December 27, 2013

АВТОНОВА повторно освојува награди

И оваа година како и претходно Citroën го организираше годишниот семинар “Citroën Parts & Services Importers meeting 2013” на кој покрај редовните активности на семинарот беа доделени и признанија на импортерите за успешните резултати од работењето во доменот на послепродажбата и резервните делови.

Да се биде дел од натпреварите 2012 CITROËN AFTER SALES и 2012 CITROËN PARTS AND ACCESSORIES за Автонова беше голем предизвик. Предизвик е да се учествува во еден ваков натпревар и да се покаже дека и ние можеме да бидеме во чекор со светските трендови и барањата од Citroën.

Исто како и претходните години и оваа година ние како тим успеавме да ги реализираме барањата кои  Citroën ги постави пред нас преку имплементирање и успешно завршување на акциите поврзани со развојот на бизнисот во доменот на послепродажбата и резервните делови.

И не само тоа, во конкуренција на 39 импортери поделени во 4 групи ние успеавме да бидеме НАЈДОБРИ во нашите групи и да освоиме две први места – Послепродажба и Резервни делови.

Во името на Citroën наградите ги додели г-дин Serge Habrant, Директор на продажба на делови и послепродажба, во придружба на г-ѓа Séverine LAURENT, Директор на послепродажба – импортери, г-дин Gerald HOUTTEVILLE, Директор на резервни делови – импортери.

Овие награди за нас како тим ќе бидат само дополнителен мотив да работиме што повеќе и да ги подобриме нашите резултати и услуги кон крајните клиенти.