November 22, 2013

CITROËN DS3 DS WORLD PARIS

На 27 ноември, по повод отворањето на DS World Paris, CITROËN ќе ја претстави најновата и оригинална верзија на DS3. Првиот примерок на DS3 DS WORLD PARIS ексклузивно ќе биде изложен во овој салон кој е целосно и единствено посветен на светот на DS и се наоѓа во срцето на Париз. Ограничена серија на 15 нумерирани примероци, овој DS3, софистициран до најситни детали, сведочи за умешноста на CITROËN со ексклузивни бои и материјали на изработка со исклучителен квалитет.
text* "« DS 3 DS WORLD PARIS е дизајниран по повод прославата на отворањето на DS WORLD PARIS. Ова возило е конкретизација на атмосферата на местото », резимира Тјери МЕТРОЗ (Thierry METROZ), одговорен за дизајнот на DS.

Инспириран од архитектурните кодекси на Art Déco, и одраз на француската умешност за изработка, CITROËN DS3 DS WORLD PARIS е типично париски елегантен скапоцен накит. Овој ексклузивен модел е облечен во мат сива руба која хармонично се надоврзува со кафената мат Trinitario на покривот и на надворешните ретровизори. Овие бои се специјално создадени за овој модел. Тркалата од 17’’ во дијамантски дизајн се во складност со покривот и со надворешните ретровизори.
Во ентериерот, рафинираноста се истакнува со примена на скапоцени материјали. Седиштата се во познатата изработка « кожно ременче на часовник», производ на мајсторска изработка, специјално за овој повод во кафена Trinitario кожа Nappa со опшивка во беж боја. Кожа со исклучителен квалитет која е применета и на командната табла, на менувачот и на средишниот потпирач за рака.

Секој од 15-те модели е уникатен за што сведочи нумериран беџ DS WORLD PARIS. Со најнова технологија, оваа декорација изработена од дрво е втисната во кожата од командната табла и на вратата.