CITROËN AIRCROSS

НОВО КОНЦЕПТ ВОЗИЛО CITROËN AIRCROSS :
ПОКАНА НА ПАТУВАЊЕ СПОРЕД СТАНДАРДИТЕ НА CITROËN
УНИКАТЕН КАРАКТЕР: невообичаен автомобил помеѓу останатите SUV возила поради неговата севкупна рамнотежа и хармоничност и неговиот атрактивен дизајн што го прават овој SUV зашитнички и гостопримлив автомобил со нагласен идентитет и крајно оптимистички дух.
УЛТРАКОМФОРЕН: патнички простор кој овозможува поразлично доживување на патот, со ентериер кој истовремено е модерен и осветлен, свеж и функционален, генератор на удобност на телото и на духот.
ТЕХНОЛОШКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОРИСТ НА ОПУШТЕНО И РЕЛАКСИРАНО ПАТУВАЊЕ, давајќи предност на размена и споделување во еден конектиран со светот SUV, со беспрекорни графички меѓуповрзувања, опремени со технологијата Hybrid Plug-In.
Во време кога CITROËN го прославува педесетмилионитиот продаден автомобил од создавањето на марката пред 95 години, марката го претставува својот нов концепт, вчудоневидувачки, креативен и бестрашен. CITROËN го потврдува својот капацитет за развој и прогрес во позиционирањето:
– ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ВОЗИЛО : CITROËN AIRCROSS ги илустрира амбициите на марката на светско ниво насочувајќи го своето позиционирање, кое го започна со C4 Cactus, со еден сосема нов и модерен изглед и појава.
– ПОРАЗЛИЧЕН: CITROËN AIRCROSS ги поместува и надминува сите стереотипи но сепак ги почитува доследно неодминливите правила на сегментот SUV. Неговиот надворешен дизајн и внатрешниот амбиент оставаат впечаток на модернизам и оригинален дух кои се базираат на поимите производ и стил карактеристични за C4 Cactus. CITROËN го докажува својот капацитет за истакнување на својот идентитет во било кој сегмент.
Постои последователност меѓу C4 CACTUS и концептот CITROËN AIRCROSS:
– УНИКАТЕН ОДНОС : спој на моќност и позитивна енергија, CITROËN AIRCROSS претставува заштитнички и удобен SUV. Оптимист, ослободен од секаква форма на агресивност со истакнување на преден план на:
– Оригиналност, беспрекорност и позитивен карактер со глобално избалансиран изглед во хоризонтална изработка, потенциран со флуидни форми и енергични графички елементи,
од примерот на Alloy Bump или пак Air Signs. Целината е интензивирана со црвено портокалова каросерија, симбол на енергичност и релаксираност со иновативни материјали кои евоцираат на издржливост;
– Дизајн во служба на функционалност и аеродинамичност.
– ПОКАНА ЗА ПАТУВАЊЕ во амбиент кој веднаш создава впечаток на УЛТРА КОМФОРНО возило кое истовремено блика со ЕНЕРГИЧНОСТ. Зад управувачот на концептот CITROËN AIRCROSS сè е создадено за удобност и уживање на телото и на духот. Покрај физичкиот комфор гарантиран со удобните и широки седишта овој впечаток е надополнет со нежните материјали и балансот помеѓу јасни, светли и интензивни бои. Перфектни линии со напречна изработка кои сугерираат на просторност, геометриски форми кои доведуваат до пространа внатрешност. Секој елемент е спој на естетизам и функционалност. CITROËN AIRCROSS се навраќа на темата патување со свеж и модерен ентериер кој кани на поинакво восприемање на патот.
– ТЕХНОЛОШКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
CITROËN AIRCROSS поседува два екрани HD од 12’’ од кои еден е мобилен и се користи заедно со совозачот. На секое седиште и има и звучници и микрофони за олеснето разменување и комуницирање со патниците. Технолошката интелигенција се изразува и со можноста од избор на мотор Hybride Plug-In кој е спој на ефикасност и високи перформанси.
Концептот CITROËN AIRCROSS ќе биде претставен премиерно на Саемот на автомобили во Шангај, место со изразена симболика поради важноста на кинескиот пазар за CITROËN (25% од продажбите и најдобар пазар за марката).