July 25, 2022

CITROËN AMI : УСПЕХ БЕЗ ГРАНИЦИ

  • Успехот на Citroën Ami ги надминува границите. Возилото веќе се продава во 9 земји во Европа, а од месец јуни е достапен во Обединетото Кралство и во Турција, како за професионална така и за индивидуална употреба.
  • Компактен и практичен, корисен во град, но надвор од него. Физичките лица опфаќаат 84% од нарачките, додека, во одредени земји, комбинацијата е сосема спротивна, во корист на компаниите, како што е случај на мароканскиот или турскиот пазар.
  • Португалија пронајде совршен баланс помеѓу физичките и правни лица, со подеднаква застапеност при нарачките.
  • Со повеќе од 23 000 нарачки, « оваа успешна приказна » илустрира како  Citroën успеа да ги исполни новите очекувања на општеството во смисла на микромобилност за сите категории клиенти и потреби.

Од неговото претставување во април 2020 година, Citroën создава изненадување на пазарот на микромобилност со дизајнот – осмислен да го направи попристапен, со начинот на продажба преку интернет, како и секој друг артикал за широка потрошувачка, како и со проширената дистрибуција преку мрежите Fnac и Darty. Популарен во инспиративните заедници, тој е во центарот на вниманието на многу настани како што е Design Week во Милано или Меѓународните младински игри што се одржаа во Брисел. Веќе продаван во 9 земји во Европа, Citroën Ami од јуни  е достапен и во Обединетото Кралство и Турција. Прифатен од приватни купувачи, слободните професии или големите индустриски и услужни групи, со вкупно, повеќе од 23 000 реализирани нарачки, вклучувајќи го и ексклузивниот My Ami Buggy – успехот на Citroën не познава граници.

 

« Ami го отелотворува во целост духот на Citroën, тесно поврзан со своите клиенти во нивниот секојдневен живот и во мобилноста. Посветени сме да ја направиме електрификацијата достапна за сите и многу сме горди што гледаме дека Ami има таков успех во Европа и надвор од континентот. », изјавува  Vincent Cobée, Извршен директор на Citroën.

  1. AMI, УСПЕХ ШТО ГО ОСВОЈУВА ТЕРЕНОТ

2

Од неговото претставување во април 2020 година, реализирани се повеќе од 22 400 нарачки во Европа, на кои доколку се додадат и оние од Мароко и Турција, вкупно ќе бидат повеќе од 23 000 примероци.

Франција  е најважниот пазар со повеќе од 13 300 нарачки, од кои 83%  се физички лица додека 17% се професионални клиенти. Ami го зазема 1то место кога станува збор за електрични четирицикли и второто место на вкупниот пазар со застапени сите видови на енергии, со удел на пазарот од  26% на крај на месец мај. Помеѓу мај 2021 и мај 2022 година, пазарот на четирицикли забележа пораст од 9,7%, со самото доаѓање на Ami. Бројката на регистрации се зголеми за 47% за една година.

Во Италија, Ami забележа вистински успех. Втората распоредена земја претставува втор пазар по Франција, со  повеќе од 6 700 нарачки. Во првиот квартал од 2022 година, Ami претставува предводник на пазарот на четирицикли со 31% регистрации и удел во пазарот што се искачува до 71%  доколку се земат во предвид само електричните четирицикли. Таму Ami успеа да плени огромен број поединци кои претставуваат 94% од купувачите .

Шпанија и Белгија стојат рамо до рамо со 780 и 724 нарачки, соодветно. Шпанскиот пазар придвижува 75% од приватните купувачи, додека белгискиот пазар брои 42% од професионалните клиенти, а Ami е веќе предводник во сегментот на четирицикли на крајот на мај 2022 година.

На португалскиот пазар, Ami се продава и на физички и на правни лица и до денес има 476 нарачки. Го зазема 1то место меѓу четирициклите со удел на пазарот од 35% на крајот на месец мај.

Ami е на пат да ја освои Англија. Претставувањето во Обединетото Кралство има посебна приказна. Без разлика на поставеноста на воланот од лева страна, интересот кај јавноста беше толку голем, што беа вложени сите напори за да се понуди Ami и на британските клиенти. Од објавувањето на цените на Ami на 24 мај, веќе се забележани 2000 преднарачки, што претставува добар предзнак за ветувачки почеток на маркетингот. Верзиите на Ami во Велика Британија ја задржуваат поставеноста на воланот од левата страна. Во сето тоа се гледаат повеќе предности: нема да се зголемат трошоците на Ami, што е неизбежно во случај на индустриска трансформација за поставување на волан на десна страна, а и му се овозможи на возачот да излезе сосема безбедно од возилото од страна на тротоарот.

Во Турција, нарачките за професионална употреа беа отворени од септември 2021 година. Приближно 400 нарачки беа регистрирани на продажната online страница. На турскиот пазар, ценовно Ami има најприфатлива понуда, а особено се цени поради неговата безбедносна страна во споредба со возилата на две тркала кои се многубројни на патиштата. На 20 јуни, приватни лица можеа да пристапат до online  продажба на 50 Ami и на наше големо изненадување истите се распродадоа за само 25 минути, што го покажува силниот интерес за малиот четирицикл чие присуство во турскиот пејзаж би требало да се зголеми во наредните месеци! Овие први нарачки ќе бидат испорачани во август.

641 нарачка од Мароко и Турција доаѓа исклучиво од професионалци, бидејќи Ami првенствено  е пласиран на претприемачи кои во овој објект за мобилност препознале економично, агилно и безбедно средство за своите локални услуги.

  1. ПРОНИКЛИВО РЕШЕНИЕ ПРИВЛЕЧНО ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

3

За компаниите, Ami ја надополнува нивната флота, помагајќи да се намали нивниот јаглероден отпечаток и притоа нудејќи предност преку многу ниската цена за сопственост.

Особено е погоден за компании и поединци чија дејност бара кратко и често возење низ град, a се предмет на сообраќајни ограничувања во градовите.

Трговци, слободни професии, занаетчии, заедници, локални услужни компании, индустриски локации кои треба да работат со испораки или услуги, во Ami или Ami Cargo го наоѓаат идеалниот партнер, бидејќи е практичен и агилен, за продолжување и развој на активностите.

  1. ИНКУБАТОР ЗА ИНОВАТИВНИ ИДЕИ

4

Успехот на Ами, исто така, е поттикнат со збогатувањето на средбите со други области околу заедничките вредности, што создаде партнерства, настани и награди.

На социјалните мрежи се создадени заедници за размена и споделување на идеи за персонализација, фотографии или авантури со  Ami. Најдобар пример е заедницата „My Ami Superfan“, 112 амбасадори на клиенти (65 во Франција и 47 во Италија) кои го промовираат Ami, даваат совети или нудат пробни тестови на заинтересираните луѓе.

Ami, исто така, доведе до нови партнерства. Застапен преку мрежите Fnac и Darty му овозможи на Citroën диверзификација на својата дистрибуција и средба со идните клиенти кои редовно го посетуваат овој тип на продавници, насочени особено кон младите луѓе – под 18 години кои претставуваат 42% од корисниците на Ami.

Со свеченото отварање на «La Maison Citroën» во Милано на 19 мај, за прв пат во Италија, Ami беше во центарот на вниманието како иновативен објект за мобилност од сите гледни точки: неговото целосно дигитално патување и неговиот дизајн прилагоден на потребите за микромобилност за сегашноста и во иднината. Клиентите имаа можност да го пробаат возилото. Меурче за релаксација и концентрација на искуства, овој простор се наоѓа во продавницата Coin, градскиот храм за пазарење, во еден од многуте  „Lifestyle Hub“ создадени од марката за да понудат на своите клиенти нов начин на купување, базиран на испробување на производите или услугите, а поврзано со новите модели на потрошувачка. Клиентите се нурнати во светот на Citroën и можат со помош на консултант да ја истражат марката или моделот по свој избор, да ја конфигурираат, да ја изберат понудата што им одговара, пред да купат online.

Средбата со Ami беше доволна да го инспирира миланскиот дизајнер Massimo Alba да креира верзија на Ami верна на неговата безвременска, луксузна марка за облека… За прв пат, тој се согласи да му го позајми  својот стил на светот на мобилноста со реинтерпретација на облеката на Ami како унифоран мат црн скулптурен „монолит“ за да го нагласи неговиот геометриски волумен и да му даде урбан стил. Уште еден креативен проект се роди од средбата помеѓу Citroën Ami и светот на дизајнот, олицетворен преку Rossana Orlandi, реномирана сопственичка на дизајнерска галерија. По повод отворањето на Milano Design Week, пет уметници од агенцијата Orlandi трансформираа пет возила Ami во вистински уметнички дела, кои беа изложени до 12 јуни во областа РО.
Оригиналноста на електричниот четирицикл, неговиот компактен, симетричен и интелигентен дизајн кој веднаш сугерира едноставно користење и практичност ја убеди Rossana Orlandi да стане негов амбасадор. Таа со приврзаност гo нарекува  „мој пријател“. Петте „RO Ami“ носат креација што го отсликува стилот и филозофијата специфични за секој од дизајнерите. На пример, Ami-то на Yukiko Nagai, по потекло од Јапонија, има елегантна цветна декорација на каросеријата со мозаичен ефект, карактеристичен за неговиот уметнички пристап и пресликува еколошките акредитиви на ектричното возило.

Неодамна, Citroën Ami беше забележан во Брисел на Интернационалните младински игри кои се одржуваа од 30 мај до 4ти јуни. Ami го зазеде своето место покрај 400 учесници на возраст од 16 и 17 години од 33 земји учеснички кои секоја година ги почитуваат вредностите што Citroën ги споделува со нив преку Ami: извонредност, почит, пријателство, солидарност и толеранција. Damien Martin-Cocher, Директор на марката Citroën во Бенелукс објасни : « Со Ami, Citroën овозможува одговор на предизвиците на мобилност во градска средина, предизвици кои се повеќе од кога било во срцето на грижите и очекувањата на жителите на градовите. Ami претставува индивидуално решение за мобилност кое ви овозможува да се движите на безбеден начин во заштитен, електричен затворен објект што е достапен веќе од 16-годишна возраст во Белгија. Тој е особено вреднуван од генерацијата TikTok, што го прави Ami феномен на поп-културата.»

  1. ВРЕДНОСТА НА РЕШЕНИЕТО ПОЗДРАВЕНА ОД КРИТИКАТА

5

Од своето претставување, Ami доби повеќе награди за својата смелост и вредностите што ги отелотворува. На 18 мај, извршниот директор на Citroën во Италија, Antonio Antonini, ја доби наградата „CEOforLIFE“ за иницијативата „Gëneration Ami – училиште за електрична мобилност“, едукативна кампања за мобилност и еколошка одржливост наменета за средните училишта. Овој проект беше спонзориран од Министерството за еколошка транзиција и Министерството за одржлива инфраструктура и мобилност, а е во рамките на целите на агендата за одржлив развој 2030 на Обединетите Нации.

Во Португалија, Ami беше избран за „Производ на годината“ во категоријата електрични возила од 6600 потрошувачи на годишниот избор на ConsumerChoice и Netsonda, најголемата компанија за истражување на пазарот и услуги. Оваа награда ја признава иновативноста и го истакнува растечкиот успех на Citroën Ami. Исто така, му беше доделена и наградата „Производ на годината“ од Exame Informática во категоријата „Паметна мобилност“. Португалските медиуми препознатливи по својата содржина за иновации, наука и технологија ја истакнаа оригиналноста на ова решение за микромобилност посветено на урбаните центри.

Во Обединетото Кралство, неколку недели пред главното претставување, Ami  доби нова награда, « Иновација на годината » на Move Electric Awards создадени во чест на машините, компаниите и поединците кои помагаат во обликувањето на електричната мобилност во Англија. Според James Attwood, уредник на Move Electric, „Citroën Ami ги освојува сите со својот ултра симпатичен дизајн, но исто така е неверојатно паметна и трансформативна машина. Иако претходно имало четирицикли, Citroën го рафинира дизајнот за да создаде многу атрактивен производ за луѓето и бизнисите кои бараат достапен транспорт во урбаните зони и пошироко. Иновацијата се протега на неверојатно паметни дизајнерски елементи на Ami, кои помагаат да се направи поодржливо производство и поголема економичност при управувањето. »

Citroën Ami  е на добар пат да стане феномен каде и да се продава. Сега достапен во 11 земји, во Европа и во Африка – Блискиот Исток, сигурно нема да застане тука и не престанува да нè изненадува.