July 12, 2023

BIGFLO И OLI СТАНУВААТ АМБАСАДОРИ НА CITROËN

  • Citroën се здружува со популарното дуо Big Flo & Oli во музичко и креативно партнерство. Дуото ќе дејствува како бренд амбасадор во Франција и на глобално ниво.
  • Оваа асоцијација беше формирана за време на возбудлива средба околу концептниот автомобил Citroën OLI во октомври 2022 година. Талентот и креативноста на Big Flo & Oli во иднина ќе бидат прикажани во заеднички проекти со Citroën во иднина.
  • Citroën ќе биде официјален партнер на турнејата „Le Grand Tour“ на Big Flo & Oli и официјален партнер на Фестивалот на розите 2023 година.

Poissy, 10 јули 2023 година Француската рап група, BigFlo и Oli , денес стана амбасадор на Citroën во Франција и на глобално ниво. Ова партнерство, ќе се прошири и на турнејата на дуото и изданието на Фестивалот на розите во Тулуз во 2023 година, создаден по нивна иницијатива.

BigFlo и Oli се талентирани уметници кои во нивните кариери имаат освоено осум NRJ Music Awards и три „Victoires de la Musique“, а започнаа само пред три години. Дуото – браќата Florian и Olivio Ordonez – ги отелотворува вредностите на споделување и солидарност што му се драги на Citroën, марка што се стреми да биде популарна и блиска меѓу своите клиенти.

Средбата меѓу Citroën и дуото се случи во октомври 2022 година во времето на претставувањето на концептот Citroën OLI [All-ë]. Од прашањето од групата на Twitter за името на концептот, на социјалните мрежи започна разговорот помеѓу марката и пејачите. Потоа дојде идејата за средба со публиката и создавање на ексклузивна содржина со наслов „BigFlo и Oli се запознаваат со OLI каде групата зборува за нивниот однос кон мобилноста и екологијата за време на прошетка низ Париз. Од успехот на оваа средба, од контактот на групата со јавноста, се роди намерата да се оди понатаму и да се размислува за соработка помеѓу групата и Citroën, асоцијација помеѓу светот на музиката и електричната мобилност.

Освен тоа, што може да биде подобро од Citroën Ami за Oli кој сè уште не го полагал возачкиот испит?

„Популарна и смела марка, Citroën особено добро се вклопува во светот на BigFlo и Oli , кои неодамна беа избрани за омилени личности на Французите. Така, партнерството дојде сосема природно. Навистина сме возбудени што ќе го започнеме нашето партнерство со BigFlo и Oli и ќе допреме нова публика благодарение на нивната енергија и колоритниот универзум. Нивното работење со нашиот концепт, OLI, помина многу добро и убедени сме дека ова партнерство означува почеток на голема авантура за сите нас“, вели Laurent Barria, директор за маркетинг и комуникации, во Citroën.

Партнерството помеѓу Citroën со BigFlo и Oli ќе има неколку форми.

Citroën станува официјален партнер на „Le Grand Tour“ во текот на 30 дена, а дуото ќе работи со брендот на неколку креативни проекти и настани.

„Мило ми е што Citroën ќе нè придружува во следните две години! Француски бренд со човечки тим со кој уживавме да се запознаеме! Ова е голема заедничка авантура! кажаа BigFlo и Oli.

ФЕСТИВАЛ НА РОЗИТЕ 2023

Создаден минатата година од BigFlo и Oli минатата година, Фестивалот на розите ќе се одржи оваа година од 1-ви до 3-ти септември во MEETT во Тулуз. Фестивалот беше овозможен благодарение на исклучителното здружување на три водечки фирми од Тулуз: Bleu Citron, главен продуцент на фестивали во југозападна Франција, Golden Child, марката на BigFlo и Oli, како и La Dépêche du Midi Group. Фестивалот го претставуваат SAS ROSE, на уметничка страна и Association ROSE, на социјалната страна. Ова здружение се фокусира на зближување на луѓето, споделување, културни иницијативи и поддршка за публиката и младите уметници.

Првото издание на Фестивалот на розите беше домаќин на реномирани уметници како BigFlo и Oli, IAM, Damso, Laylow и Ben Mazué, меѓу другите и привлекоа публика од 50.000 луѓе. Во 2023 година ќе учествуваат некои од најголемите таленти, меѓу кои М, Angèle, Petit Biscuit, Disiz, Worakls итн.

Во 2023 година, Citroën е официјален партнер на Фестивалот на розите, обезбедувајќи флота од 10 возила за транспорт на уметници и партнери за време на фестивалот.