October 8, 2020

CITROËN ИЗНЕНАДИ НА „МИЛАНО- ГРАД НА ДИЗАЈНОТ“ СО „TIME TO BE MY AMI”

  • Citroën e вистинско изненадување на „Милано град на дизајнот“ со поставката „TIME TO BE MY AMI”, импресивно доживување за откривање на Ami -100% ëlectric, иновативен, предмет на урбаната мобилност, достапен за сите.
  • Исклучителна поставка, изведена во соработка со одделот за стил на Citroën, поставувајќи дизајнерски предмети во XXL големина на централната сцена на разигран начин, во контраст со ултра-компактните димензии на Ami – 100% ëlectric.
  • Се одржува до 11. октомври во Via Tortona 31 Milano, Spazio Quattrocento

Citroën учествува на Milano Design City, настан посветен на културата за дизајн и иновација, со специфичен фокус на реконфигурација на урбаните простори, одржливоста и циркуларната економија. Овој глобално значаен настан претставува моќна привлечност за целиот дизајнерски свет.

Ami -100% electric е практичен одговор на новите очекувања во мобилноста. Одново ги поставува правилата со неговата компактна големина, неговиот уникатен дизајн и нов графички пристап, создавајќи чуство на изненадување и моментна поврзаност.

НАСТАН ДИЗАЈНИРАН СО ПОМОШ НА ОДДЕЛОТ ЗА СТИЛ НА CITROËN

„TIME TO BE MY AMI“ е дизајниран во соработка со Одделот за стил на Citroën, со седиште во Париз, како импресивно доживување во светот на Ami – 100% ëlectric. Всушност, публиката е поканета преку производи за широка потрошувачка инспирирани од стилот на Ami – 100% ëlectric да ги открие значајните карактеристики на овој револуционерен урбан предмет на мобилноста, нудејќи иновација, достапност и леснотија при користење.

Посетителите можеа да видат Ami – 100% electric во природна големина, сместен во XXL кутија за минијатури. Извонреден контрастот меѓу предимензионираната кутија за моделот и Ami – 100% electric  кој одвнатре го претставува сиот потенцијал за револуцинерна урбана мобилност.

Беше поставен огромен стандарден електричен приклучок од 220V кој едноставно покажува дека Ami може да се полни за 3 часа на стандарден приклучок. Кабелот пак претставува патека која се претвора во удобна софа за релаксација, за да се нагласи типичниот комфор на Citroën и едноставноста за нарачка на Ami од софа.

Посетителите се поканети да ги откријат карактеристиките на Ami на 6 панели, наизменично со екрени, на кои се појавува слоганот „TIME TO BE”(време е да се биде):
МАЛ, совршен за урбана мобилност благодарение на ултра –компактната големина,
ЕЛЕКТРИЧЕН, достапен дури и без возачка дозвола,
СЛОБОДЕН, со различни формули благодарение на конкурентните понуди,
ЕДНОСТАВЕН, со опсег од 75 km, лесно полнење за 3 часа со употреба на стандарден електричен приклучок,
ТИ, благодарение на опциите за персонализација,
AMI, со 100% online потрошувачко искуство.