December 16, 2022

CITROËN И ASTÉRIX: СРЕДБА НА ДВЕ ЛЕГЕНДИ НА ФРАНЦУСКАТА КУЛТУРА НА ФИЛМСКО ПЛАТНО «ASTERIX И OBELIX: СРЕДНОТО КРАЛСТВО»

 
 

  • Исклучителната соработка на Citroën со продуцентите од Pathé, Trésor Films и издавачката куќа Èditions Albert René овозможи да се создаде првата ,,концептуална кочија’’  произведена во Галија и инспирирана од митскиот модел 2CV.
  • Citroën стави на располагање флота од 10 електрични возила за време на снимањето на филмот за Asterix, прва од ваков тип за францускиот блокбастер.
  • Citroën како и универзумот на Astérix претставуваат интегрален дел од француската историја. Ова партнерство доведе до создавање на особена еволуција на новото лого на Citroën: познатите шеврони вметнати во овал со крилјата од шлемот на Asterix!

Poster

 

Poissy, 15ти декември 2022 – Citroën, Pathé, Trésor Films и издавачката куќа Èditions Albert René го објавија своето партнерство за филмот Astérix & Obélix: Средното Кралство. Во продукција на Pathé, Trésor Films и Enfants Terribles, филмот е во режија на Guillaume Canet и ќе пристигне во кино салите во Франција на 1ви февруари 2023. Набргу потоа е предвидено да го има и своето меѓународно остварување.

Ова партнерство се разликува од било кое друго што го имал Citroën. Ова партнерство вклучи дизајн и создавање на „концептуална кочија” од страна на Citroën, специјално за потребите на овој филм, нешто досега невидено за марката. Дизајнерските тимови од Citroën беа вклучени во овој проект од самиот почеток и постигнаа нешто неверојатно – дизајнираа и создадоа кочија за 3 месеци, додека времето помеѓу скицата и изведбата на концептот вообичаено е 1 година.

«Средбата помеѓу овие две легенди на француската култура не можела да биде помалку од извонредна, од почетокот постои блискост, искреност и взаемна почит помеѓу тимовите од Citroën и филмот за Asterix. Имавме неверојатна можност да ја создадеме и направиме првата „концептуална кочија” од нула, а при тоа поминавме неверојатно време работејќи на овој проект! Резултатот е ода за легендарниот 2 CV, што го претставува Citroën во полн сјај», изјави Pierre Leclercq, глобален директор за дизајн во Citroën.

Навистина, 2CV е автомобил кој е дел од француското културното наследство. Неговата силуета е препознатлива насекаде во светот. 2 CV за многу претставува француски начин на живот. Во филмот Astérix & Obélix: Средното кралство, „концептуалната кочија’’ претставува реинтерпретација на познатиот 2 CV и го претставува начинот на живот во Галија. Дизајнерските тимови во Citroën направија толкување на основните вредности на марката – комфор, технологија и смел дизајн – во стилот на Astérix. Резултатот е концептуална кочија со потпирање, сончев кров, предни светла, инспирирани од галски шлемови, со кои управуваат светулки засилени со волшебен напиток, тркала од рециклирани штитови, вклучувајќи и  шеврони.

Вложено е многу размислување во создавањето на концептуалната кочија за овиј филм. Постојат неколку секвенци во кои ова се илустрира. Секвенцата во која јунаците се подготвуваат да го напуштат своето село и да одат во Кина го прикажува обединет тим на прагот на голема авантура. Пред да заминат, Cétautomatix ја претставува кочијата на Obélix, покажувајќи му ги најновите иновации што ги внел за патувањето да помине во најдобар ред. Понатаму во филмот, кога војската на César пристигнала во Кина, на влезот во земјата се наоѓа првото рекламно пано кое го промовира најдобриот автомобил во тоа време тоа време: 2CV, неверојатна кочија направена во Галија, која ја влечат два коња. Ова е суптилна илузија на познатиот рекламен филм на Citroën снимен на Кинескиот ѕид.

Конечно, за да се истакне силата на ова партнерство, новото лого на Citroën оживува и ги краси крилјата на шлемот на Astérix за таа прилика.

ЗАД СЦЕНАТА

„Зад сцената“ е значајна компонента во ова партнерство. Citroën му обезбедил на тимот  флота од 10 целосно електрични возила за време на снимањето на филмот за Astérix: 3 ë-C4, 3 C5 Aircross Plug-in Hybrid, 2 ë-Spacetourer, 1 Ami и 1 ë-Jumpy. Citroën, исто така, помогна со покривањето на станици за полнење за тие возила на местата на снимање кај Bry-sur-Marne и Brétigny-sur-Orge.

Одржливоста беше клучен аспект во текот на снимањето на овој филм. Електричната автомобилска флота обезбедена од Citroën  беше дел од напорите на филмската екипа да допринесе за декарбонизација. Тимот соработуваше со агенцијата која имплементираше некои постапки за да се ограничи отпадот колку е можно повеќе. На пример, костимите се рециклирани и користени за други намени, картоните биле рециклирани со што е заштедено 2 тони дрва. Покрај тоа, сите дрвени сандаци биле донирани на две урбани фарми во регионот Île-de-France.

« Кај нас во Pathé, ова е прв пат да снимиме филм со толку важна електрична флота. Покрај возилата, Citroën, исто така, ни помогна да ги инсталираме станиците за полнење TOUTELECTRIX во боите на филмот Asterix. Овој начин на електрична мобилност секако беше прилагодување за многу од нас, но нашиот тим одлично доскокна на овој предизвик. Надоврзувајќи се на ова успешно искуство, уверени сме дека ќе ја повториме оваа грижа и при следните продукции.» додаде Yohann Stoll, одговорен за партнерства и спонзорства на марката, Pathé Films.

 

ПАРТНЕРСТВО КАКО НИЕДНО ДРУГО

Citroën и ликот на Astérix се познати имиња втемелени во француската култура: Citroën е производител на автомобили основан во 1919 година од страна на André Citroën, а марката ја обележала историјата на автомобилската индустрија од моделот Traction, 2CV сè до CX. Денес Citroën го трасира патот за мобилноста на иднината со некомформистичкиот модел Ami или со својот најнов концептуален автомобил, Oli. Astérix е серија француски стрипови создадени во 1959 година од сценаристот René Goscinny и францускиот илустратор Albert Uderzo во францускиот весник Pilote. Издавачката куќа Albert René Editions ги поседува и управува со правата на авантурите Astérix. Компанијата ги објавува стриповите и стои зад нови проекти на Asterix, вклучувајќи филмови и цртани филмови. До денес, тој има продадено 385 милиони примероци на 111 јазици и дијалекти низ целиот свет.

Првата адаптација на Astérix за кино била 1967 година со играниот филм Astérix le Gaulois, во режија на Ray Goossens. До ден денес, сагата Astérix брои 15 филмови и цртани филмови кои привлекоа повеќе од 25 милиони гледачи во Франција и повеќе од 70 милиони ширум светот. Со Citroën ја дели неверојатната способност за собирање на сите гледачи со нескротиливо чувство за комедија, а производителот е една од  ретките автомобилски марки кои користат необичен хумор за пренесување на своите пораки.

Конечно, долгото патување на Astérix и Obélix во Кина потсетува на мисијата на Citroën  во Централна Азија, позната и како Жолто крстарење, која се одвивала од 4 април 1931 до 12 февруари 1932 година, поврзувајќи го Бејрут со Пекинг. Станува збор за трета експедиција од ваков вид со автомобил на иницијатива на Citroën, по преминот на Сахара и Црната експедиција.

Филмот ќе се објави најпрво во кино салите во Франција на 1ви февруари 2023, по што набрзо следи и светска дистрибуција.