December 17, 2020

CITROËN Ë-JUMPY „ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ВАН ЗА 2021 ГОДИНА”

Откако Citroën Berlingo Van беше награден во 2019 година, сега на ред е ë-Jumpy да ја добие престижната титула за ,,Интернационален ван за 2021 година".

Претставен на европскиот пазар во мај, електричната верзија на Jumpy е практично решение дизајнирано за да одговори на потребите на професионалците, локалните власти и здрженија. Им нуди разновидност благодарение на опсегот за возење до 330 km (согласно WLTP нормите) и можност за слободен пристап до урбани средини со рестрикции, а во исто време го заштитува квалитетот на воздухот и ги оптимизира трошоците за користење.

Електричниот мотор на ë-Jumpy го подобрува задоволството при возењето и комфорот во кабината. Неговите интегрирани батерии се дизајнирани за да ги задржат сите клучни карактеристики на Jumpy, со кои се издвојува во сегментот.

Оваа награда ја препознава основната експертиза кај комерцијалните возила на Citroën, како и проактивна стратегија за електрификација на целата гама за да се одговори на новите цели за мобилност.

Ë-JUMPY  ДОБИТНИК НА НАГРАДА  ,,ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ВАН ЗА 2021 ГОДИНА”

Citroën ë-Jumpy е награден со престижната титула ,,International Van of The Year 2021″. Неговиот  современ стил, комфор во кабината, динамичните квалитети и товарниот капацитет во комбинација со користа од најдобрата електрична технологија, убедија 24 независни новинари и уредници од специјализирани весници за лесни комерцијални возила (LCV). Оваа награда, изгласана од страна на членовите на I-VOTY со кој претседава Jarlath Sweeney, ја потенцира релевантноста на оваа понуда фокусирана на енергетскиот премин и прилагодена за професионална употреба. Треба да се истакне дека ова е шести пат во историјата на оваа реномирана и посакувана награда, Citroën да биде одликуван.

,,Сите тимови на Citroën се неверојатно горди на наградата ,,International Van of the Year” доделена на ë-Jumpy. Електричната верзија на Jumpy обезбедува практични решенија за професионалците за предизвиците на мобилноста во урбани и рурални средини, благодарение на опсегот за возење, кој овозможува повеќето патувања да се остварат во ненадминат комфор притоа задржувајќи ги сите корисни карактеристики на како и кај моделот со мотор со внатрешно согоување. Новиот ë-Jumpy останува верен на стратегијата на Citroën во дизајнирање на наменски решенија кои одговараат на очекувањата на нашите комерцијални клиенти. Нашата амбиција се состои во тоа да бидеме иновативни преку нашите производи и услуги, олеснувајќи го при тоа секојдневието. Оваа награда доделена од страна на жири составено од експерти, ќе ни помогне да ги достигнеме комерцијалните цели кои ги имаме предвидено за овој модел.”
Vincent Cobée  –  Директор на Citroën

1500x540-jumpy-e-jumpy-esplanade-2020.275437.355495

КЛУЧОТ НА УСПЕХОТ НА Ë-JUMPY

Новиот Citroën ë-Jumpy ги нуди сите предности на верзијата со мотор со внатрешно согорување во однос на карактерот, димензиите, товарниот волумен и носивост, како надополнување на комфорот кој го нуди електричното возило:

Прилагодливост / Модуларност :

Професионалците може да одберат опсег на возење кој подобро одговара согласно нивните дневни обврски. Достапни се две опции за опсег на возење што ги покрива поголемиот дел од потребите на професионалците од овој сегмент, било да се вози до  градилиште, се испорачува нешто или за превоз на патници: 230km (согласно WLTP нормите) со батерија од 50kW или 330km со батерија од 75kW.

Со преминот на овој компактен ван во електричен, овозможува слободен пристап до сите урбани центри, а во исто време и продолжено време за возење до наредното полнење.

ezgif-6-7b236dfbb9e6

Ефикасност :
Комфорот е особено подобрен благодарение на способноста за возење, како и бесшумноста и отсуството на вибрации. Моторот од 100kW може лесно да ја достигне крајна брзина од 130km/h со вртежен момент инстантно достапен со стартување на возилото без промена на брзината. Овозможува целосна смиреност во динамична работна атмосфера.

Едноставност за употреба:
ë-Jumpy може лесно да се полни во домашни услови (со кабел од тип 2 со стандарден 8А приклучок или со 16A Green up засилен приклучок), на приватна или јавна станица за полнење (со кабел од тип 3 со 32А со ѕиден приклучок за полнење Wallbox) или на екстра брза станица за полнење која овозможува дополнување на  батеријата до 80% за само 30минути. 7″ екран на допир кај ë-Jumpy овозможува приказ на низа електрични информации за возилото, како проток на енергијата, статистики за потрошувачката, одложено полнење, како и подготовка на климатизацијата во возилото.

Најдоброто од Jumpy
Ништо не е загрозено кога се во прашање карактеристиките кои го олеснуваат секојдневието на професионалците кои го користат ја користат верзијата со мотор со внатрешно согорување.  ë-Jumpy се нуди во три модели и три должини; висината од 1,90m обезбедува пристап до сите паркинзи, а корисниот товарен простор и волумен се идентични како кај моделот со мотор со внатрешно согорување: до 6,6 m³ корисна зафатнина, носивост до 1275 kg, корисна ширина од 1.25m помеѓу лаците на тркалата, Moduwork, итн.

И како секое добро комерцијално возило дизајнирано за професионалци и трговци, трошоците за користење остануваат разумни.

Уште еднаш Citroën ја покажа својата експертиза кога станува збор за комерцијални возила пропратено со желбата да обезбеди практични решенија за клиентите. Во овој период на премин енергијата, новиот Citroën ë-Jumpy си обезбеди да биде неопходна алатка за работа на професионалците, локални власти и асоцијации. Го комбинира најдоброто од испробаните и тестирани карактеристики кај Jumpy со сите придобивки од електричниот мотор, што резултира со поголема удобност, слобода на движење и намалени трошоци за одржување.