February 11, 2021

Citroën C3 Aircross – Светска премиера

СО ПОНАМЕТЛИВ ДИЗАЈН, НАГЛАСЕН КОМФОР И ПРЕПОЗНАТЛИВА МОДУЛАРНОСТ, НОВИОТ CITROËN C3
AIRCROSS Е ИДЕАЛЕН SUV ЗА АКТИВНОСТИ НИЗ ГРАД И НАДВОР ОД НЕГО

  • Новиот Citroën C3 Aircross достигна зрелост. Притоа не изгуби ништо од својата уникатност, туку напротив истата е унапредена, со што покажува понагласен карактер со нов преден лик, нови декорации во боја и зголемен комфор при патување.
  • SUV со понаметлив карактер: го задржува истиот дизaјн на силуетата, со висока поставеност и заштитнички елементи, додека се стекнува со нов свеж лик со целосно рестилизиран преден дел, преку кој изразува повеќе статус и цврстина.
  • SUV кој е прилагодлив кaко никогаш досега: ги задржува сите импресивни можности за прилагодување секој терен, благодарение на Grip Control со Hill Assist Descent.
  • Удобен SUV за активен животен стил: како дополнение на неговите обележја – модуларност, просторност и патничка кабина исполнета со светлина, се карактеризира со подобрен комфор, со воведување на седиштата Advanced Comfort претставени кај C4 Cactus и C5
  • SUV кој го прави вашиот живот поедноставен: новиот C3 Aircross го олеснува секојдневието во целосна безбедност и смиреност, со нов, поголем 9″ екран на допир, нови места за складирање во нова централна конзола, пет технологии за поврзување и 12 технологии за помош при возењето заедно со head-up дисплеј во боја и камера за движење наназад со Top Rear Vision.
  • Новиот C3 Aircross се очекува во продажните центри во јуни 2021.
  • ,,C3 Aircross сè уште го изразува својот модерен и оригинален дух, преку вистинскиот став на SUV, неспоредлива просторност и модуларност, како и технологиите за поедноставно секојдневие. Сакавме да ги искористиме овие силни страни и да донесеме уште поголема зрелост во изразот на неговиот дизајн и поголем комфор во патничкиот простор. Резултатот е многу воочлив! Неговиот лик радикално се менува, со многу поостар и наметлив преден дел, а со новата конструкција на седиштата се засилува искуството на благосостојба во внатрешноста на возилото. Новиот C3 Aircross ги исполнува сите услови за еден SUV „од Citroën“ и ги има сите потребни средства за да продолжи со својот комерцијален успех”. Vincent Cobée, Генерален извршен директор на Citroën

CL 21.003.003

Произведен во 330 000 примероци, од неговото претставување кон крајот на 2017, C3 Aircross ја продолжува својата офанзива во високо конкурентскиот сегмент. Клиентите веднаш го воочуваат неговиот наметлив, привлечен и ултра-прилагодлив дизајн, како и неговата просторност и ненадминлива модуларност. Прикажувајќи ја својата моќ на привлечност, поголемиот дел од клиенти се одлучуваат за верзии со поголема опременост, како ниво на опременост Shine што зазема 62% од целокупната продажба. Нудејќи богата разновидност во употребата со компактнатната надворешност и просторната кабина, претставува идеално решение за луѓе со активен животен стил, кои бараат поголем комфор и модуларност, како и прецизно управување и агилност при секојдневното користење.

C3 Aircross SUV е рестилизиран, со уште поголема можност за персонализација, со подобрен статус и модерен дух, надополнет со зголемен комфор во патничката кабина, смиреност и екстра разновидност при употребата.

CL 21.003.021

 1.ПОНАМЕТЛИВ ДИЗАЈН И НАГЛАСЕНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Додека стиловите на каросеријата се сè пониски и наликуваат на лимузини, C3 Aircross се здоби со понаметлив дизајн на SUV со голем волумен на силуетата кој се пренесува и во просторната внатрешност и доминантниот став на патот преку подигнато растојание од земјата, како и големите тркала. Неговата уникатност е нагласена со заштита на долниот дел на каросеријата и лакот на тркалата, заштита на подвозјето во предниот и заден дел, кровни носачи со полни и дарежливи форми. При претставувањето, дизајнот и можностите за персонализација на C3 Aircross изразуваат чувство на пријатност и свежина. Денес, новиот C3 Aircross ја достигна својата зрелост. Зачувувајќи ја својата оригиналност и посебност, неговиот разигран став еволуира и моделот се здоби со понаметлив, зрел карактер, сразмерен со очекувањата во овој сегмент.

CL 21.003.004

ПОИСТАКНАТ ПРЕДЕН ЛИК

Новиот C3 Aircross има понаметлив дизајн со целосно редизајниран преден лик со кој се нагласува карактерот и статусот на моделот. Инспириран од концептуалното возило CXPERIENCE и за прв пат претставен кај новиот C3 во 2020,  го претставува новиот графички потпис на Citroën во 2021 година, со наметлив, уникатен идентитет.

Новиот преден лик впечатлив на прв поглед, особено преку новиот светлосен потпис. Хромираните шеврони се надградени и се протегаат кон LED светлата, во духот на новите C3 и C4, но со помускулест пристап. LED светлата овозможуваат уште поголема видливост и безбедност, со што даваат чувство на поголема заштита. C3 Aircross располага и со нова решетка со комплетно нова геометриска шара и нова сребрено-сива заштитна плоча за подвозјето со додатоци во боја, што ја нагласува робустноста на моделот. Новиот преден лик со подобрена структура дава впечаток на повисоко поставен капак на моторот. Изглед со посовремено чуство, поизразен и робустен.

Со цврстиот став и високо поставен хоризонтален капак на моторот, заедно со дарежливиот волумен и 360° заштита потенцирајќи го континуираниот застаклен дел од каросеријата, новиот C3 Aircross може да се пофали со наметлив изглед кој инстантно се истакнува во B-SUV сегментот.

CL 21.003.005

НАДОПОЛНЕТА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Програмата за персонализација кај новиот C3 Aircross е надополнета со цел да ги задоволи барањата на клиентите кои бараат уникатен SUV според своите замисли, кој ќе се истакнува и разликува.

Надворешниот изглед, надополнет до 70 можни комбинации преку:

– 7 бои на каросеријата, од кои 3 нови: Сива Khaki, Сина Voltaic и Бела Polar.
– 4 пакети на боја, вклучувајќи 2 нови бои кои го засилуваат текстурираниот ефект: Портокалова Anodised и Темно Сина Anodised. Пакетите на боја содржат оригинални и остро дизајнирани елементи во боја на рабовите од заштитата, на школките на ретровизорите и страничното фиксно стакло. На страничното фиксно стакло се наоѓа новиот страничен потпис каде карактеристичните ленти во боја се надополнети со нова графика во форма на коцка според избраниот пакет на бои, со ефект на хром-огледало во пакетите боја Црна Shiny и Темно Сина Anodised, ефект на бела коцка во пакетот боја Бела Polar и ефект на портокалова коцка во пакетот боја Портокалова Anodised.
– Избор од 2 бои на покрив: бела или црна

C3 Aircross  предлага нови фелни со пографички и подинамичен дизајн со 16″и 17″, обете достапни со дијамантски сјај или целосно црни верзии, нудејќи им на клиентите избор на попрефинет или посмел изглед.

Надополнетата персонализација продолжува и во внатрешниот простор преку 4 различни амбиенти, секој со свој идентитет, за да ги исполни очекувањата и желбите на секој клиент:

–  Амбиент во сериска опрема, едноставен и чист, се состои од сива декорација на седиштата надополнет декорација од сив текстил на командната табла.

–  Амбиент Urban Blue, одраз на модерност и комфор при патувањето, суптилна комбинација на класика со спортски дух – син штоф со ефект на сина кожа, вкрстена лента на горниот дел од седиштата со мотив на шеврони, како и контролна табла со декорација со ефект на сина кожа.

– Амбиент Metropolitan Graphite, удобен и шик, комбинација од графичка ткаенина со ефект на кожа со сива пропрскана ткаенина, надополнета со вкрстени линии на горниот дел од седиштата со текстура со ефект на светло дрво и лента на командната табла со прскано сива декорација.

– Префинетиот амбиент Hype Grey комбинира сиво-зелена кожа и црна ткаенина со ефект на кожа, сиво-зелена лента на контролната табла и вкрстени линии на горнот дел од седиштата со мотив на шеврон.

Префинетоста на амбиентите Metropolitan Graphite и Hype Grey е нагласена со новото карактеристично порабување од Citroën, единствено на пазарот, кое се забележува преку стилизираните шеврони. Оваа нова техника е претставена кај новиот C4.

 2.НОСИ СМИРЕНОСТ ЗА КЛИЕНТИТЕ СО АКТИВЕН ЖИВОТЕН СТИЛ

CL 21.003.006

СЕДИШТА ADVANCED COMFORT ЗА ДА СЕ ЧУВСТУВАТЕ ДОБРО

Новиот C3 Aircross им овозможува на патниците да се чувствуваат како во својот дом, со понатамошно нагласување на комфорот во возилото преку програмата Citroën Advanced Comfort®.

CL 21.005.002

Како дополнување на карактеристичното потпирање кое овозможува водечки комфор во возењето со новите седишта Advanced Comfort, за прв пат претставени кај C4 и C5 Aircross. Достапни со амбиентот на внатрешност Urban Blue, Metropolitan Graphite и Hype Grey, седиштата Advanced Comfort го подобруваат комфорот во седењето преку четири аспекти: визуелен комфор, комфор за добредојде, комфор во држењето и динамичен комфор:

– Визуелниот комфор доаѓа преку форма на уникатно штепување и карактеристично шиење од Citroën што дава визуелно веднаш приметлив впечаток на меко и удобно потпирање.

– Комфор за добредојде, обезбеден од дополнителен сунѓер со дебелина од 15 mm, кој се чувствува веднаш при седнување, слично на душек.

– Комфор во држењето, се карактеризира со засилена поддршка која ја нудат големите и удобни седишта.

– Динамичен комфор, ги прави долгите патувања поудобни преку комбинација на сунѓер со голема густина во средишниот дел на седиштата и подебел, структуриран сунѓер.

CL 21.003.007

ПРЕДВОДНИК ВО КЛАСАТА – ПРОСТОРНОСТ, МОДУЛАРНОСТ И СВЕТЛИНА

Новиот C3 Aircross ја задржува препознатливата модуларност, просторност и светлина, за уште поголема благосостојба и разновидност при употребата. Со својата компактна должина од 4,16 m, за прецизно и агилно управување, C3 Aircross претставува единствена понуда во својот сегмент со непобедлив простор во патничката кабина.

Со неверојатна просторност, со исклучителен дел за нозете во задниот дел и делот над главата,  новиот C3 Aircross нуди ненадминлива модуларност, со делива задна клупа што се лизга 150 мм во два одделни дела, како и рамно преклопливо седиште на совозачот, кое обезбедува товарна должина од 2,40 м на особено долги предмети, како што се делови од мебел и спортска опрема со комплета смиреност. Зафатнината во багажниот дел од 410 L може да се зголеми до 520 L благодарение на лизгачката клупа назад (во максимална позиција кон напред) и до 1,289 L вкупен товарен капацитет со преклопени седишта назад .

Друг клучен елемент во внатрешноста претставува исклучителната осветленост, благодарение на големите застаклени површини и панорамскиот подвижен покрив кој дозволува светлината да навлезе во внатрешноста.

C3 Aircross со зголемена функционалност преку новата, прецизно осмислена централна конзола со голем простор за складирање и во задниот дел, до кој можат да пристапат патниците од предните и задните седишта и да се затвори со ролетна на лизгање. Деловите за складирање се поставени согласно потребите на сите патници, вклучувајќи мала фиока пред совозачот, држачи за чаши вградени во преклопниот централен потпирач за грб на задната клупа, џебови на задниот дел од предните седишта и бројни места за складирање во долниот дел од централната конзола.

CL 21.003.008

ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПОЕДНОСТАВНО СЕКОЈДНЕВИЕ И НАГЛАСЕНА АВАНТУРА

Новиот C3 Aircross  е опремен со корисни технологии за уште поголема смиреност и безбедност при управувањето. Располага со нов, уште поголем  9″ екран на допир за поголема едноставност при употреба, видливост и практичност. Новиот, високо квалитетен екран ги истакнува функциите  Citroën Connect Nav како и Mirror Screen компатибилни со Android Auto и  Apple CarPlay.  Безжичен полнач за телефон, како и Citroën Connect Assist се исто така вклучени.

CL 21.003.020

Новиот C3 Aircross доаѓа со 12 интуитивни системи за помош при возењето кои го поедноставуваат секојдневието, а секое патување  станува полесно и побезбедно. Безбедносните технологии вклучуваат head-up дисплеј во боја, за да се задржат корисни информации во видната линија на возачот, како и препознавање и препораки на знаците за брзина, Active Safety Brake и автоматската контрола на светла. C3 Aircross располага со опрема што го поедноставува секојдневието, како што се пристап и стартување на возилото hands-free, Park Assist и Top Rear Vision камера за движење наназад, што го прикажува опкружувањето околу возилото на екранот на допир.

На крај,  за да се нагласи во целост природата на SUV возило и можноста за  избор на режим според карактеристиките на подлогата, новиот  C3 Aircross е опремен со Grip Control® и  Hill Assist Descent, систем кој им овозможува на возачите да ја совладаат секоја ситуација која ќе им се наметне, без оглед на надворешните услови. Системот овозможува прилагодување на влечната сила на тркалата напред на возилото во зависност од подлогата по која се движи, како и одржување на брзината при спуштање од ридови, стрмни површини.

Новиот C3 Aircross SUV  ќе биде достапен со палета ефикасни мотори со високи перформанси –бензински мотори PureTech, како и дизел мотори BlueHDi: PureTech 100 со 6-степен мануелен менувач, PureTech 130 со автоматскиот менувач ЕАТ6, BlueHDi 100 со 6-степен менувач и BlueHDi 120 со автоматски EAT6 менувач.

CL 21.005.001

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

  • Должина: 4,160 mm
  • Широчина: 1,760 mm
  • Висина: 1,640 mm
  • Меѓуоскино растојание : 2,600 mm
  • Зафатнина на багажен дел : 410 L-520 L,  и до 1,289 L вкупен товарен капацитет