AMI, 100 % ЕЛЕКТРИЧНА МОБИЛНОСТ ДОСТАПНА ЗА СИТЕ

За 100 години постоење, Citroën покажа смелост и креативност со цел да го доближи пристапот до мобилноста. Во 101-та година од своето постоење, марката промовира вистински хит со откривање на моделот AMI – 100% електично возило, како кулминација од развојот започнат со AMI ONE Concept.
AMI е продорен одговор на иновативната марка, инспирана од своите клиенти, марка која е прилагодена кон новите модели на потрошувачка, предизвиците за урбано патување и свесностa за животната средина.
Тоа е нонконформистички предмет: 2 седишта, 100% електричен погон, комфорен и безбеден, компактен и агилен, со можност за персонализација. Уникатен карактер што ги разнишува утврдените правила.
AMI е достапен за сите: нема потреба од возачка дозвола, со “À la Carte” понуди прилагодени за сечии потреби, од споделување на возилото преку апликацијата Free2Move до долгорочно рент-а-кар изнајмување од €19.99 месечно.
И за крај, AMI е ново искуство: најблиску што е можно до клиентите со 100% online искуство преку партнерството со Fnac Darty, како и преку партнерството во рамки на мрежата на Citroën. AMI нуди глобално 360° решение за урбана мобилност, прави слободата на движење да биде поедноставна и достапна за голем број на луѓе.
Првите нарачки ќе започнат од 30-ти март во Франција, а неколку месеци подоцна во Шпанија, Италија, Белгија, Португалија и Германија.
Откријте повеќе за AMI преку видео: