May 16, 2023

CITROËN MEHARI: 55 ГОДИНИ И СÈ УШТЕ ИНСПИРИРА

  • Citroën слави 55-години од претставувањето на Mehari, на 16 мај 1968 година, на теренот за голф Довил. Помеѓу 1968 и 1987 година, се произведени 144.953 примероци, главно во фабриката на Citroën во Forest, Белгија.
  •  Ова нетипично возило за сите терени и сите сезони заведе цела генерација со својата модуларност, практичност и економски придобивки.
  •  Mehari стана симбол на Citroën, како на глобално ниво во автомобилскиот свет, така и и во различни средини како што се француската армија и филм.
  •  Mehari сподели карактеристичен став ориентиран кон разонода со Citroën C3 Pluriel, кој наскоро ќе ја прослави својата 20-годишнина, а од неодамна и со My Ami Buggy, кој наскоро ќе се најде на пазарот со најновото издание.

Poissy, 16 мај 2023 година – На 16 мај 1968 година, пред 55 години, во срцето на протестното движење на француските студенти, Citroën го откри своето ново возило на теренот за голф во Deauville: Mehari. Атипична понуда за pick-up од 28 до 32 КС, со пластично тело ABS (акрилонитрил бутадиен стирен), дизајнирано од Roland de La Poype. Изграден на платформа на Dyane 6, на откривањето бил претставен со името Dyane 6 Mehari. Се произведувал речиси 20 години, помеѓу 1968 и 1987 година, биле направени 144.953 примероци (вклучително и 1.213 4×4 Mehari), правејќи изненадувачки успех за ова необично возило. Mehari бил произведуван, најмногу во фабриката на Citroën во Forest, Белгија, но и во седум други фабрики во Франција, Шпанија и Португалија .

2174031-valyylq0uo

ВОЗИЛО ЗА СИТЕ ТЕРЕНИ И ЗА СИТЕ СЕЗОНИ

Името на Mehari доаѓа од називот mehaри кое се користи во Северна Африка и во Сахара за посебен тип на камили. Овие животни се познати по нивната способност надвор од патот, нивната отпорност и трезвеност. Мехари може да превезува и стока и патници на долги растојанија. Затоа ова име е многу претставително за моделот Citroën Mehari, познат по прилагодувањето на сите терени. Тоа е возило со многу капацитети.

Однадвор, Mehari навистина не се чини дека е погоден за сите сезони, бидејќи повеќе личи на мал кабриолет што се користи за време на летните одмори. Благодарение на зимската покривка, автомобилот е целосно запечатен, што овозможува да се користи преку целата година.

2174010-nn2u6waqhp

ПРАТИЧЕН, МОДУЛАРЕН И ЕКОНОМИЧЕН

Mehari е многу модуларен, бидејќи може да трансформира дел од својот под во потпирач за грб, што му овозможува да додаде две седишта на задниот дел и на тој начин да прими до 4 патници. Може да се користи во многу различни ситуации, носејќи различни товари и разумен број патници.

Каросеријата на автомобилот е составена од само 11 делови што едноставно се  поправаат и може да се исчисти со едно пуштање вода и одвнатре и однадвор. Ова го прави автомобилот едноставен за одржување и економичен за неговите клиенти.

Вистински спомен од детството за цела генерација, овој нетипичен, модуларен и економичен концепт дизајниран со современи материјали за тоа време и иновативна каросерија стана вистинска автомобилска икона низ годините.

2174013-ey6nm3ta1y

ТРИ ЛЕГЕНДАРНИ ВЕРЗИИ

Иако се произведувал скоро 20 години, Mehari има само три различни верзии, вклучувајќи и две ограничени изданија. Во 1983 година се претставени две специјални изданија. Прво Mehari Plage, со својот празничен изглед и светкава жолта боја, кој се продавал во Шпанија и во Португалија. И, во април 1983 година, Méhari Azur бил претставен на францускиот, италијанскиот и португалскиот пазар во само 700 примероци. Во 1979 година, Citroën воведува нова варијанта во верзија 4×4, која понудила слобода која е речиси неспоредлива дури и денес.

2174019-n3roibrk4b

ПОСЕБНО РАЗЛИЧНА КАРИЕРА

Mehari е возило од особен интерес за јавната администрација како што се полицијата, царината, како и за аеродромите, тркачките патеки и многу други, но и за пазарџиите, занаетчиите и физичките лица.

Имал можност за долга кариера во француската армија, која нарачала вкупно 11.457 Mehari меѓу 1972 и 1987 година.

Mehari 4×4 имал кариера во медицинската помош на патиштата низ светот. Учествувал на релито Париз-Дакар во 1980 година, кога биле изнајмени десет Mehari 4×4 за да пружат медицинска помош на патеката. Конечно, Mehari имаа одлична кинематографска кариера, особено благодарение на познатиот филм Le gendarme de Saint Tropez со Louis de Funès.

2174022-tl3thi0v0v