Citroën на Саемот во Женева

На Саемот на автомобили во Женева, CITROËN започнува офанзива со понуда на две светски премиери, вистински доказ за позиционирањето на гамата CITROËN : CITROËN C4 CACTUS и новиот CITROËN C1. Линијата DS, со своите 420 000 продадени возила од нивното комерцијализирање во 2010, се наметнува како достојна алтернатива на традиционалните премиум марки и го следи својот раст и развој, особено на светскиот пазар со DS 5LS.
CITROËN на саемот на автомобили во Женева претставува:
– Две светски премиери кои се одраз на виорот во кој се нурна CITROËN со понуда на модели со јасно позиционирање: повеќе дизајн, поголем комфор, повеќе корисна технологија и сето тоа со разумен буџет. Ексклузивен новитет: CITROËN C4 CACTUS. Вистинска алтернатива на компактните берлини која воведува нови стандарди во светот на новите автомобили. А CITROËN ги надминува сите бариери и нуди оригинална и вчудоневидувачка интерпретација на својот најнов модел, концептот C4 CACTUS Aventure. CITROËN премиерно претставува и редизајн на својот водечки модел, новиот CITROËN C1. Прекрасно и ослободено од секакви предрасуди, ова ново градско воизло, се нуди во верзија со 3 врати и 5 врати, како и со нов изглед со подвижен покрив, нарачен Airscape. Марката премиерно прикажа и уникатна верзија на CITROËN C5. Станува збор за верзијата CrossTourer, модел кој достоинствено го носи потпирањето Hydractive III+, ексклузивитет на марката. Исто така на Саемот во Женева, CITROËN ги изложува и новите CITROËN C4 Picasso и Grand C4 Picasso, со остварени повеќе од 72 000 нарачки.
– Линијата DS се позиционира како најсоодветна алтернатива на традиционалните премиум марки и непречено и внимателно го следи својот раст и развој особено на светскиот пазар со комерцијализирање на DS 5LS, берлина од високата гама, моќна и елегантна, произведена во фабриката Шензен, во Кина. Ексклузивност и елеганција се препознаваат и кај новото на опременост Faubourg Addict кое се нуди кај моделите CITROËN DS3, DS3 Cabrio, DS4 и DS5. Авантуристичкиот и бестрашен дух на линијата DS е инкарниран во моделот DS3 Cabrio Racing, спортска верзија која ги спојува предностите на DS3 Racing со желбата да се патува под отворено небо. Линијата DS се збогатува со нови можности на персонализација со понуда на двобоен покрив, во опционал, кај CITROËN DS4. Што се однесува пак на CITROËN DS5, може да се гордее со новите мотори BlueHDi како и новото поврзување со подлогата.
Технолошка офанзива е најавена со новите мотори кои се спој на уживање во возењето со моќност и новите еко стандарди Euro6. Кај бензинските верзии, CITROËN премиерно вградува мотор PureTech Turbo и тоа кај CITROËN C4 e-THP 130, со намалување на потрошувачката на гориво за 23% и емисијата на CO2 во споредба со претходната генерација. Кај дизел верзиите, CITROËN ги нуди новите мотори BlueHDi кои се спој на најефикасна технологија за обработка на NOx со непречено намалување на емисија на CO2. Оваа технологија е дел од повеќе мотори и модели на марката меѓу кои се вбројуваат DS5 BlueHDi 120 (102g/km CO2) и DS5 BlueHDi 180 (114g/km CO2)или пакC4 CACTUS BlueHDi 100 (82 g/km CO2). Технолошката офанзива на CITROËN се докажува и со новиот спортски предизвик со презентација на CITROËN C-Elysée WTCC кој ќе се појави на стартната линија на почетокот на Светскиот шампионат FIA за патнички возила кој ќе започне на 5 април оваа година во Маракеш, Мароко. Нов спортски предизвик за марката носител на 8 титули за Светски шампион за производители на рели WRC.