Citroën Е-Mehari стилизиран од Courreges

На автомобилскиот саем во Женева, Citroën го прикажа стилизираниот концепт автомобил Е-Mehari дизајниран од страна на француската модна куќа Courreges. Станува збор за all electric кабриолет дизајниран од Courreges во кој фокусот на боите и материјалите се со бела боја. Возилото зрачи со позитивна енергија и оптимизам, и го краси штандот на Citroën на автомобилски саем во Женева.
Два визионерски бренда ги здружија заедно силите во еден возбудлив проект: концепт автомобил Citroën стилизиран од страна на Courreges. Целата инспирација потекнува од моделот Е-Mehari “all electric” кабриолет со 4 седишта кој беше лансиран во декември 2015 година. Станува збор за еколошки автомобил со оптимистички изглед кој зрачи со слобода и оптимизам.
Слични вредности и карактеристики поседува и модната куќа Courreges, чии иновативни креации секогаш зрачеле со светлина и оптимизам. Courreges го револуционизирал модниот свет во 60-те и 70-те години на минатиот век, исто како што Citroën го револуционизирал автомобилскиот свет со легендарниот Mehari во 1968 година.
Ова сознание го потикна Citroën да му пријде на Courreges со проект сублимирајќи го новиот Е-Mehari модел во ексклузивна и сјајна креација. Модерен и тренд-сетерски автомобил во секоја смисла на зборот. Директорите на Courreges силно верувале во овој проект и заедно со дизајнерскиот тим на Citroën работеле на создавање и развој на овој концепт автомобил.
Со овој проект, и двајцата партнери се фокусирале во креирање на нов дизајн, користејќи материјали на иднината создавајќи дело во комбинација на извонредна убавина и практична употребливост. Концепт автомобил богат со енергија, исполнет со светлина, отворен кон светот и придвижуван со помош на литиум-метал-полимерни батерии.