October 27, 2020

CITROËN 2 CV CHARLESTON ПОЛНИ 40 ГОДИНИ

  • Citroën го претставил 2 CV 6 Charleston на Автомобилскиот саем во Париз, во октомври 1980. Комплетно новото специјално издание било лимитирано на  8,000 примероци, и било толку успешно што веќе во јули 1981, е додадено во каталогот за гамата на возила, додека се заврши со производството на 2 CV.
  • Последниот 2 CV бил произведен исто така во Charleston, на 27 July 1990.
  • Иако во сега нема да се прикаже на некој собир, сѐ уште е можно (повторно) да го откриете 2 CV и да се воодушевувавате на неговиот шик, необичен карактер и надворешност во две бои, 40 години по неговата промоција.

 Пред четириесет години, во 1980, Citroën претставил специјална серија од 8,000 примероци наречени „Charleston”, по цена од 24,800 франци. Со шик и необичен стил, 2 CV 6 Charleston го отелотворува највисокото ниво на завршна обработка и моќ кој некогаш е виден кај 2 CV.
Следната година, во јули 1981, ограничената серија имала толку успех што постана неограничена: преминала во масовно производство во фабриката во Levallois, а моделот бил додаден и во каталогот за гамата на Citroën. Оваа верзија се разликувала од ограниченото издание со хромираните светла и сивата ткаенина со дизајн инспириран од дијамант.
Првично продавана во Црвена Delage и Црна боја, подоцна и во Жолта Hélios и Црна варијанта во Jјули 1982, што во јули 1983 било заменето со верзија обоено во две нијанси на сива боја, Сива Night и Сива Cormorant.
Производството продолжило во 1988 во фабриката Mangualde во Португалија. Моделите произведени овде може да се препознаат по прозорите, кои го носат името на шпанската стаклара, “Covina”.
На 27 July 1990, во 4:30 pm, последниот 2 CV кој излегол од производната лента Mangualde бил 2 CV 6 Charleston  во две сиви нијанси, Сива Night и Сива Cormorant Grey. Ова бил 5,114,969-ти и последно произведен 2 CV.
2 CV останува да биде икона на автомобилската историја и фаворит за бројни колекционери ширум светот. Charleston придонел на овој успех со последните 10 години производство.
Историскиот 2 CV може да се пофали со 10 специјални изданија претставени во Франција и некои европски земји:

Франција:
1976: 2 CV Spot
1980: 2 CV Charleston
1981: 2 CV 007 James Bond
1983 и 1984: 2 CV France 3
1985 и 1986: 2 CV Dolly
1986: 2 CV Cocorico

Шпанија:
1982: 2 CV Marcatelo
Германија и Швајцарија:
1985: 2 CV Ente Grün Англија:
1987: 2 CV Bamboo
Белгија:
1988: 2 CV Perrier

Во 2008, за 60- годишнината на 2 CV, било претставено лимитирано издание на Charleston врз основа на друг модел од линијата на Citroën, исто така кабриолет: C3 Pluriel Charleston, со истата надворешност во две бои Црвена Delage и Црна.