CITROËN C3 : 400 000 ПРОДАЖБИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 ГОДИНИ

За неполни две години од неговото лансирање новиот C3 регистрираше 400 000 продажби, од кои 160 000 од почетокот на годинава, што претставува вистински best-seller на Citroën. Во Европа, неговите нарачки бележат пораст од 12% во првата половина од годината, со што се вбројува во TOP 5 во својот сегмент.
Лансиран пред помалку од две години, ноември 2016, новиот C3 регистрираше продажба од 400 000 примероци од кои 160 000 од почетокот на годинава. Успехот на оваа III генерација на ова повеќефунционално градско возило на марката чии нарачки се зголемија за 12% во Европа во првото полугодие и го вбројува во Toп 5 во својот сегмент.
Best-seller во гамата, новиот Citroën C3 е првиот производ на комерцијалната офанзива на Citroën: во првата половина на 2018, а светските продажби на Марката бележат пораст од 9% (во споредба со првата половина од 2017) со рекорден број во Европа во последните 7 години.
Моќта на привлекување на Citroën C3 се преведува со богат микс на продажба и претставува симбол на ‘срцекршач’ :
- Околу 40% од нарачките се од највисокото ниво на опременост (ниво 3 ‘Shine’),
- Над 65% од продажбите се bi-ton,
- Над 55% од продажбите се со Airbump®,
- Околу 25% од продажбите се со двобоен ентериер во опционал.