AUTOBEST Ѝ ГО ВРАЧИ ТРОФЕЈОТ НА LINDA JACKSON ЗА «MANBEST 2018»

Linda Jackson, генерален директор на Citroën, ја прими наградата за MANBEST (MANager BEST) за 2018 година од европското жири на Autobest.
« Оваа престижна награда претставува огромна чест за нас. Навистина сме горди што овој трофеј е одраз на одличната работа на целата моја екипа. Веќе 4 години ја градиме нашата марка според очекувањата на клиентот, а истовремено и ја одбновивме целата наша гама за помалку од 2 години.».
Linda Jackson
Linda Jackson, 59 години, дипломира на универзитетот Warwick (MBA) во Велика Британија. Ја започнува својата кариера во автомобилската бранша во 1977 во рамки на MG Rover Europe каде меѓудругото била и генерален директор за Франција во период од 2000 до 2003. Во 2005, влегува во тимот на марката Citroën како директор на финансии за Citroën UK (Обединетото Кралство) а потоа и во Citroën France (2009 – 2010). Во јули 2010 постанува генерален директор на Citroën UK и Ирска, а од 1-ви јуни 2014, Linda Jackson е генерален директор на марката Citroën.
Минатата година во јуни месец Linda Jackson ја доби и наградата за « Great British Woman » од страна на британскиот автомобилски магазин Autocar.
Во првото полугодие од 2018, Citroën бележи светски пораст од 9% на својата продажба, рекорден број на продажби во Европа во последните 7 години и неверојатен рекорд од 50% во Кина.