CITROËN И LE COQ SPORTIF: КРЕАТИВНА СРЕДБА ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ОД TYPE H

CITROËN претстави резултат од една убава дружба со друга францука креативна марка: Le Coq Sportif. Двете марки го прославуваат роденденот на моделот Type H, и го надоврзуваат со својот достоен следбеник, познат и признат по својот стил, комфор и практичност: Citroën Jumpy. Оригинална креација која можете да ја погледнете на Саемот во Бирмингем од 25 април.
ДРУЖБА МЕЃУ ДВЕ ПРЕКРАСНИ ФРАНЦУСКИ КРЕАЦИИМоделите Type H и Новиот Jumpy се надоврзуваат еден на друг веќе 70 години и претставуваат репер за CITROËN во сегментот на лесни комерцијални возила. И двата концепти се одраз на визијата за дизајн која треба да го симболизира спојот меѓу убавото и функционалното: –Type H автентичен пример за носталгичноста со примена на топли бои на материјали во внатрешноста; ДВЕ ПОДВИЖНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО ФРАНЦУСКИ БОИType H И Новиот Jumpy се трансформирани во подвижни работилници за поправка на велосипеди. Последен крик на модата за овие две showcars возила кои се спој на креативната енергија и експертизата на центарот за стил на CITROËN како и центарот за стил на марката Coq Sportif. – Type H игра на карта на автентичност и носталгија. Топол и пријатен амбиент кој се истакнува со својот комфор како и употреба на дрво во светла боја во делот на работилницата и страната каде се поставени алатите. Седиштата во кабината се изработени од природна кожа со чоколадна боја за да се истакне природниот карактер на материјалите; Овие два модели премиерно ќе бидат претставени на штандот на Citroën на Саемот во Бирмингем, а потоа овие две showcars возила ќе го придружуваат тимот на Le Coq Sportif на трката. Истите можете да ги доживеете и на социјалните мрежи под називите #CitroënJumpy #LeCoqSportif |