February 20, 2023

CITROËN C5 X Е «НАЈДОБРИОТ ГОЛЕМ АВТОМОБИЛ»

Citroën C5X ја освои наградата за најдобар голем автомобил на тринаесетото издание на изборот „Женски светски избор за автомобил на годината"

  • Citroën C5 X е награден со престижната награда «Best Large Car» од страна на WWCOTY (Women’s World Car Of The Year), интернационално жири составено ексклузивно од жени експерти во автомобилската индустрија.
  • Оваа награда ги препозна неспоредливото искуство на благосостојба во патничката кабина, внатрешниот простор, уникатниот концепт на силуета на раскрсница од повеќе територии и смелиот дизајн.
  • Претставен во Европа во текот на 2022, C5 X беше лидер во сегментот на седани D – mainstream во втората половина на годината. Испорачани се повеќе од 45.000 автомобили од неговото претставување во Европа и Кина, илустрирајќи го успехот на овој иновативен, модерен концепт.
  • C5 X е комплетно вклучен во забрзувањето на електрификацијата на марката со преку 60% Plug-in Hybrid сооднос во понудата. Овој сооднос со сигурност ќе се зголеми со доаѓањето на подостапната понуда на hybrid за неколку седмици: Plug-in Hybrid 180 ë-EAT8.

Poissy, 16 февруари 2023 – Citroën C5 X е награден со признанието «најдобар голем автомобил» од страна на Женскиот светски избор за автомобил на годината  (Women`s WWCOTY – World Car of the Year). Ова жири беше оформено во 2009 од страна на Sandy Myhre со цел да им се овозможи на жените во автомобилскиот свет да ја изразат својата визија за моделите кои доаѓаат на пазарот. Жените најчесто имаат улога при купување на возило кога не ја носат одлуката сами. Имаат поинаков поглед на силните и слаби страни на автомобилот. Комплетно женското жири составено од 63 автомобилски новинарки кои доаѓаат од 45 различни земји од пет континенти имаат тешка задача да изберат најдобри автомобили во 6 категории (голем автомобил, перформансен автомобил, урбан автомобил, голем SUV, 4X4 возило и семеен SUV).

Победничките автомобили ја претставуваат извонредноста во својата категорија во смисла на безбедност, возење, комфор, технологија, дизајн, ефикасност, еколошка одговорност и вредност за парите. Citroën C5 X ја освои наградата од категоријата «најдобар голем автомобил» и ќе се натпреварува со други пет победници во финалниот круг кој ќе го одлучи освојувачот на врвната награда на жирито. Победникот ќе биде прогласен на 8-ми март, Меѓународниот ден на жената.

Претставен во 2021, C5 X стана предводниот модел претставувајќи ја уникатната експертиза на марката Citroën. На светско ниво, направени се повеќе од 45 000 испораки за само една година. Во Европа, во втората половина на годината, моделот е лидер во рангирањето на седани во Д-сегментот. C5 X ги комбинира елеганција и динамичноста на седан, сестраноста и волуменот на караван, со став и издигната позиција на возење на SUV. Сето тоа, овозможува неспоредлив комфор благодарение на седиштата Citroën Advanced Comfort и активното потпирање Citroën Advanced Comfort.

C5 X претставува вистинска покана за патување во целосен спокој. Модел кој нуди врвна технологија за да го поедностави секојдневието во кабината, вклучувајќи проширен Head Up Display, или комплетно нов комуникациски систем MyCitroën Drive Plus на 12″ HD екран на допир со гласовно препознавање. C5 X исто така, совршено се вклопува во енергетската транзиција на Citroën нудејќи Plug-in Hybrid 180 ë-EAT8 со што се надополнува понудата Plug-in Hybrid 225 ë-EAT8 која веќе претставува 60% од понудата на C5 X.