CITROËN и DS на Меѓународниот саем за автомобили во Белград

Меѓународниот саем на автомобили во Белград 2015 претставува значаен момент за Automobiles Citroën. Ова е можност за голема афирмација на амбициите на марките Citroën и DS на српскиот пазар преставувани од Автонова.
Автонова, долгогодишниот партнер на Automobiles Citroën во Македонија и Косово, од 2014 година е регионален, ексклузивен увозник за CITROËN и DS и за пазарите на Србија и Црна Гора .
На Саемот во Белград 2015 за прв пат Автонова ги претставува одвоено CITROËN и DS како независни марки на два посебни штанда на централна позиција во хала 1. Во хала 4 пак на одвоен штанд е изложена гамата на комерцијани возила Citroën.
Citroën е марка со иновативен дизајн, модерна технологија, ефикасни мотори и контролирани трошоци за одржување. На Саемот во Белград оваа своја определба Citroën ја потврдува со претставување на неколку новитети и премиери.
Нов Citroën C4 Cactus
Citroën C4 Cactus е автомобил кој ги одговара прашањата на денешницата. Тој комбинира иновативен дизајн со корисни технологии и од неговото појавување на пазарите низ светот до денес веќе освои над 20 меѓународни награди. Најновото признание е Автомобилски Оскар за автомобил на годината 2015 во Србија доделена токму за време на Саемот од страна на стручното жири.
Нов Citroën C1
Овој нов урбан автомобил се нуди во верзија со 3 врати и 5 врати, како и со нов изглед со подвижен покрив, нарачен Airscape. Citroën C1 нуди повеќе дизајн со енергичен и разигран изглед и прониклив поглед благодарение на изработката на неговите светла. Двобојните верзии и обоени ентериери го истакнуваат неговиот ентузијастички карактер полн со живот.Со својот оригинален стил и неодоллива « фигура » ве привлекува уште на прв поглед; Повеќе комфор во секојдневието: со компактни димензии (само 3,46 м), за поголема подвижност и управливост, да се движите и протнувате насекаде. Повеќе корисна технологија за олеснување на животот: таблет осетлив на допир од 7’’, Mirror Screen за преснимување и управување со вашиот smartphone, камера за движење наназад; Разумен буџет, со маса од 840 kg со бензински мотор од најнова генерација се позиционира на највисоко ниво во сегментот според потрошувачката и емисијата на CO2.
НОВИТЕТ : Нова гама CITROËN C4
Го зацврстува својот статус на вредности помеѓу компактните берлини, лесни за управување и возење со елегантен дизајн, глобален и хомоген комфор и вистински патнички квалитети. Се истакнува и со повеќе новитети за афирмирање на неговиот карактер : нови светла напред и назад, таблет на допир 7’’, Start&Stop, Hands-free. Вистински генерациски скок сe новите ефикасни мотори PureTech и BlueHDi како и новиот автоматски менувач EAT6.
Нов CITROËN JUMPER, најдоброто од умешноста на CITROËN на располагање на бизнисмените
CITROËN Jumper е вистински комерцијален успех, продаден е во повеќе од 800 000 примероци од лансирањето. Сега се обновува и навлегува во нова ера. Новиот CITROËN Jumper е дизајниран со примена на најдоброто од знаењето и умешноста на CITROËN. Вештина целосно применета во гамата на лесни комерцијални возила со најголема понуда на пазарот составена од четири возила кои се надополнуваат но се сепак различни: Nemo, Berlingo, Jumpy и Jumper.
Новиот CITROËN Jumper целосно се интегрира во оваа гама со: модерен дизајн, комфор како репер во сегментот, технологии за поголема сигурност, докажан квалитет и контролиран буџет, повеќе од 4 милиони километри изминати на тестирање на неговата издржливост и доверба. Квалитетот е составен дел кај сите верзии на CITROËN Jumper, од затворен фургон до комби верзија, за да ги задоволи потребите на најразличните бизниси.
Марката DS
Од 2015 година марката DS се одвојува како потполно независен премиум бренд и до крајот на 2016 година сите DS модели ќе ја превземат новата предна маска – DS Wings. Париски стил, симбол за луксуз и враќање на францускиот автомобил во високата гама, DS ја истакнува својата амбиција со вредности кои се полни со желба за авантура и за совршенство. Елегантна и со високи перформанси, марката DS нуди возила со висок квалитет и со високи дизајнерски изработки.