May 13, 2019

CITROËN 19_19 CONCEPT, ПАТУВАЊЕ ВО Ë-COMFORT РЕЖИМ

По откривањето на Ami One Concept минатиот февруари и отелотворувањето на електричната урбана мобилност, Citroën го претставува 19_19 Concept, покажувајќи ја визијата на Citroën за екстра-комфор и проширена мобилност за да се избега од градовите. Двете електрични концептуални возила одговараат на сите потреби на клиентите кои сакаат да бидат слободни во движењето, во свет кој бара „секогаш повеќе“.

Како вистински манифест на марката, 19_19 Concept е неконвенционален израз кој излегува надвор од традиционалните автомобилски знаци; технолошки аеродинамичен објект со исклучителни пропорции и спектакуларен дизајн во вид на потпрена и транспарентна капсула, испириран од светот на аеронаутиката.

Новото концептуално возило прикажува ултра-комфорт во служба на мобилноста во иднината,
– Преку неговиот дизајн: патничка кабина дизајнирана како вистинска дневна соба според својата архитектура и материјалите, вовлекувајќи го секој патник во чаура во која секое седиште е уникатно искуство за апсолутен комфор;
– Преку неговате технологии: комплетно електрично концепт возило со опсег од 800 km, возење како на вистински магичен килим со потпрена кабина опремена со потпирање со Progressive Hydraulic Cushions® во комбинација со паметна активна контрола, како и технологии за автономно возење и проактивен личен асистент кој е во интеракција со патниците, овозможувајќи на секој од нив комплетно ново искуство за патување со автомобил.

19_19 Concept ќе биде откриен како Светска премиера на VivaTech во Париз на 16. мај 2019.