January 14, 2021

CITROËN Ë-BERLINGO VAN СВЕТСКА ПРЕМИЕРА

CITROËN Ë-BERLINGO VAN, ПРЕПОЗНАТЛИВИОТ КАПАЦИТЕТ И МОДУЛАРНОСТ НА BERLINGO VAN, НАДОПОЛНЕТ СО СМИРЕНОСТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ТЕХНОЛОГИЈА

  • Citroën го претставува: ë-Berlingo Van, електрична верзија на комерцијалното возило, која се очекува во продажните салони од втората половина на 2021 година.
  • ë-Berlingo Van одговара на секојдневните потреби на професионалците, нудејќи голема слобода на дејствување, сѐ порегулирани урбани средини, но и во полу-урбани или рурални средини, благодарение на опсегот и до 275km* (според нормативот WLTP). ë-Berlingo Van настапува со сите предности на електричното возење, не прави компромис кога станува збор за добро потврдените квалитети на Berlingo, а и понатаму ќе биде достапен во понуда со четири конфигурации на каросеријата, со товарна зафатнина и до 4,4 m3, носивост со капацитет до 800 kg и комплетната модуларност на кабината Extenso®.
  • ë-Berlingo Van е поврзан со апликацијата MyCitroën, што ќе значи дека полнењето на батеријата ќе може далечински да се управува, како и со апликацијата Free2Move, овозможувајќи пристап до повеќе од 220.000  станици за полнење низ Европа. Исто така, нуди опции за нови технологии, како head-up дисплеј, за прв пат во оваа категорија, како и единица со нов 10 HD дигитален екран.

Citroën го претставува ë-Berlingo Van, електрична верзија на неговото лесно комерцијално возило, нудејќи поголема продуктивност за професионалните клиенти, преку употреба на комплетно нови технологии, без промена на карактеристичната модуларност и капацитет на товарниот простор, а дополнително и сите придобивки од електричното возење.
„Citroën Berlingo Van,  носител на стандардите во делот на мали комерцијални возила, е препознатлив по практичноста, која допринесе за многу иновации. Присвојуваќи го најдоброто од електричната технологија, им нуди на професионалците уште потивко работење.  Со ë-Berlingo Van, тие ќе најдат идеален партнер за исполнување на секојдневните активности во ненадминлив комфор, со голема слобода при движењето и контрола на оперативните трошоци, без било каков компромис во смисла на товарен капацитет и волумен. По ë-Jumpy, кој е избран за Интернационален Ван на годината, како и ë-Jumper, ë-Berlingo Van е важна алка во нашата електрична офанзива, а опиплив одговор на новите предизвици за мобилност за сите професионалци.“ Vincent Cobée – Генерален директор на Citroën
*Вредност за која се чека одобрување.

CL 20.037.003

01 – Ë-BERLINGO VAN: СМИРЕНОСТА КАКО СТАНДАРД, ПРИ УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВОЗИЛА

ПОТРЕБЕН ОПСЕГ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ ЗАДАЧИ

Во зависност од режимот на возење, литиум-јонската батерија на ë-Berlingo Van од 50 kW им овозможува на изведувачите да ги остварат своите зададени одредишта и обиколки и до 275km(1), со едно полнење. Двете верзии на ë-Berlingo Van, го користат погонскиот систем на е-CMP платформата на Groupe PSA, имаат ист капацитет на батеријата, развивајќи опсег, доволен за дневните патувања за поголем дел од корисниците во овој сегмент.

(1) : Вредност за која се чека одобрување.

За максимирање на опсегот, погонскиот систем кај ë-Berlingo Van ја обновува енергијата за време на фазите на сопирање или забавување на возилото. За засилена обнова на енергијата, треба да се активира копчето со ознака B сместено на централната конзола. Батеријата се наоѓа под седиштата и подот во товарниот дел. Според тоа, нема влијание на корисната зафатнина. Батеријата има гаранција од 8 години или изминати 160 000 km (за 70% од капацитетот на полнење на крајот од овој гарантен период). Сертификатот за капацитетот на батеријата се издава по проверка по 1 година или 20 000 km, а понатаму по секое сервисирање, на секои 2 години или по изминати 40 000 km.

CL 20.037.006

ТИВКО ВОЗЕЊЕ ВО ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ

Со ë-Berlingo Van, секое патување преминува во време за релаксација на патниците. Возилото започнува да се движи на многу флуиден начин, благодарение на инстантно достапен вртежен момент, како и на рамномерно забрзување, без промени на брзините. Електричниот мотор не произведува никаков шум, ниту вибрација. Затоа при секое патување чувтството е многу нежно. Овие квалитети се додаваат на комфорот во патничката кабина овозможен од високите седишта, типот на потпирање, што обезбедува прецизно водење, амортизирано, дополнето со едноставност при управувањето и дијаметар на кругот на вртење од 10,8 m.
ë-Berlingo Van се придвижува со електричен мотор кој управува со влечењето во согласност со избраниот режим на возење и условите при возење. Неговата моќност од 100 kW (136 КС)/260 Nm овозможува да се достигне максимална брзина од 130 km/h, без оглед на користениот режим. Овие различни режими можат да бидат избрани преку специфична команда на конзолата:

  • Normal– 80 kW/180 Nm : овозможува идеален компромис помеѓу автономијата и динамичните движења,
  • Eco – 60 kW/190 Nm: ја оптимизира потрошувачката на енергија со намалување на уптребата на греење и климатизација, без притоа да дојде до нивно оневозможување и со ограничување на вртежниот момент и моќта,
  • Power-100kW/260 Nm: овозможува перформанси на возилото за поголем комфор во услови на максимално оптоварување.

CL 20.037.007

ВРЕМЕТО ЗА ПОЛНЕЊЕ СООДВЕТНО ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА УПОТРЕБА

На располагање се три можности за полнење, почнувајќи од наједноставниот приклучок, па сè до супер брзо полнење, што овозможува полнење на 80% од батеријата за 30 минути. Како и да е, приклучок од типот Green’up  овозможува да се наполни поголем дел од батеријата во текот на ноќта, за да се овозможи поголема функционалноста во текот на работниот ден.
– Приклучок за домашни услови, за што е потребен кабел од типот 2 (во серија во Франција) за употреба дома, на работно место или паркинг. Овој вид на полнење е компатибилен со стандарден приклучок од 8А или засилен приклучок од 16А (куќиште + приклучок Greeen up), што двојно го намалува времето потребно за полнење и овозможување да се добие 100% полна батерија за помалку од 15 часа или 5 часа и 30 минути за 100 km.
– Приватно или јавно забрзано полнење, за што е потребно инсталирање на Wallbox куќиште за забрзано полнење –ѕиден полнач од 3,7 до 22 kW и кабел од тип 3 (опционал). Времето за полнење од 0 до 100% тогаш трае до 7 часа и 30 минути (монофазен Wallbox од 7,4 kW) или 5 часа (трофазен Wallbox од 11kW).
-Супер-брзо полнење во јавна станица за полнење, до 100 kW со кабел од тип 4 интегриран во самиот полнач. Овозможува да се наполни до 80% од батеријата од 50Kwh за време од 30 минути.
ë-Berlingo Van е најдобар во својот сегмент кога станува збор за забрзано време на полнење.

CL 20.037.008

ОДЛИКИ НА Ë-BERLINGO VAN

ë-Berlingo Van претставува полноправна верзија од гамата на Berlingo, што се разликува само по монограмот кој го симболизира електричното „ë“ вметнато пред неговото име на задната лева врата и на отворот за приклучок, поставен на местото претходно наменето за полнење гориво.
Во внатрешноста, сè е осмислено со цел да олесни користењето на новиот Citroën ë-Berlingo Van. На централната конзола, ë-Toggle ја контролира работата на менувачот, користејќи ги притоа функциите Park, Rear, Neutral, Drive и Break  како и избирање на 3 режими на возење: Eco, Normal и Power. 5” екран на допир кај ë-Berlingo Van во своето мени има посебен дел ,, Енергија”  што дава пристап до електричните карактеристики на возилото: проток на енергија ( ја покажува работата на системот на електрична енергија во реално време при активен режим на возење, електричниот мотор и нивото до кое е полна баеријата), статистики за потрошувачка, активација на одложено полење и термичка подготовка.
Прилагодлив уред со 10”HD дигитален екран и head-up дисплеј, се достапни како опционал за оптимален квалитет на дисплејот и модерно и брзо пресликување на корисни информации за помош во возењето и навигација.

CL 20.037.010

02 – СИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД BERLINGO VAN, ДОПОЛНЕТИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВОЗИЛА

Berlingo Van, сега достапен во електрична верзија, има водечка улога во сегментот на мали фургони веќе три генерации по ред, континуирано иновира за да ги исполни барањата на пазарот. Токму Berlingo Van, е првиот Van со интегрирана кабина, со дизел понуда, со три седишта напред, електрична паркинг сопирачка и показател за пренатовареност кај најновата генерација. Идеален  партнер на професионалците, со продадени повеќе од 1,6 милиони примерока низ светот, од 1996 година.

НАЈДОБРИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НИВО НА ПАЗАРНИОТ СЕГМЕНТ

Новиот Citroën ë-Berlingo Van располага со сите архитектонски одлики на верзијата со внатрешно согорување. Ова комерцијално возило е компактно, но овозможува модуларност, ергономија, внатрешен простор, места за складирање, оптимизирана товарна зафатнина, со што претставуваат идеална алатка за работа.
ë-Berlingo Van може да транспортира две до три лица и доаша во две верзии: М од 4,40 m и XL од 4,75 m. Поделен е во две одделни поделби: мал фургон во две големини М и XL и мал фурон со длабока кабина, достапен во големина XL. Со висина од 1,84m, возилото има пристап до сите видови паркиралишта.
Агилен е и едноставно се управува, благодарение на неговата компактност, но нуди голема должина наменета за товарење, преку можноста за преклопување на седиштето во кабината Extenso®, со што се ослободува простор до 3,09 m во големината М и 3,44 m во големината XL.
Со корисна ширина на меѓуоскино растојание од 1,23m, ë-Berlingo Van може да пренесе две Евро палети една зад друга. Со својата корисна зафатнина, идентична на онаа како кај верзијата со мотор со внатрешно согорување, е 3,3 m3 (верзија XS без кабината Extenso®) и до 4,4 m3 (верзија XL со кабина Extenso®). Корисната носивост до 800 kg и до 750 kg максимален товар на кука за влечење за сите верзии, се клучна потреба на професионалците од оваа категорија.

CL 20.037.012

МОДУЛАРНОСТ И ПРОСТОРНОСТ

Електричната верзија не прави никаков компромис кога станува збор за модуларноста и просторноста. Располага исто така со кабина Extenso®, иновација на Citroën, која нуди три вистински седишта во предниот дел, со централно поголемо седиште и одлична модуларност, што значи дека постојат многу можности за конфигурирање согласно различните потреби. Во продолжената кабина има отвор наменет за долги предмети, што лесно ќе се пренесат со едноставно преклопување на патничкото седиште. Седиштето напред исто така може да се подигне со цел да се ослободи поголем простор за товар и кога задниот дел од централното седиште ќе се спушти, се добива мобилна канцеларија со интегрирана вртлива масичка. Конечно, внатрешноста на ë-Berlingo Van нуди 113 литри зафатнина, паметен и ергономски простор за складирање распределнен низ кабината.

КОРИСНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СМИРЕНОСТ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО И СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Најдобар во класа ë-Berlingo Van, вклучува  18 корисни технологии кои им овозможуваат безбедно и спокојно возење на дневна основа на сите професионалци. За олеснето возење, ë-Berlingo Van нуди пристап и стартување на возилото hands free, head up дисплеј во боја (за прв пат во сегментот), помош при качување по нагорнина, помош при паркирање напред, назад и странично, камера за движење наназад, автоматско вклучување на светла, електрична сопирачка, индикатор за пренатовареност (за прв пат во сегментот). За поголема безбедност, надополнет со Активна безбедносна сопирачка, предупредување за ненамерно преминување на коловозна лента, предупредување за намалено внимание на возачот, контрола на стабилност при влечење, Grip Control со контрола при качување на нагорнина,  препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзината и препораки, како и систем за надгледување на мртов агол.