December 13, 2021

CITROËN ГО ИСПОРАЧА ПРВИОТ Ë-JUMPY HYDROGEN НА SUEZ GROUP НА СЕОПФАТЕН ТЕСТ

  • Кај CITROËN, со излегувањето на првиот ë-Jumpy Hydrogen од производната линија, развојот на технологијата на горивни ќелии сега добива друга димензија.
  • Со опсег повеќе од 400 km*и време за комплетно полнење на резервоарот со водород за помалку од три минути, батеријата и технологијата на горивни ќелии ќе одговори на барањата  на клиентите кои возат долги растојанија, како и на клиентите чија активност има потреба од брзо полнење со цел да максимална употреба на возилото.
  • Овој прв ë-Jumpy Hydrogen е на пат кон привилегиран клиент, SUEZ Group, каде се подготвува да се изврши целосен тест на овој модел на нејзината локација во Carcassonne, пилот-локалитет каде SUEZ инвестира за зелено производство на водород, поставено да биде клучно прашање во наредните години.
  • На овој начин, CITROËN ја проширува својата палета на електрифицирани комерцијални возила за да се прилагоди на мноштвото професионални намени и да ја понуди најсеопфатната гама на пазарот, од My Ami Cargo до ë-Jumper.
  • CITROËN и Групацијата SUEZ, како долгогодишен деловен партнер, на овој начин ја продолжуваат својата посветеност на заедничките вредности: иновација за поддршка на клиентите и желбата да се изгради свет одговорен кон животната средина преку главен фокус: преиспитување при управувањето со возниот парк со преминување на еколошки чиста мобилност.

* Се чека сертификација WLTP

« Решението за водородни горивни ќелии денес станува реалност со излегувањето од производната линија на првото ë-Jumpy Hydrogen. Надополнувајќи ја нашата електрична понуда, ќе им овозможи на клиентите поголем опсег  за возење и оптимизирање на времто за користење благодарение на неговото ултра брзо полнење. Сето ова со задржување на способностите и практичноста на возилото да за да остане релевантно на пазарот на комерцијалните возила. CITROËN е горд што може да ги комбинира сите квалитети што ги направија неговите возила со внатрешно согорување толку успешни, додавајќи смиреност заради поголемата одговорност кон животната средина и возење фокусирано кон иднината. Со тековните планови за развој на водородни ќелии, ова претставува ново големо решение што ја  надополнува најшироката палета на електрични возила за комерцијални возила на пазарот. Среќни сме да му го понудиме на SUEZ – привилегиран партнер силно посветен на намалувањето на нашиот отпечаток врз животната средина –  ова прво возило за целосен тест во реални услови. »

Laurence Hansen –  Менаџер за производи и стратегии на CITROËN     

2

             ВОДОРОДНАТА ПОНУДА: КОНКРЕТНА РЕАЛНОСТ

Најавено на почетокот на годината, технологијата на водородни горивни ќелии сега е реалност со производството на првиот CITROËN ë- Jumpy Hydrogen.

Ова прво возило на водород е на пат да биде испорачано на привилегиран клиент, Групацијата SUEZ. Со тоа е постигната нова пресвртница во стратегијата за електрификација на марката за да се одговори на предизвиците на иднината.

CITROËN е еден од првите производители што индустријализира ново енергетско решение за иднината, надополнувајќи ја традиционалната електрична енергија, што во моментов е предмет на огромни инвестициски програми во Франција и Германија, а несомнено наскоро и во многу други земји. CITROËN останува верен на 100-те години иновација и експертиза за комерцијалните возила, за да понуди решенија по мерка за секој професионалец, како сега, така и во иднина.

ДОПОЛНИТЕЛНО РЕШЕНИЕ, ПРИЛАГОДЕНО ЗА СПЕЦИФИЧНИ УПОТРЕБИ

Изборот на водородна технологија е целосно во согласност со стратегијата за електрификација на CITROËN и желбата да понуди различни технички одговори во зависност од употребата. Ë-Jumpy Hydrogen ја надополнува гамата лесни комерцијални возила, најголемата на пазарот, од My Ami Cargo до ë-Jumper, вклучувајќи ги и ë-Berlingo и ë-Jumpy. Електрификација заснована на аксиома блиска до CITROËN:  никогаш не правете компромиси за капацитетот или практичноста – карактеристики што го прават секое наше комерцијално возило репер во својот сегмент.
Водородното решение е наменето за оние на кои им е потребен опсег поголем од 300 km за долги патувања или тури, за оние што бараат возило што брзо се полни за да го максимилно користење на времето, што имаат потреба од пристап до гратските центри со рестрикции, но и што исто така имаат профил на употреба за побрзи патишта и автопати, каде има едноставен пристап до водородни станици. Со оваа водородна понуда, професионалците можат да го намалат отпечатокот на јаглерод од нивната флота и да ги направат своите активности поодржливи.

Палетата таргетирани клиенти е широка и сите имаат две заеднички нешта: посветеност на енергетската транзиција и потребата за пристап до центрите на градовите. Тие можат да бидат курирски служби, било за испорака во последните километри во урбани центри или за транспорт на подолги релации, но и локални власти, оператори, производители итн.

3

ЕФИКАСНА АРХИТЕКТУРА КАКО ОДГОВОР НА СИТЕ БАРАЊА

« За нашето возило со водородни горивни ќелии, се одлучивме за т.н. архитектура со средна-моќност, комбинирајќи го најдоброто од електричната енергија со литиум-јонската батерија од 10,5 kWh, горивна ќелија од 45 kW и корисен резервоар за водород од 4,4 kg за понуда навкупен осег на возење повеќе од 400 km според циклус WLTP. Батеријата обезбедува енергија спремна за стартување или забрзување, а воедно овозможува солидно обновување на енергијата. Горивната ќелија, од друга страна, гарантира импресиавна автономија на возилото. Употребената големина и добиената интеграција ни овозможија да понудиме бескомпромисна понуда за лесни комерцијални возила, бидејќи забележително ја зачувавме една од главните карактеристики, а тоа е волуменот на товарниот простор (идентичен со оној на неговите електрични и дизел еквиваленти). »  

Christian Maugy, Специјалист за водородни горивни ќелии

ПРОДОЛЖЕНА АВТОНОМИЈА НА ВОЗЕЊЕ

Ë-Jumpy Hydrogen има два комплементарни погонски системи: батерија што складира енергија и снабдува  електрична енергија, како и горивна ќелија, што ги претвора водородот и кислородот од воздухот во електрична енергија, вода и топлина. Овој енергетски генератор работи континуирано, сè додека располага со водород. Електричниот мотор, главно придвижуван од водородна горивна ќелија од 45 kW, може да понуди продолжен опсег на возење од скоро 350 km. Литиум-јонската батерија од 10,5 kWh делува како резерва, способна да покрие 50 km во циклусот WLTP. Исто така, обезбедува дополнителна моќност за моторот, неопходна за да се обезбедат динамични перформанси на возилото, особено за време на фазите на забрзување. Воедно, овозможува повраток на енергијата при забавување и сопирање. Комбинацијата на овие две компоненти, гарантира опсег на возење од над 400 km.

БРЗО ПОЛНЕЊЕ

Полнењето на ë-Jumpy Hydrogen е 20 пати побрзо од полнењето на електрично возило (врз основа на полнење на јавна станица од 100 kW). Едвај 3 минути се доволни да се наполнат трите резервоари со водород, кои имаат корисен капацитет за складирање и до 4,4 кг, што претставува заштеда на време и зголемена продуктивност за сите компании кои не можат да ги остават возилата неподвижни за време на полнењето и со тоа да имаат корист од продолженото време на употреба.

НЕПРОМЕНЕТИ СПОСОБНОСТИ И ПРАКТИЧНОСТ

Како и кај електрични фургони – ë-Berlingo Van, ë-Jumpy и ë-Jumper – CITROËN се погрижи товарниот волумен и кај ë-Jumpy Hydrogen да не се промени поради интеграцијата на батеријата и резервоарите за водород, за да клиентите имаат корист од додадената вредност на оваа нова технологија, без негативно влијание на корисните капацитети на возилото, што претставува главно барање на професионалците во овој сегмент. За да се зачува примарната функција на нашeто комерцијално возило ë-Jumpy Hydrogen, вклучувајќи чест пренос на габаритни и тешки предмети, батеријата е поставена под седиштата, а трите резервоари за водород под подот. Така, корисните волумени на двете должини се непроменети во однос на електричните верзии: 5,3 m3 кај верзијата M и 6,1 m3 кај верзијата XL. Слично, носивоста и товарниот капацитет може да  достигне и до 1000 kg, како кај верзиите со внатрешно согорување.

CITROËN ë-Jumpy Hydrogen, склопен во фабриката во Франција во SevelNord, ќе биде пренаменет во центарот за истражување и развој на водородни горивни ќелии на Stellantis Group  во Russelsheim, Германија.

SUEZ,  НАШИОТ ПРИВИЛЕГИРАН ПАРТНЕР ЌЕ ГО ТЕСТИРА ПРВИОТ CITROËN Ë-JUMPY HYDROGEN

« Животната средина и иновацијата заземаат централно место во Групацијата SUEZ, која секојдневно работи на зачувување на основните елементи на нашата животна средина. Групацијата истражува и развива нови решенија во сите нејзини активности за да обликува одржлива иднина и да ја постигне својата цел за намалување на емисиите на CO2 за 45% до 2030 година. Интеграцијата на електрични и возила на водород од страна на SUEZ означува уште еден важен чекор кон дејаглеродизација на нивната флота возила. Ë-Jumpy Hydrogen овозможува да се задржи истата носивост какo и кај верзијата со внатрешно согорување, истовремено оптимизирајќи ги патувањата благодарение на доволен опсег за возење, избегнувајќи секојдневно враќање во  базата..»

Yves Colladant, Одговорен во Групацијата за Лесни Комерцијални Возила

Групацијата SUEZ сака мобилноста со ниско ниво на јаглерод да ја направи клучна компонента во стратегијата за јаглерод, планирајќи да ги намали емисиите на CO2 на Групацијата за 45% до 2030 година. Со развивање решенија за поврат на енергијата од вода и отпад, Групацијата може да ја оптимизира потрошувачката на енергија на своите клиенти, да ја промовира употребата на обновливи енергии со висок потенцијал и да ја консолидира стручноста на SUEZ во производството на водород како како играч во секторот. Со повеќе од 200 електрични возила, SUEZ сака да го забрза обновувањето на својата флота со возила што испуштаат ниски емисии на гасови, а на тој начин да гарантира позелена мобилност за лесните, комерцијални возила и камионите кипер.

Првиот ë-Jumpy Hydrogen ќе биде испорачан на почеток на 2022 година за да се тестира во реални услови  рок од 15 дена. Ќе се обезбеди практично решение за потребите на професионалците во Групацијата при експозитурата во Carcassonne, овозможувајќи одговор на многубројните секојдневни намени на оперативните супервизори кои треба да интервенираат на различни локации. На оваа локација се спроведува проект во рамките на договорот склучен помеѓу Carcassonne Agglo и SUEZ [1], со цел да се поддржат локалните власти во нивните амбиции за енергетска транзиција, особено со пуштање во работа на зелена производствена станица за водород за електричните возила на SUEZ. Оваа станица е способна да снабдува вкупно 4 возила со производство од 2 kg водород дневно.

Овој тест, исто така ќе биде и можност за CITROËN да го потврди развојот на оваа технологија под реални услови на употреба. Оваа соработка за тестирање на првото возило произлезе природно во поглед на односот на доверба создаден помеѓу CITROËN и групацијата SUEZ во изминатите неколку години. Комерцијално партнерство, но и соработката врз база на заеднички вредности со цел да се иновира и обликува поодржлива животна средина. Неодамна, двете компании се собраа околу претставувањето на My Ami Cargo, иновативно решение за микромобилност за професионалци, во станицата за обработка и обновување на отпадните води лоцирана во Saint-Cyr l’Ecole, во парискиот регион. Десет се во процес на приклучување кон флотата на SUEZ за патувања помеѓу работните станици и отчитување на броилата.  Citroën My Ami Cargo и ë-Jumpy Hydrogen наскоро треба да станат дел од флотата на SUEZ.

(1) Carcassonne Agglo (11) му го довери управувањето со договорите за водовод и канализација за  90,000 жители од вкупно 115,000. Овие два 10-годишни договори започнале на  1 јануари  2018.