December 27, 2019

CITROËN ЈА ЗАОКРУЖУВА СВОЈАТА СТОГОДИШНИНА СО НОВО ИЗДАНИЕ НА ФИЛМОТ ЗА МАРКАТА, ГЛЕДАЈЌИ КОН ЕЛЕКТРИЧНАТА ИДНИНА!

Citroën го заокружува славењето на стогодишнината со последниот дел од кампањата за марката „ автостопер “. Филмот го вклучува новиот C5 Aircross SUV Hybrid и започнува со силна порака: ,,Веќе 100 години Citroën овозможува автомобилот да биде достапен за сите. Во 2020 година, Citroën ќе овозможи електричниот погон да биде достапен за сите".

Стогодишнината на Citroën ја одбележа 2019. 100 години смелост и креативност изразени преку моделите кои со иста мера се и легендарни и популарни (2CV, Type H, Méhari, итн.), како и преку кампањите на Jacques Séguéla. Поглавја за историјата на Citroën претставени во филмот за марката ,,автостопер” на почетокот на 2018 во првата епизода, по која следува втората епизода на крајот од 2018 (со DS, Sébastien Loeb, Jacques Séguéla итн.) и потоа третата во февруари 2019 (со Ami One Concept).

Со завршувањето на 2019 година, Citroën се навраќа со четвртиот и воедно последен дел, во форма на големо финале. Во него, повторно наидуваме на автостоперот кој патува низ времето…стигнувајќи до последното откритие на марката: новиот C5 AIRCROSS SUV Hybrid. Се работи за прво ТВ појавување на моделот кој беше откриен на 6ти ноември и кој е достапен за нарачка во еврпските земји.

Со првиот хибрид на напојување од марката, Citroën ја започнува својата електрична офанзива и овозможи филмот да пренесе силна порака: ,,Веќе 100 години Citroën овозможува автомобилот да биде достапен за сите. Во 2020 година, Citroën ќе овозможи електричниот погон да биде достапен за сите”.