July 25, 2022

C5 X PLUG-IN HYBRID: УЛТИМАТИВЕН КОМФОР СО АКТИВНОТО ПОТПИРАЊЕ CITROËN ADVANCED COMFORT®

  • C5 X во изведбата plug-in hybrid, нуди уникатна комбинација на активното потпирање Citroën Advanced Comfort® со двојни Прогресивни хидраулични перничиња ®, веќе застапени во Citroën гамата кај моделите C4, C5 Aircross и C5 X бензинската верзија, со електронска контрола на амортизерите.
  • Потпирањето на секое тркало се контролира независно и во реално време за да одговори на условите на патот, овозможувајќи чекор понапред кога станува збор за комфор при потпирање. Амортизацијата понежна, додека обезбедува одлична поддршка на телото благодарение на континуираната електронска контрола на амортизерите.
  • Со активното потпирање Citroën Advanced Comfort®, Citroën прави уште еден чекор во програмата Citroën Advanced Comfort® , а воедно преку C5 X Plug-in Hybrid овозможува ниво на комфор ненадминливо во својата категорија, покана за долги патувања во целосен спокој.

Верзијата plug-in hybrid на C5 X, го нуди како светска премиера активното потпирање Citroën Advanced Comfort®  кое комбинира потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња®   со активна контрола на потпирање. Возилото го адаптира потпирањето на секое тркало, да биде помеко или поцврсто во зависност од условите.

  1. УЛТИМАТИВЕН КОМФОР СО АКТИВНОТО ПОТПИРАЊЕ CITROËN ADVANCED COMFORT®

Благодарение на сензорите кои го анализираат патот и неговите неправилности пренесуваат информации до компјутер што во секое време ги одредува правилните поставки за да обезбеди максимален комфор на сите патници.

Како и ESP сензорите, контролираното потпирање располага со 4 сензори за вертикална положба и 3 сензори за брзина на тркалата со цел анализа на движењата на каросеријата  и ритамот на возење: надолжно и странично забрзување, брзина на скршнување (ротација на возилото околу неговата вертикална оска), агол при управување на воланот и брзина, положба на педалата за гас, притисок на сопирачките или при носење тежок товар во возилото. Сите овие информации се испражаат до електронската контролна единица, која потоа континуирано го прилагодуа дејството на потпирањето.

Така, контролата на потпирањето ја зајакнува работната ефикасност на Прогресивните хидраулични перничиња® со тоа што го ослободува потпирањето при возењето за да овозможи чувство на прелетување над патот по прави линии, истовремено гарантирајќи ефикасна поддршка на телото при големи оптоварувања и засилување на чувството на безбедност во патничката кабина.

« За развојот на C5 X, моравме да се придружуваме до строго прецизирани спецификации: да направиме чекор понапред во развивањето на непреченото возење што го издвојува потпирањето на Citroën, притоа нудејќи високо ниво на поддршка на телото. Во период од четири години работевме со цел да ја развиеме оваа единствена карактеристика и да постигнеме врвна удобност обезбедена од  активното потпирање Citroën Advanced Comfort® », изјави Denis Mineret, Одговорен за развој на системи за потпирање кај C5 X.

  1. РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ СПОРЕД ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ

C5 X  Plug-in Hybrid нуди 4 режими на возење, на располагање преку копче на командната табла, со кое се овозможува адаптирање според типот на патот и бараното ниво на комфор што го бараат возачот и патниците.

  • Режим «Electric », погонот на влечење е во целост електричен, со активно потпирање Citroën Advanced Comfort®  поставено во режим
  • Режим «Hybrid», предлага оптимална ефикасност помеѓу електричниот и моторот со внатрешно согорување. Активното потпирањето останува во режим Normal.
  • Во режим «Comfort», погонот функционира како во режим Hybrid, но активното потпирање преминува во режим Comfort за засилен ефект на летечки килим.

Режимите на потпирањето Normal и Comfort се слични под 50 km/h со цел да се гарантира најдоброто ниво на флексибилност при ниски фреквенции. Над 50 km/h, режимите се разликуваат за да се гарантира најдобрата флексибилност во режимот Comfort и најдобрата рамнотежа помеѓу комфорот и поддршката на телото во зависност од брзината во режимот Normal.

  • На крај, во режимот Sport, моторот со внатрешно согорување функционира непрекинато и е поддржан од електричниот мотор за да испорача максимална енергија. Истовремено, поставките на воланот, забрзувањето и автоматскиот менувач овозможуваат поголема динамичност. Активното потпирање се префрла на поцврстиот режим Sport, за засилено задоволство при возењето.
  1. УНИКАТЕН КОМФОР КАЈ ВОЗИЛАТА НА CITROËN

C5 X во бензинска верзија е стандардно опремен со систем за потпирање Citroën Advanced Comfort, со Прогресивни хидраулични перничиња®, со што нуди чувство на мекост карактеристично за марката и ги филтрира сите неправлности, дупки или нерамнини на патот.

Во зависност од условите на патот, потпирањето функционира во две фази:

  • При лесни компресии и движења, пружината и амортизерот ги контролираат вертикалните движења без употреба на хидрауличните перничиња. Но, самото присуство на овие перничиња им овозможува на инженерите да понудат поголема слобода на движење на возилото, со што се обезбедува ефект на « летечки килим ».
  • За време на големите компресии и движења, пружината и амортизерот работат заедно со хидрауличната компресија или проширување, постепено го забавуваат движењето за да избегнат нагло застанување на крајот на движењето. За разлика од конвенционалната механичко перниче, кое ја апсорбира енергијата, но исто така и ослободува дел од неа, хидрауличното перниче ја апсорбира и расфрла оваа енергија. Затоа нема можност за враќање назад.
  1. ЧЕКОР ПОНАПРЕД CITROËN ADVANCED COMFORT®

Веќе еден век, концептот за комфор е во тесна врска со Citroën. Ако може да се сумира во еден едноставен збор, комфорот е всушност повеќекратен. Амортизација, поддршка на телото, изолација, седење, осветленост, просторност, ергономија, модуларност, услуги… многу параметри помагаат да се дефинира благосостојбата и спокојот што патниците ќе ги чувствуваат при користење и одржување на нивното возило.

Со цел да им се овозможи на клиентите сите димензии кои ги нуди комфорот, во 2016 Citroën ја претстави програмата «Citroën Advanced Comfort®». Еден од основите на програмата претставува потпирањето на Прогресивни хидраулични перничиња®. Со активно потпирање Citroën Advanced Comfort®, Citroën оди чекор понапред и преку својот модел C5X plug-in Hybrid им овозможува на клиентите ненадминлив комфор при патување.