CITROËN ГО ТРАНСФОРМИРА ОСТРОВОТ CHALKI КОН НУЛА ЕМИСИЈА НА CO2
ИНОВАТИВНИОТ ПРИСТАП НА CITROËN КОН ОДРЖЛИВАТА МОБИЛНОСТ ПОМАГА CHALKI ДА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ПАМЕТЕН ОСТРОВ СО НУЛА ЕМИСИЈА НА CO2

- Citroën обезбедува флота од шест возила за јавните власти со цел да започне трансформацијата на островот Chalki во економија со ,, нула емисија на CO2”
- Chalki стана првиот ГРЧКИ–ЕКО остров преку иновативен пристап кон одржлива мобилност
- Citroën се залага електрификацијата и прогресот на островот Chalki да бидат достапни за секого вклучително јавните власти и жителите.
- Примери за електрични возила на островот Chalki https://youtu.be/HKyAEKJtBPk
Citroën со гордост инвестира на грчкиот остров Chalki и учествува во пионерскиот проект за трансформација на островот во зона на одржлива енергија за мобилност со нула емисија на CO2. Chalki стана лабораторија во Европа каде со неколку партнери кои се лидери во експертизата како Syngelidis Group, застапникот на Citroën во Грција, Vinci и Akuo Greece се имплементира транзиција кон зелена енергија. Ова е во согласност со вербата на Citroën дека мобилноста треба да биде достапна за секого, а воедно го прикажува иновативниот и авангарден пристап на Citroën.
«Ни претставува огромно задоволство да соработуваме со островот Chalki со овој за нас исклучителен проект. Оваа соработка е целосно во согласност со духот на Citroën, иновативна и смела марка, блиску поврзана со луѓето во нивното секојдневие и мобилност. Ние сме посветени да направиме електрификацијата да биде достапна за сите и особено сме горди што даваме свој придонес во трансформацијата на Chalki во остров кој ќе биде автономен, паметен и одржлив», изјавува Vincent Cobée, извршен директор на Citroën.
По потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу грчката влада, Citroën/Syngelidis Group, Vinci и Akuo Greece, дадено е зелено светло за трансформирање на островот Chalki во економија со „нула емисија на CO2“. Citroën и Syngelidis Group ги преземаат сите мерки за да понудат палета електрични возила кои ќе користат само обновлива енергија. Целта е овој напредок да биде достапен за сите жители и бизниси на островот.
Еден од главните предизвици присутен во автомобилскиот свет денес претставува електрификацијата, но Citroën сака да го предводи патот. Citroën се стреми сите жители и јавните власти целосно да ги искористат предностите на електричните возила кои се достапни на островот.
За почеток, Citroën обезбедува флота од 6 целосно електрични возила за јавните власти во Chalki, имено две Ami за полицијата и за крајбрежната стража, заедно со две ë-C4 и едно возило ë-Spacetourer за општина Chalki, како и еден ë -Jumpy што исто така ќе биде испорачан на Енергетската заедница на Chalki. За две од тие возила ќе има обезбеден бесплатен лизинг за 48 месеци, по што Citroen ќе ги откупи автомобилите и ќе ги донира на општина Chalki.
«Овој проект во прво време ќе ги промени животите на неколкумина, но ова е само почеток. Помагајќи му на Chalki да стане „зелена“ економија со нула емисии CO2, Citroën го отвора патот за подобра иднина и покажува дека електрификацијата е вистинскиот правец», додава Vincent Cobée.
Постои и желба да се подобри квалитетот на животот на жителите на островот. Citroën и Syngelidis Group ги поставија тркалата во движење преку голем број иницијативи. Постои важен чекор кон електрификација на возниот парк присутен на островот и целта е да се заменат сите традиционални бензински возила со електрични. Преку сеопфатен развоен план за паметна и климатски неутрална мобилност, Citroën ќе им обезбеди можност на жителите и бизнисите на островот да набават електрични возила со нула емисија на CO2 по пристапни цени, преку широка палета на зелени и паметни опции за мобилност, од четирицикли до патнички и комерцијални возила со бесплатна употреба на сите иновативни технологии и поврзани апликации што доаѓаат заедно со нив. Луѓето на островот ќе добијат значително подобрување во секојдневниот живот со помалку бучава, подобар квалитет на воздухот, почиста животна средина, како и пониски трошоци за енергија.
«Особено сме среќни и горди на придонесот на Syngelidis Group и Citroën во овој важен проект што се одвива на островот Chalki. Во согласност со целите за намалување на климатскиот отпечаток, поставени во рамки на акцијата „Chalki Green – Smart Island“, ние силно ја поддржуваме амбицијата што ја покажаа грчката влада, француската амбасада и француската бизнис заедница и ја преземаме задачата за промовирање на електричната мобилност со нула емисии на CO2», изјавува г-дин Polychronis Syngelidis, претседател на Syngelidis Group.
Конкретниот и прагматичен пристап за островот Chalki да се направи зелен, преку обезбедување електрични возила и започнување на непосредна трансформација на Chalki во одржлив остров со климатски неутрална мобилност, навистина го привлече Citroën и е ехо на неговата сопствена посветеност за одржлива мобилност. Со наша поддршка, Chalki станува првиот ГРЧКИ-ЕКО остров.