April 8, 2019

ЧЕТВРТИ ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН ТРИУМФ ЗА C3 WRC

БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВТОРОТО МЕСТО НА OGIER-INGRASSIA ВО КОРЗИКА

Упорните Sébastien Ogier и Julien Ingrassia со својот победнички став успеаа да зачекорат по трет пат во сезоната на подиумот во Корзика и да ја освојат четвртата последователна победа оваа година за Citroën Total World Rally Team. Со тешко здобиеното второ место тие успеаа да се стекнат со два нови поени и да се искачат на табелата на светскиот шампионат за возачи. Во меѓувреме, Esapekka Lappi и Janne Ferm завршувајќи ја трката како седмоплансирани, допринесоа да се зацврсти второто место на Citroën и во позицијата на производители и да се достигнат важни километри во C3 WRC на сите мастани кои се одржуваат на асфалт.

• Започнувајќи го денот со само 5,1 s предност пред своите најблиски предизвикувачи, Sébastien Ogier и Julien Ingrassia веднаш го обезбедија третото место зголемувајќи ја предноста за речиси триесет секунди пред крајот на SS13, првата и најдолга фаза (31,85 km) на денот. На Power Stage, натпреварувајќи се во идиличната поставка на долината Fango, која со кристално сината вода на Медитеранот формира прекрасна позадина, француската екипа уште еднаш го покажа својот борбен дух за да го освои петтото најбрзо време и да собере бонус поен, но поради неочекуван инцидент во последната фаза дојде до нивно промовирање на втората позиција. Затоа, тие завршија на само два поени од лидерот на светскиот шампионат, што значи дека тие нема да ја отворат трката во следната рунда на WRC, во Аргентина (25-28 април).

• Поради проблемите во сетирањето кои се појавија во почетната етапа на трката и неможноста да се направат соодветни корекции бидејќи немаше можност за сервис на средина на етапата, шесткратните светски шампиони го постигнаа најдоброто во дадената ситуација, го завршија денот како шесторангирани, само 10.2 s зад четврто пласираните. Наредниот ден следуваше херојски напор на двете трки на комплетно новата патека Castagniccia. Искористувајќи ги сите свои способности и инстинкти за управување на валкани, истрошени патеки и нивната способност да достигнат добро време во првиот круг, со максимална брзина, успевајќи да го достигнат третото најбрзо време во првиот дел, а потоа и второто најдобро време во повторувачкиот дел. Благодарение на овие два настапи, во кратката завршна фаза тие успеаа да завземат место на подиумот со само уште две финални етапи за совладување.

• Завршувајќи како второпласирани во C3 WRC, Sébastien Ogier и Julien Ingrassia, оваа година го освоија својот трет подиум од четири трки. Во четирите трки кои завршија, Citroën Total World Rally Team секогаш фигурираше на првите две места на подиумот, со победи во Monte-Carlo и Mexico (Ogier-Ingrassia), додека на второ место во Шведска (Lappi-Ferm) и Корзика. На тој начин тимот Satory го консолидира своето второ место во светскиот шампионат на производителите. • Борејќи се во почетниот дел со сетирањето на C3 WRC, Esapekka Lappi и Janne Ferm се најдоа во безнадежна ситуација, па затоа преостанатите километри ги искористија за да остварат искуство плус. Сепак, нивната упорност на крајот им донесе пласман на седмото место обезбедувајќи им воедно и подобар тимски резултат.