September 21, 2018

CITROËN C3 JCC+

ЛИМИТИРАНО ИЗДАНИЕ ДИЗАЈНИРАНО ОД JEAN-CHARLES DE CASTELBAJAC ПРЕТСТАВЕНО НА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО ПАРИЗ И ВО ONLINE ПРОДАЖБА

Интернационалната марка со француско потекло, Citroën ја промовира француската креација и ја продолжува својата креативна соработка со Jean-Charles de Castelbajac, со откривање на C3 JCC+ лимитирано издание ексклузивно на Саемот за автомобили. Дизајнерот има талент за надминување на бариерите меѓу различните светови, а сега го сврте своето внимание кон најпрoдаваното од марката, продадено во 400,000 единици. Земајќи многу различен пристап за крајно хроматското уметничко возило E-MEHARI претставено минатиот Мај, овој C3 “моден автомобил” ја прикажува елеганцијата на црн фустан со суптилни детали во боите на дизајнерот: Црвена, Сина и Жолта. Ова лесно воочливо лимитирано издание произведено во само 99 примероци исто така ја прокламира својата модерност со цела низа технологии. Исто така модерен и по начинот на продажба со online продажба на citroen.fr web страницата. C3 JCC+ лимитираното издание ќе биде претставено на штандот La Maison Citroën во делот посветен на дизајнерот Jean-Charles de Castelbajac и ќе се комерцијализра во Франција во ноември.

ЕЛЕГАНТНО И СТИЛСКО МОДНО ВОЗИЛО

Jean-Charles de Castelbajac ги повикувa креативните умови и повторно, преку Citroën C3 JCC+, ги изразува своите две причини за живеење – уметност и мода. Со фокус на префинетоста, ова лимитирано издание, потпишано со монограм од дизајнерот, JCC+, нуди многу ексклузивна верзија на C3. Спојувањето на црниот фустан со суптилни детали во легендарните бои на дизајнерот – Црвена за страст, Сина за надеж, Жолта за сончев зрак – ќе им се допадне на љубителите на уметноста, дизајнот и модата кои бараат разноличен и ексклузивен модел!

EКСКЛУЗИВНО ЛИМИТИРАНО ИЗДАНИЕ ОД 99 ВОЗИЛА, ВО ONLINE ПРОДАЖБА

Ова модно возило е многу ексклузивно, достапно во лимитирано издание од 99 нумерирани возила. Секое произведено возило ќе биде потпишано со метална плочка нумерирана од 1 до 99, која се наоѓа во подножјето на менувачот. Citroën C3 JCC+ ќе биде во продажба од Ноември во Франција и ќе биде првото возило кое ќе биде продавано комплетно online преку web страницата citroen.fr. Ова овозможува дополнителен доказ за креативноста и модерноста на марката со револуција во традиционалниот пристап во автомобилската продажба. Нуди лесно и смирено искуство во продажбата, со следните предности:
– нараќките ќе бидат возможни во секое време 24 часа дневно, 7 дена во неделата, со пријавување на online лизинг договор
– 100% online процес, со поедноставена патека, од нарачката до дигиталното потпишување на договорот
– испорака во локален изложбен салон по ваш избор
Исто така ќе биде возможно да се нарача ова лимитирано издание и преку продажната мрежа.