AVTONOVA

AVTONOVA, ексклузивниот импортер за возилата од гамата на CITROËN, на македонскиот пазар започна со работа од октомври 2003 година.
Технологија достапна за секого со квалитетно произведени автомобили и грижа за крајните корисници е иднината на автомобилската индустрија. Со цел да ја потврдиме нашата определба за целосно задоволување на очекувањата на нашите клиенти, го имплементиравме „Системот за управување со квалитетот на компанијата“ ISO 9001:2008 . Нашите сили ги насочивме кон запознавање на потребите на купувачите, понуда на производи и услуги кои ќе ги задоволат очекувањата на пазарот, запознавање на степенот на задоволство на нашите клиенти и имплементација на политиката на одржлив развој со акцент на заштитата на животната средина.
Развојот и континуираното подобрување на Системот за управување со квалитет се главните активности во осигурувањето на нашите крајни купувачи .
Сертификацијата на AVTONOVA ја изврши сертификациската куќа BSI (British Standards Institution) на 14/11/2007.