80 ГОДИНИ ОД CITROËN СО МОТОРЕН ПОГОН НА ТРКАЛА НАПРЕД: ПРОСЛАВУВАЊЕ !
На 18 април 1934, CITROËN го претстави на јавноста и на медиумите моделот « 7A », возило кое го разбранува целосно автомоблскиот пејсаж со бројни иновации меѓу кои и возила на моторен погон на тркалата напред кои веднаш се наречени: TRACTION AVANT.
80 години потоа, TRACTION AVANT се уште е актуелен благоарение на бројните љубители
Едицијата РЕТРОМОБИЛ 2014 од месец февруари ќе остави посебен впечаток со задолжително и неодминливо присуство, на штандот CITROËN, клубот La Traction universelle*. Ќе бидат изложени два модели на TRACTION AVANT 11 FAMILIALE од 1937 и 1957.
Од месец март до крај на месец јуни, оригинален модел на TRACTION AVANT ќе биде изложен во центарот на изложбата « My CITROËN Aventure » во C_42 на Авенијата Елисејските полиња: TRACTION AVANT Sans Frontières 11BL од 1955.
Во седмиците кои следат, фановите и љубителите како и целата јавност можат да се сретнат со TRACTION AVANT :
– По повод настаните Отодром Еритаж Фестивал (Autodrome Heritage Festival), 7 и 8 јуни, во рамки на легендарната трка во Монтлери (91) или пак Еуроситри 2014, од 8 до 10 август, на натпреварот во Манс (72) ;
– Изложени на саемите на автомобили во Орлеан (45) на 20 и 21 септември, или пак Епок Ауто од 7 до 9 ноември во Лион (69) ;
– На автопатите во Франција, ќе бидат организирани бројни настани од страна на регионалните клубови на Traction universelle. Собирите во Рост-Варендин (59) на 31 мај и 1ви јуни, како и собирот во Ферте Видам (28), на 13 и 14 септември ќе бидат еден од најважните настани на годината кога повеќе од 800 TRACTION AVANT ќе бидат собрани на едно место.
*Клубот Traction universelle брои околу 1 400 членови во Франција и во светот.