CITROËN ЈА ПРЕТСТАВУВА ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BERLINGO: СО КАРАКТЕРОТ НА CITROËN НО ПОИНТЕЛИГЕНТНО ВО ДЕЛОТ НА ПРАКТИЧНОСТ И УДОБНОСТ

Креаторот на сегментот за повеќенаменски возила во 1996, Citroën, денес го претставува новото Berlingo. Третата генерација од моделот која ја продолжува сагата за оригинално, едноставно и функционално возило, кое усовршувајќи се низ децениите постана репер во « практична смисла », партнер на семејството во секојдневните патувања.
Новото Berlingo еволуира во духот на најновите модели на марката. Се истакнува со својот модерен дизајн и оптималната удобност за зајакнување на иновативниот дух и практичност кои го одбележаат успехот на овој модел, досега продаден во над 1,7 милиони примероци. Го прифаќа идентитетот на Citroën но и нов изглед кој оддава впечаток на издржливост и благопријатност. Новото Berlingo ги има усовршено сите адути во делот на модуларност на патнички простор со единствена цел да ви го поедностави секојдневниот живот (назад три независни седишта 3 кои се преклопуваат и создаваат рамна подлога сè до совозачкото седиште напред кое исто така се преклопува и се ослободува товарна должина од 2,70m, и дополнителни 100l во багажниот простор). Во духот на новото време, со нова платформа и 19 технологии за помош во возењето и 4 технологии за поврзаност, како и мотори од најнова генерација од кои вреди да се истакнат се новиот Diesel 1.5 BlueHDi, бензинецот 1.2 PureTech, како и автоматскиот менувач EAT8. Достапен во две верзии M и XL со должина од 4,40m и 4,75m – 5 и 7 седишта, новото Citroën Berlingo ќе биде премиерно претставено на саемот на автомобили во Женева во втората половина од 2018.