CITROËN Ë-JUMPY„ВАН ЗА 2021 ГОДИНА“ СПОРЕД ARGUS

- Откако се здоби со престижната награда ,,Интернационален ван за 2021” награда која се додели при крај на 2020 година, Citroën ë-Jumpy денес ја освои и наградата ,,Ван за 2021 година” доделена на 28-та церемонија одржана од страна на Argus, кој оваа година акцентот го стави на електрификацијата. Четврта добиена награда од овој тип, по онаа за Jumper во 2007, Berlingo во 2016 и за Berlingo Van во 2019.
- Доделена од страна на комбинирано жири во состав од новинари, експерти и професионалци, ја потврди важноста на моделот и квалитетот на услугите овозможени од страна на Citroën, насочени кон градење на однос на доверба со своите професионални клиенти.
- Електричната верзија на Jumpy, наменета за професионалци кои бараат разновидно лесно комерцијално возило за исполнување на нивните секојдневни обврски цо целосна смиреност, благодарение на опсегот за возење до 330 km (според WLTP норма), вклучително и можноста за слободен пристап до урбани средини со рестрикции, како и подолги патувања со оптимизирани трошоци за користење.
- Електричниот мотор на ë-Jumpy допринесува за подобрено задоволство при возењето и благосостојба во патничкиот простор.
- Батериите се интегрирани под прагот во возилото, со цел зачувување на корисниот волумен и носивост, што прави Jumpy да се издвои во својот сегмент
- Наградата Argus е потврда за стручноста и експертизата на мрежата од тимови во Citroën, кои секојдневно имаат слух за новите предизвици за мобилност на професионалците.
Сите тимови на Citroën се неверојатно горди на наградата,,Ван за 2021 година’’ доделена на ë-Jumpy. Електричната верзија на Jumpy обезбедува практични решенија за професионалците за предизвиците во однос на мобилноста. Доколку се изостави производот, наградата е таа која ја признава врската на доверба која успешно ја градевме со текот на годините со оној дел на професионалци кои бараа ефикасна и одговорна мобилност. Нашата амбиција се состои во тоа да бидеме иновативни преку нашите прозиводи и услуги, а притоа да го олесниме секојдневието. Оваа награда доделена од страна на жири составено од експерти новинари, ќе ни помогне да ги достигнеме комерцијалните цели кои ги имаме предвидено за овој модел.”
Vincent Cobée – Директор на Citroën
Ë-JUMPY ПРОГЛАСЕН ЗА „ВАН ЗА 2021 ГОДИНА“ ОД СТРАНА НА ARGUS
Откако беше прогласен за ,,Интернационален Ван за 2021 година” од страна на членовите на жирито I-VOTY во декемви 2020 година, денес Citroën ë-Jumpy беше прогласен за ,,Ван за 2021 година” награда доделена од страна на Argus. Карактеристика која го дополнува и зајакнува успехот на Jumpy, кој во 2020 беше рангиран во топ три најпродавани компактни ван возила во Франција со удел од 15,2% на пазарот. Наградата Argus е од особена важност бидејќи е доделена од страна на комбинирано жири составено од новинари, експерти за проценка за прашања поврзани со лесни комерцијални возила. Со ова се потврдува уште еднаш решителноста на Citroën да излезе во пресрет кон барањата на професионалците кога станува збор како за производите, така и за услугите.
ë-Jumpy претставува одговор на новите предизвици за мобилност на професионалците и на трговците. Широка разновидност во употребата, истапува како конкретно и лесно решение за пристап кон регулирани урбани средини, адаптиран според обврските за регулирање и намалување на CO2 емисијата на флотите, адаптирање кон новите деловни активности како што е испорака во последен момент, што произлегува од зголемен раст на e-трговијата. Целта на Citroën преку ë-Jumpy е да му обезбеди на секој возач понуда адаптирана според неговите потреби, преку изборот на опсег и уште подобра опција за поголема благосостојба благодарение на електрична мобилност, што се додава како една од препознатливите карактеристики на моделот Jumpy.
ë-Jumpy е достапен во две опции за опсег на возење, согласно видовите на дејност и буџетот на професионалците: 230 km (согласно WLTP нормите) со батерија од 50kWh и 330km (согласно WLTP нормите) со 75 kWh батерија. Овие понуди се најсоодветни на пазарот на кој се има јасна слика дека речиси 83% од професионалците возат под 200km на ден и дека речиси 44% од нив не возат повеќе од 300km на ден.
Денес, повеќе од 75% од клиентите се одлучуваат за батерија со висок капацитетен полнеж, со цел да си обезбедат целосна смиреност во секојдневието, пропратено со ненадминлив комфор, овозможен од електричниот режим на управување. Моторот на ë-Jumpy со моќност од 100 kW може лесно да ја достигне крајната брзина од 130 km/h со вртежен момент, инстантно достапен со стартување на возилото, без промена на брзината и во целосно отсуство на врева и вибрации.
ë-Jumpy може лесно да се полни во домашни услови (со кабел од тип 2 со стандарден 8A приклучок или со Green’Up 16A засилен приклучок), на приватна или јавна станица (со кабел од тип 3 со 32A со ѕиден приклучок за полнење Wallbox) или на екстра брза станица за полнење која овозможува дополнување на батеријата до 80% за само 30 минути. Електричната енергија овозможува целосна контрола во потрошувачката.
ë-Jumpy може да се пофали со истите карактеристики како и верзијата со мотор со внатрешно согорување, вклучувајќи ги и трите модели, висина од 1,90 m со која се обезбедува пристап до сите паркиралишта, корисна зафатнина до 6,6 m3, носивост до 1.275 kg, како и големата модуларност овозможена од Moduwork, која го претвара предниот дел од возилото во подвижна канцеларија.
Оваа награда ја потенцира релевантноста на експертите од тимовите на мрежата на Citroën како и неговите Бизнис центри, кои ги поддржуваат професионалците во изнајдување идеални решенија за мобилност, избор на возило, флотен менаџмент и оптимизирање на потрошувачката.