CITROËN C5 X: НАЈДОБРОТО ОД CITROËN ЗА ФИЗИЧКА И МЕНТАЛНА БЛАГОСОСТОЈБА

- C5 X го отелотворува најдоброто од експертизата на Citroën за благосостојба, искористена за да се создаде караван возило кое нуди патување без стрес.
- Од светлината во патничкиот простор, сè до седиштата Citroën Advanced Comfort®, кои нудат мек и динамичен комфор при седењето, како и дарежливиот патнички простор, вложени се сите напори за да се создаде релаксирано искуство.
- Волумените, боите и материјалите, како и вниманието посветено на деталите, придонесуваат за создавање топла и пријатна атмосфера.
- Уште со поаѓањето, C5 X ги води своите патници во поинаква димензија. C5 X Hybrid го претставува активното потпирање од програмата Citroën Advanced Comfort® како стандард, нудејќи „ултра-удобно“ седење, притоа овозможувајќи задоволство благодарение на активната и континуирана контрола на потпирањето, кое ги филтрира неправилностите на патот. Комплетна смиреност засилена со звучна изолација, давајќи чувство на целосна обвитканост.
- C5 X Hybrid оди чекор понапред, овозможувајќи им на патниците тивко и пријатно возење во целосно електричен режим.
Достоен наследник на караван изведбите од моделите на Citroën, C5 X ја канализира сета експертиза на марката за да понуди на возачот и патниците патување комплетно без стрес. Ултра-комфорното потпирање како и удобните седишта обезбедуваат флексибилно и лесно уживање при возењето, што е од голема важност за Citroën, истовремено гарантирајќи добра поставеност на патот. Во внатрешниот простор преовладува топла, елегантна, просторна и удобна атмосфера која веднаш создава чувство на благосостојба и ве поканува на патување.
Во Citroën, благосостојбата првенствено се однесува на чувството што го добивате од непречено и флуидно возење. Таа се изразува и преку формите, зафатнината, боите и материјалите што се користат во патничкиот простор, кои го обезбедуваат она чувство при патување во заштитна чаура. Jean-Arthur Madelaine, раководител на одделот за внатрешен стил во Citroën
КОМФОРНО КАКО ВО ДНЕВНА СОБА
При дизајнирањето на C5 X просторноста беше една од главните грижи во Citroën. Во предниот дел, прочистената хоризонтална табла обезбедува огромен и отворен патнички простор. Дарежливиот и пријатен простор во задниот дел нуди одмор и релаксација. XXL просторот наменет за нозете, комфорната ширина и дарежливиот простор за глава гарантираат дека патниците во задниот дел седат комфорно и може да уживаат во своето патување. Посебно внимание е посветено на комфорот на патникот на десната страна во задниот дел, со контроли за прилагодување нанапред и наназад, како и прилагодување на потпирањето на совозачкото седиште лесно достапно од страна од предниот наслон.
C5 X е целосно во согласност со програмата Citroën Advanced Comfort® , со понуда на седишта Advanced Comfort во предниот и задниот дел. Овој иновативен систем вклучува слој со голема густина и 15mm подебел сунѓер. Седиштата Citroën Advanced Comfort® овозможуваат визуелен комфор со специјалната подлога и веднаш забележливиот комфор при седење, преку пријатниот сунѓер со ефект на надувување, како и динамичен комфор обезбеден од текстурираниот сунѓер на површината и еластичната покривка и на крај ергономски комфор благодарение на многуте електрични прилагодувања (нанапред и наназад, потпирање, висина, наклон и лумбална поддршка) како за возачот така и за совозачот.
Патничкиот простор исто така има и голем број внимателно-дизајнирани прегради за складирање со цел да се изнајде соодветно место за малите предмети што секојдневно се користат. Ова вклучува и голема, длабока преграда за ракавици во предниот дел свртена кон совозачот, преграда за складирање под предниот централен наслон за рака со широко отворање, друга во предниот дел пред централната конзола со капак и безжично полнење за паметни телефони, отворен дел за складирање во предниот дел на централниот наслон за рака, држачи за чаши во централниот дел, како и наслон за рака на седиштето назад, дарежливи џебови на вратите со подлога што не се лизга, како и џебови на задниот дел од предните седишта. Вкупно 13 практични и паметни простори за складирање, кои овозможуваат вкупен волумен од 29 l и го олеснуваат секојдневието на секој патник.
ЧУВСТВО ЗА ДЕТАЛИ КОИ ГО ИСТАКНУВААТ ЗАДОВОЛСТВОТО ДА СЕ БИДЕ ВО ПАТНИЧКАТА КАБИНА
„Мојата работа е да ги обезбедам сите патници со уникатно искуство на Citroën. Секој детаљ во патничкиот дел на C5 X е важен.” Jean-Arthur Madelaine
Кога патниците за првпат влегуваат во C5 X, нивното непосредно чувство е комфор и смиреност. Како што клиентите постепено се запознаваат со автомобилот, тие откриваат мали детали кои создаваат ново волшебство при секое патување. Шевроните, силно обележје на идентитетот на марката од неговото создавање во 1919 година, се претставени во бројни уникатни и префинети детали: во форма на 3D зрно на контролната табла, прекриена со декорација со ефект на дрво, стилизирано, континуирано штепување прикажано на горниот дел од наслонот и со детали на панелот на вратата, втиснати на лентите преку горниот дел од наслоните, врежани на главните команди (копчиња за климатизација, рачка на автоматскиот менувач и контролите за радио), во форма на големи шеврони на дното на преградите за складирање, како и перфорации на кожните седишта.
Патничкиот простор е исто така украсен со детали во боја – сјајно црна и сатен хром, засилувајќи ја префинетоста на користените бои и материјали. Сите допирни точки се меки и нежни, од контролната табла до термо-запечатените ленти на панелот на вратата, капаците на централната конзола и дарежливо покриените вметоци, како и наслоните за раце за поблаг контакт за колената и лактите.
МОМЕНТАЛНО ЧУВСТВО КАКО ВО ЧАУРА
„Без разлика дали се работи за службени или приватни патувања, сè во C5 X е дизајнирано за да се олесни животот во кабината и да се олесни менталниот товар на возачот и патниците.” Jean-Arthur Madelaine.
АКТИВНО ПОТПИРАЊЕ CITROËN ADVANCED COMFORT: ФИЛТЕР ЗА НЕПРАВИЛНОСТИТЕ НА ПАТОТ
C5 X е стандардно опремен со потпирање Citroën Advanced Comfort, иновација на Citroën што, со филтрирање на сите пречки, од дупки до нерамнини и други неправилности на патот, обезбедува непречено патување, чувство како да сте на „летечки килим“. Едноставна и ефикасна технологија за двојни хидраулични перничиња, што го прави ефектот на летечки килим, толку важен за Citroën, пошироко достапен.
Plug-in хибридната верзија на C5 X го носи комфорот дури чекор понатаму со активното потпирање Citroën Advanced Comfort®, со што е овозможена континуирана активна контрола врз потпирањето. C5 X во секое време нуди максимален комфор на своите патници, благодарение на сензорите што го анализираат патот и комјутерски ја одредуваат цврстината на поставките за потипрање за секое тркало. Активната контрола на потпирањето ја зајакнува работната ефикасност на Прогресивните хидраулични перничиња® со поголемо ослободување на потпирањето додека возите со ефект на лебдење над патот, истовремено намалувајќи го виткањето на каросеријата и гарантирајќи поддршка при носење тежок товар. Затоа, оваа технологија нуди мекост, а истовремено обезбедува комфор во патничката кабина.
СВЕТОЛ ВНАТРЕШЕН ПРОСТОР ИЗОЛИРАН ОД НАДВОРЕШНАТА БУЧАВА
„Големиот проток на светлина во C5 X го проширува просторот и ја прави атмосферата уште попријатна. Стаклениот појас околу автомобилот е исто така покана да уживате во надворешниот свет додека сте заштитени од загадувањето со бучава благодарение на совршената звучна изолација во патничкиот простор..” Jean-Arthur Madelaine
Светлината во C5 X е нагласена благодарение на прозорците 360 степени околу автомобилот, вклучително и задниот фиксен прозорец, како и големиот стаклен покрив. Белото амбиентално осветлување со прилагодлив интензитет ја истакнува внатрешноста и го нагласува елегантниот, лебдечки изглед на опремата. Преградите за складирање се исто така осветлени – кутија за ракавици, багажник и преграда во централната конзола – како и контролите за отворање на вратите и подлогите за нозете. Високата, проѕирна облога дополнително ја зголемува леснотијата на релаксирачката внатрешност.
За дополнително нагласување на комфорот во возилото и за да се направи патувањето во C5 X што е можно порелаксирано, особено внимание е посветено на акустиката, со акустичнио обложени предни и и задни стакла кои обезбедуваат исклучителна изолација од надворешната бучава. Затоа, C5 X нуди најдобар акустичен комфор во својата категорија.
C5 X оди чекор понапред со својата plug-in хибридна верзија, овозможувајќи им на патниците да уживаат во задоволството при поаѓањето и тивкото возење во 100% електричен режим. C5 X Hybrid овозможува поголемиот дел од дневните патувања (до 55 km) да бидат во електричен режим, истовремено нудејќи ги придобивките од ë-комфорот со непречено и тивко возење.
ИНТУИТИВНА И ЕРГОНОМСКА ПОЗИЦИЈА ПРИ ВОЗЕЊЕ
Со цел да се намали менталниот товар на возачот и да се обезбеди безбедно возење, контролната табла на C5 X нуди едноставни, интуитивни и user-friendly интерфејси. Централниот дел на контролната табла содржи широк 12” екран на допир, што нуди исклучително искуство при користење, со HD читливост на екранот, едноставна и лесна употреба. Како и 7” дигитален дисплеј, проширениот Head-Up дисплеј пред возачот прикажува важни информации за возење на ветробранското стакло, за да се обезбеди погледот на возачот да остане постојано на патот. Чувството на безбедност е исто така засилено со системот за инфо-забава со природно гласовно препознавање, овозможувајќи на возачот лесно и природно да комуницира со возилото.