August 1, 2013

CITROËN C-ELYSÉE WTCC во освојување на светските патеки

CITROËN ќе се натпреварува во FIA WTCC со Sebastien Loeb во 2014 со C-Elysée

Еден месец по потврдата за учеството на Светскиот шампионат на Патнички возила за сезоната 2014, Citroën го претстави моделот кој ќе го користи на патеките од страна на Себастиан Лоеб (Sébastien Loeb).
“26-ти септември минатата година, на отворањето на Саемот на автомобили во Париз, Фредерик Банзе, Ив Матон и Себастијан Лоеб го најавија евентуалното учество на Citroën на Светскиот шампионат на патнички автомобили. Само неколку минути пред најавата, C-Elysée беше премиерно достапен за објективите на медиумите. Десет месеци подоцна, овие два настани се надоврзаа со прикажување на првите фотографии на Citroën C-Elysée WTCC !

 

Со примена на најдоброто од умешноста на марката во смисла на стил, усовршување и квалитет, Citroën C-Elysée е лимузина дизајнирана за сегментот C наменета за светските пазари кои бележат силен пораст како на пример Јужна Америка, Медитеранските земји, Кина или Русија. Наградуван од купувачите Citroën C-Elysée надмина 30% од целите за иницијална продажба со околу 30000 внесени нарачки.

 

Изборот на C-Elysée за појдовен модел при конструирање на нашето возило за WTCC ја докажува нашата желба натпреварувањето да постане активна поддршка во комерцијалниот развој », потенцира Фредерик Банзе, Генерален директор на Citroën. « Со етапи на трките во Јужна Америка,, Мароко, Кина и Русија, календарот на WTCC е навистина интернационален, и ќе биде вистинска можност и адут на C-Elysée, како клучен вектор за подемот и во очите на фановите на автомобилскиот спорт.

 

Од гледна точка на технички карактеристики, изборот на троделна каросерија е одличен на план на аеродинамичност. Последователно на ова, изборот на C- Elysée целосно ни одговара, изјави Ксавије Мастелан- Пинон (Xavier Mestelan-Pinon), Технички директор на Citroën Racing. « Покрај тоа, можеме лесно да вградиме различни компоненти. Од фактот дека станува збор за наше прво возило за трки, мораме постојано да си поставуваме прашања за издржливоста и истрајноста на нашиот избор, што го прави нашиот предизвик уште повозбудлив.

 

На жешкиот асфалт поставен на тркала од 18 инчи, C-Elysée WTCC со еден збор е навистина импозантен. Со аеродинамична лајсна, штитникот ја истакнува решетката на маската со заоблениот шеврон. Издолжен е кон напред и кон назад, а крилата го истакнуваат неговиот спортски карактер.

 

Под капакот на моторот, Citroën C-Elysée WTCC го поседува моторот 1.6 turbo со турбо вбризгување како и DS3 WRC со моќност од 380 КС. Преносот е само на двете тркала напред преку секвенцијален шестостепен менувач.