30 минути.

ДОСТАПНА, ЕДНОСТАВНА И СМИРЕНА ЕЛЕКТРИЧНА МОБИЛНОСТ

Одговарајќи на секојдневната употреба, актуелната електрична понуда на ë-C4 и ë-C4 X ќе овозможи да се предложи достапно и релевантно решение за електрична мобилност за сите видови патувања.

Сега се заснова на 2 електрични понуди кои се интегрирани во надградбата на опсегот:

  • кај нивоата опременост Live, Feel и Feel Pack: мотор од 100 kW (136 КС ) во комбинација со батерија од 50 kWh со опсег до 360 km. Тоа е одличен компромис со контролиран буџет и можност за покривање на сите патувања без стрес.
  • кај нивото на опременост Shine, помоќен и поефикасен мотор од 115 kW (156 КС) и батерија од 54 kWh со нов хемиски состав, овозможуваат оваа електрична понуда да обезбеди уште поголемо задоволство при возењето, опсег и разновидност.

Со новата електрична понуда, концептот ë-comfort на Citroën ќе ги исполни своите ветувања:

  • Непречено возење, без вибрации, бучава од моторот или чад, нагласено со комфор во возилото Advanced Comfort со потпис од Citroën, вклучувајќи иновативен, мек систем на потпирање и удобни седишта.
  • Непречено и пријатно возење без потреба од менување брзини,
  • Активно возење благодарение на 260 Nm веднаш достапни вртежен момент,
  • Електрично возење со нула емисија на CO2 и без миризба за слободно и неограничено возење во сите области со сообраќајни ограничувања.

Во зависност од нивоата на опременост, новите Citroën ë-C4 и ë-C4 X 115 kW (156 КС) / 54 kWh батерија ќе нудат опсег од 415 до 421 km (WLTP циклус).