CITROËN C5X: МАГИЧНА КОМБИНАЦИЈА

CITROËN C5 X: ДИЗАЈНЕРСКИ ПРИОД КОН МАГИЧНАTA КОМБИНАЦИЈА НА ЛИМУЗИНА, КАРАВАН И SUV
- Citroën се враќа кон големиот сегмент на караван возилата со иновативен модел, комбинација на лимузина, караван и SUV.
- Концепт ориентиран кон иднината во променлив пазар, каде потрошувачите очекуваат сестраност, разновидност и модерност. C5 X им го носи најдоброто од повеќе светови без компромиси.
- Тенденција за мешање на жанрови, што сега многу се среќава вон автомобилската област.
- Намерите зад оваа хибридизација од облици на каросеријата, овде е објаснета со терминологија на новите трендови од светот на модата и уживањето.
- Резултатот е модел со смел стил, полн со карактер и доследност, модел кој ќе ја пробуди желбата за патување и ќе се истакне на патиштата. Накратко, најдобриот израз на филозофијата на Citroën.
„Со C5 X, Citroën се навраќа на духот на караван возилата – можноста да се патува во елегантно, префинето возило и да се тргне во истражување на светот со комплетна смиреност ”, вели Vincent Cobée.
Со C5 X, Citroën се враќа кон големите каравани со смел модел кој го иновира традиционалниот сегмент на врвот од гамата. Значителен предизвик за дизајнерите од Citroën кои беа способни да му дадат доследност и карактер на ова возило на „идната генерација“, кој се протега на неколку територии за да одговори подобро на менливите очекувања на потрошувачите.
Комбинирајќи ги стилските карактеристики на различните типови шасии од D сегментот, во избалансирани пропорции, C5 X го отелотворува заживувањето на сегментот и повторно се запознава со легенарните врвни стилови на Citroën. Заоблените, мускулести облици комбинирани со рационализирани, префинети линии создаваат флуидна, динамична и елегантна форма што го комбинира најдоброто од трите света: сиот статус и елеганција на лимузина, динамичност и разновидност на караван, и конечно, модерен и робустен изглед на SUV.
C5 X: ВО ПРЕСРЕТ НА ОЧЕКУВАЊАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
„Овој копнеж за разновидни, хибидни објекти кои го кршат калапот и отстапуваат од вообичаените кодови е нешто што го видовме и во студиите спроведени во другите сектори. На пример, можеме да го спомнеме успехот на сите „трети места“ во големите градови – оние места кои комбинираат забава, социјални активности, простор за деца и фамилии, како и простор за млади луѓе кои сакаат да се дружат со пријателите”, вели Cécile Batho, ко-директорo на иститутот за дизајн Brain Value.
Citroën се прилагодува на општеството кое брзо се менува и потрошувачите кои бараат различни производи, што избегнуваат да мора прават компромис за било што. Производи базирани на иновативни идеи, комплетно вкоренети во своето време. Овој требд сега се наоѓа и во автомобилскиот пазар. Со C5 X, Citroën совршено ги исполнува повеќекратните очекувања на потрошувачите кои сакаат големи каравани и кои исто така бараат помодерна и функционална алтернатива за лимузините, караваните и традиционалните SUV.
C5 X: РЕШЕНИЕ ЗА НАСТАНАТИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ПАЗАРОТ КОЈ БРЗО СЕ МЕНУВА
Веќе неколку години, лимузината не е единствениот облик синоним за врвни возила. SUV и караван возилата исто така ги привлекуваат потрошувачите кои бараат повеќе практичност и понаметлив карактер.
Во Европа, во 2020 година SUV е највообичаениот облик во сегментот D, сметајќи 29.3% од сите ново регистрирани возила, пред караваните (27.5%) и лимузините (21.6%*).
Во Кина, најуспешната форма во 2020 година во овој специфичен сегмент беше далеку пред другите – SUV, сметајќи ги сите регистрации во сегментот D, по што следат лимузините (18%) и миниван возилата (10%). Обликот на караван возилата во сегментот D е маргинален – пресметани се само 0.1%*.
*Извор: Statnet Stellantis, Европа (29 земји).
Ова распрснување во D сегментот на различни стилови на шасии, претрпе големи промени во минатите неколку години. Потребите на потрошувачите се менуваат: тие сега бараат возило кое ги исполнува нивните емоционални и функционални потреби. Традиционално, потрошувачите кои се во потрага по големи каравани, сакаат да возат возило што ќе им помогне да се издвојат на патот од од другите – возило што силно ја изразува модерноста со неговиот стил и со технологиите во кабината. Денес, потрошувачите исто така очекуваат нивните возила да бидат практични и просторни, сакаат голем багажен простор, разновидност и робустност, бараат алтернативни решенија и нови форми на модерното.
Низ развојот на проектот C5 X, Citroën беше решен да ги исполни сите овие потреби. Дизајнерот на C5 X Frédéric Angibaud, настапи со со возило кое „треба да биде совршена комбинација од разновидност, безбедност и естетика, додека во исто време ги зема во предвид еколошките у економски прашања”. Резултатот на овој труд – C5 X – е нов и смел концепт, кој прави спрега на лимузина со практичност на караван и сета модерност на SUV.
Овој одговор од Citroën целосно одговара со новиот начин на живот во кој потрошувачите се стремат да уживаат. Cécile Batho го набљудува овој тренд во сите сектори: „Ние веќе не сакаме да бидеме ограничени во една улога. Влеговме во ера на повеќенаменски животен стил – мешан начин на работа. Понатаму, во други области освен автомобилската индустрија, гледаме производи на кои им се дава повеќенаменска улога. Едно нешто што служи за повеќе намени. Модата е особено добар пример. Големи луксузни марки ги здржуваат силите со марки за улична мода, модата се обидува да се ослободи од машко-женска поделба. Во моментот сме сведоци на целосна хибридизација на нашите потреби“.
Предизвикот што C5 X го презема оваа цел, да биде на оваа раскрсница и да ги исполни променливите очекувања на потрошувачите – очекувања што се под влијание на овие различни светови. Во светот што брзо се менува, Citroën разви магична комбинација, спојувајќи го најдоброто од голем број различни стилови на шасии.
ИНОВАТИВЕН, ФЛУИДЕН И СИЛЕН: СМЕЛ МИКС
Citroën едноставно не можеше да се врати во сегментот на големите каравани на традиционален начин. Со C5 X, Citroën се врати со радикалоно различен стил на шасија, со повеќе лица.
ФЛУИДНОСТ НА ЕЛЕГАНТНА ЛИМУЗИНА СО ВИСОК СТАТУС, ОДЛУЧНО CITROËN
Според Frédéric Angibaud, дизајнеот на C5 X: „Издолжениот дизајн на патничкиот дел и долгите спојлери поставени во задниот дел на автомобилот, како и сѐ друго што е дизајнирано хоризонтално – како продолжените странични стакла – се одликина лимузина”.
Стилот на шасијата на C5 X е мускулест со оптимизирана аеродинамичност за да се намали потрошувачката на гориво. Неговиот рационализиран профил црпи инспирација од аеронаутиката и е со комплетно оригинални пропорции. Флуидноста на стилот на каросерија е нагласена со цврст, мускулест возумен. Продолжениот капак на мотор, висока средишна линија и арката на задните тркала прават различноста, динамиката и цврстината да бидат дел од јазикот со кој се опишуваат големите возила од Citroën.
Околу лаците на возилата, прецизните и оригиналните рамни секции го нагласуваат карактерот на возилото. Ги нагласуваат тркалата со голем дијаметар додека обезбедуваат проток на воздух низ должината на каросеријата. Тркалата се со дијаметар од 720-mm со 19″ Tall & Narrow пневматици. 19″ Aero X тркала од лесна легура имаат сјајни црна аеродинамични елементи кои креираат ефект на турбина за да го водат протокот на воздух, намалувајќи го аердинамичниот отпор, со што се намалува потрошувачката на гориво.
Издолжената линија на кровот завршува со лебдечки, особено добро дизајниран аеродинамичен спојлер. Хромирана облога вградена во панелните задни стакла визуелно го прошируваат горните хромирани лајсни за да го нагласат комплетниот карактер. Носачите на ветробранското стакло и сјајните црни стакла обезбедуваат сестрана видливост, засилувајќи го статусот на C5 X создавајќи впечаток на лебдечки покрив. Потрошувачите може да изберат кров во црна Perla Nera боја, дополнително нагласувајќи го стилскиот изглед на возилото.
МОДЕРЕН, ВРВНО ТЕХНОЛОШКИ ПРЕДЕН ДЕЛ
Со предниот дел со спортски светлосен потпис во форма на буквата V, што го претставува новиот идентитет на Citroën, C5 X прави смел настап во големиот сегмент на караван возила. За поголема конзистентност овој светлосен потпис е ехо на задниот светлосен потпис. Предниот дел ги прикажува хромираните и сјајно црни елементи, одлучно поставувајќи го C5 X во својот сегмент. Горните шеврони го истакнуваат завршетокот на капакот на моторот и се протегаат сѐ до дневните LED светла, нагласувајќи ја ширината на предниот дел. Долните шеврони се протегаат до LED светлата и дневните светла за врно технолошки, но сепак префинет лик. Светлосниот потпис на C5 X е многу прецизен со вистинско внимание на деталите. Лентите создаваат графички диозајн на шеврон во светлата, што го истакнува ликот на автомобилот и го нагласува потписот, особено при поглед од страна. Овие ленти се појавуваат и во задниот светлосен потпос.
Капакот на моторот е благородно моделиран: долг и хоризонтален, поставен прилично ниско. Има странични елементи кои се знак за Citroën C4 или C5 Aircross, можен потпис што го засилува мускулестиот и робустен изглед на предниот лик.
Долниот довод на воздух, прикажан со хромирана лента, има крајно геометриски дизајн – што влече инспирација од шевроните – потенцирајќи го главниот радар кој се користи за системите за помош на возилото.
МОЌЕН ЗАДЕН ДЕЛ, КОМБИНИРАЈЌИ ЕЛЕГАНЦИЈА И ПРАКТИЧНОСТ
„Големиот багажен простор, многу широкиот и низок пристап е она што го очекувате од караван”, вели Frédéric Angibaud.
Задниот дел на C5 X инстантно пренесува цврстина и елеганција. Горниот спојлер – што визуелно го издолжува патничкиот дел – и екстремно флуидното задно стакло, му го даваат на автомобилот овој моќен и динамичен карактер.
Долните заоблени линии на C5 X на задната страна се типишни за поголемите возила од Citroën. Некои детали – како металните линии околу регистарската табличка и браниците, долната шема шеврони и хромираниот украс околу рефлекторите – ја истакнуваат ширината на возилото и го лансираат на патот.
Задните 3D LED светла хоризонтално се протегаат и продолжуваат далеку напред на секоја страна, засилувајќи го начинот на кој автомобилот „лежи“ на патот. Со светлосен потпис во форма на буквата V што претставува ехо на предниот дел и дење и ноќе, ја следи средишната линија и природното раме, нагласувајќи го задниот страничен поглед. Оваа стилска синтеза за задниот дел од C5 X исто така ги исполнува потребите на потрошувачите во смисла на багажен простор и практичност. Багажниот простор обезбедува широко и функционално отворање со ниско полнење за секојдневна едноставна и практична употреба. Истакнат со сјајно црн низок спојлер што обезбедува поддршка и стабилност при сопирање, естетско и корисено решение што веќе се појавува во многу други стилови на каросерија од Citroën – од CX и C6 до XM.
ИЗДИГНАТ СТАВ И СТИЛСКИ КОДОВИ ИНСПИРИРАНИ ОД SUV
„Од SUV, ги позајмува изгледот „спремен за на пат” – тој издигнат став што обезбедува чувство на заштита и цврстина. Стилот на страните и силуетата зрачат со вид на цврстина што може да се најде кај SUV”, велиFrédéric Angibaud.
Телото на C5 X има мат црни заштитни елементи околу целиот долен дел. Тие даваат сигурност и потсетуваат на SUV, нагласувајќи го впечатокот за цврстина и робустност. Профилот C5 X има и други карактеристики на SUV како издигнат став, во комбинација со големи тркала од 720-mm, како и повисока позиција за возење отколку во традиционалните лимузини.
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИИ:
Должина: 4805 mm
Ширина: 1865 mm
Висина: 1485 mm
Меѓуоскино растојание: 2785 mm
Багажен простор: 545 l