CITROËN ЛАНСИРА НОВ МОДЕЛ НА ОЧИЛА ПРОТИВ МАЧНИНА ПРИ ВОЗЕЊЕТО : SEETROËN S19

Лансирањето на новите очила Seetroën во Јули 2018 не помина незабележано: повеќе од 20 милиони прегледи на веб страната и 15 000 продадени парчиња во период од неколку месеци.
Како и првиот модел на очила, така и моделот SEETROËN S19 се резултат на работата со start-up Boarding Ring и студиото за дизајн 5.5. Новите, попаметни очила се проѕирни со сина течност која преобразува линија на хоризонтот преку која се наоѓа решение за конфликтот на сетилата.
Двата модели на очила Seetroën можат да бидат користени од страна на возрасни како и деца постари од 10 година (кај кои внатрешното уво веќе е оформено). Наочарите немаат стакло, па затоа можат да ги носат и други членови на фамилијата како и придружници при самото патување. Доволно е да се носат во период од 10 до 12 минути при појава на првите симптоми.
SEETROËN S19 претставува ограничена серија, произведена во само 1919 примерока, во чест на стогодишнината на марката. Артиклот се наоѓа во пред продажба од 15 мај, додека испораката е за почетокот на јули.
Двата модели на SEETROËN се наоѓаат во продажба по цена од 99 евра на life style boutique на самиот бренд , lifestyle.citroen.com, наменет за следните земји: Франција, Португалија, земјите на Бенелукс, Шпанија, Италија, Австрија, Германија, Обединетото Кралство, Ирска и Полска. Останатите земји истите можат да ги нарачаат преку веб страната на Citroën Racing.