October 2, 2018

CITROËN НА ПАРАДАТА ПО ПОВОД 120-ГОДИШНИНАТА ОД ПАРИСКИОТ АВТОМОБИЛСКИ САЕМ

CITROËN НА ПАРАДАТА ПО ПОВОД 120-ГОДИШНИНАТА ОД ПАРИСКИОТ АВТОМОБИЛСКИ САЕМ

Вчера во Париз, по повод историската парада за прославување на 120-годишнината на „ParisMotorShow“, која почна од La plaza de la Concordia, Citroën изложи 25 автентични модели од својата историја, од првиот тип А од 1919 година до новиот C5 Aircross SUV од 2018 година, преку TractionAvant, 2CV, Ami 6, Méhari, SM, CX, и други. Изложените историски модели од колекционери и од конзерваторскиот музеј на марката беа само најава за јубилејните прослави за 1 век Citroën наредната година.

По повод 120-годишнината, „Paris MotorShow“ вчера организираше извонредна историска парада низ улиците на Париз. Од 10 часот во La plaza de la Concordia, беа прикажани повеќе од 230 историски возила. Од 13 часот, овие возила ја започнаа својата парада од Place de la Concorde, минувајќи низ некои од најпознатите локации во главниот град, како што се la Placedes Invalides, lequai Branly и les Champs-Elysées.

Од сите овие модели, Citroën издвои 25 автентични модели од својата историја, од првиот тип А од 1919 година до новиот C5 Aircross SUV од 2018 година, особено преку TractionAvant, 2CV, Ami 6, Méhari и дури U23 coach! 25те модели на Citroën парадираа по хронолошки редослед, од најстарите до најновите:

  1. CitroënType A Torpédo од 1919
  2. Citroën C3 5 HP Trèfle од 1924
  3. Citroën C4 Torpédo од 1934
  4. Citroën Rosalie NH од 1936
  5. Citroën Traction Avant 7C од 1937
  6. Citroën Autocar U23 од 1947
  7. Citroën Type H од 1952
  8. Citroën Traction Avant 15-6 H од 1954
  9. Citroën DS 19 cabriolet од 1961
  10. Citroën Ami 6 од 1965
  11. Citroën DS 21 Pallas од 1967
  12. Citroën SM од 1972
  13. Citroën DS 20 Pallas од 1973
  14. Citroën GS X2 од 1976
  15. Citroën Méhari од 1979
  16. Citroën CX 2000 од 1979
  17. Citroën 2 CV 6 Spécial E од 1983
  18. Citroën BX 16 soupapes од 1991
  19. Citroën XM Exclusive од 1998
  20. Citroën Xsara Picasso ” Le robot ” од 1999
  21. Citroën C6 од 2006
  22. Citroën C5 од 2008
  23. Citroën C4 Cactus од 2014
  24. Citroën C3 Aircross од 2017
  25. Citroën C5 Aircross од 2018

Овој несекојдневен настан, примами ентузијастите и вљубеници во историјата на моторните возила, а воедно даде јасна најава за она што ќе следи по повод 100-годишнината на Citroën во 2019 година.