April 15, 2014

CITROËN на WTCC од проект до реализација

Citroën ја започна првата сезона од World Touring Car Championship. По стотици часови посветени на дизајнот, изработката и развојот, по илјадници километри на тестирања, дојде вистинскиот момент! Погледајте го видеото да го запознаете тимот кој постана репер во рели натпреварите и го прифати новиот предизвик да започне од почеток да научи да ги совлада сите тајни од трките.

Ќе ве одведеме зад сцената за да сфатите како, по неколку месеци, проектот наречен  M43 WTCC созреа и го создаде Citroën C-Elysée WTCC.

 

 

 

За да го проследите текстот на македонски јазик, кликнете на делот во видеото наменет за „Captions“.

Запознајте ги одблизу возачите ги штитат боите на Citroën во оваа нова авантура.

Себастијан Лоеб, несомнено, кој го прифати најавантуристичкиот предизвик во историјата на мото спортовите по освоените девет титули на WRC. Јардстик, Иван Милер, четирикратен WTCC светски шампион, исто така го прифати најголемиот предизвик и се приклучи во тимот кој е дебитант во racing натпреварите. Потоа во тимот е и аргентинецот Хозе Марија  Лопез, познат по прекарот ‘Пекито’, и Ma Qing Hua од Кина кои го сочинуваат најдобриот тим  кој ќе ги брани  боите на францускиот производител на светскиот шампионат.

За да ја сфатите природата на овој нов предизвик, треба да се вратиме неколку години наназад. Citroën отсекогаш имал чувство за авантура и за спортски предизвици за да ја изрази својата креативност и да ја докаже својата умешност во технологијата. Од DS до DS3 WRC Citroën остави впечаток во историјата на модерни мотори за повеќе од половина век. Резултатите на францускиот производител се  богати со пет светски титули во Cross Country Rallies и четири победи на Дакар за ZX Grand Raids управуван од Ари Ватанен и Пјер Лартиг. Во историјата на Citroën Racing се запишани 93 победи на WRC и осум светски рели титули за десет години. Еден по друг Xsara, C4 и DS3 WRC им овозможија на Себастијан Лоеб и Даниел Елена да ги надминат сите рекорди во спортот. Кога најнаградуваниот возач во историјата на мото спортовите одлучи да започне нова страница, тогаш е вистинскиот момент за ангажирање во нови предизвици.

 

– Се најдовме самите во ситуација кога Citroën доминира и победува на WRC со осум титули на светски шампион и девет круни за возачи за Лоеб,така што дојде моментот кога мораше да се почне со размислување за нешто друго. Мотор спорт е вистинска лабораторија, која испорачува технички доказ за корисноста и употребливоста на нашите производи, аспект кој е заеднички и доминантен за нашите возила. Во 2012 идејата за влез во WTCC почна да постанува стварност. Поседува бројни позитивни страни со спектакуларни лесно разбирливи трки кои се како скроени за телевизија. Светскиот календар е пополнет со 12 натпревари на пет континенти. Благодарение на однапред осмислените правила чинењето на програмата е сеуште разумно за производителите и за приватните тимови. Проектот беше најавен за крајот на септември за време на Саемот на автомобили во Париз.

 

Мото спортот одигра најважна улога во трансформацијата на имиџот на Citroën како вистинска технолошка лабораторија.

Возилата кои ќе учествуваат во WTCC треба да произлезат од патнички возила со четри или пет врати. Citroën можеше да избира меѓу повеќе модели од својата гама. Се одлучи за C-Elysée, едно од водечките возила кои бележат светска експанзија. C-Elysée познава голем успех со висок пораст на светските пазари како на пример Јужна Америка, земјите околу Средоземното море, Кина и Русија. Токму на овие пазари поминуваат патеките на WTCC така што изборот беше повеќе од очигледен. – C-Elysée е вистинското возило за нашиот влез во WTCC од две причини:

првата затоа што е многу важно возило за наша меѓународна експанзија, особено во Кина; а две трки се одржуваат во Кина и плус настаните во Мароко и Русија. Така, постои вистинска поврзаност на нашата меѓународна стратегија и изборот на C-Elysée.

Втората причина е техничка затоа што има повеќе предности за триволуменско возило на патеките. Се е поставено на вистинското место. C-Elysée поседува уште една техничка предност која е навистина значајна, а тоа е неговата маса. Станува збор за лесно сериско возило кое е одлично за трки, и има можности за вградување на сите елементи потребни за racing верзија релативно едноставно.

 

Сезоната 2014 World Touring Car Championship започна во Маракеш. Од првата нацрт скица на M43 WTCC проектот до првата трка сите мажи и жени во Citroën Racing завршија одлична работа.

Но ова не е крај на приказната, односно сосема спротивното. На Иван Мулер, себастијан Лоеб и Хозе Марија Лопез набрзо ќе им се приклучи и Ma Qing Hua и ќе се борат со ривалите кои се исто така одлучни и посакуваат победа.

Ви закажуваме средба во Макао за седум месеци со резултати од ова ново поглавје во историјата на Citroën Racing.