June 26, 2014

300 000 DS 3 ПРОИЗВЕДЕНИ ВО ФРАНЦИЈА

300 000 DS 3 ПРОИЗВЕДЕНИ ВО ФРАНЦИЈА

DS 3, првиот комерцијализиран модел на DS, ги поместува границите кај широката  јавност и внесува новина во процесите на производство. Впрочем, DS 3 е понуден со бројни можности на персонализација, во ‘bi-ton’ верзии (во две бои) или пак верзии со можност за персонализација и на каросеријата и на ентериерот. Индустриски предизвик уште на почетокот со можност за персонализација уште во стадиумот на производство. Успешен предизвик во моментот кога 300 000-иот DS 3 лимузина е веќе етикетиран со « Origine France Garantie » и денес излезе од производствениот погон на Поаси! На тој начин 300 000 DS 3 лимузини се произведени во оваа фабрика во Франција.

300 000, бројка кога гарантира успех на овој модел. Избран поради својот привлечен стил кој дури постанува и ексклузивен со бројни можности за персонализација, со акцентирана елеганција, вградена технологија и темперамент на патот кој е спој на динамичност и комфор, DS 3 секојдневно и непрестано ги воодушевува своите возачи.

DS 3 го следи својот пат со бројни иновации, така што 300 000-иот примерок се истакнува со својот светлосен потпис премиерно претставен минатиот месец. Потпис кој се добива со новите светла кои како светски ексклузивитет претставуваат спој на LED технологијата и Ксенон технологијата, со новите трепкачи. Иновација која се вклопува во стилот и дизајнот на DS 3 давајќи му оригинален и високотехнолошки и модерен изглед.

Овој 300 000и DS 3 е примерок од нумерирана серија ‘So Irrésistible’. Покрај светлосниот потпис, DS 3 ‘So Irrésistible’, е создаден на платформа на ‘So Chic’ (ниво 3), нуди :

– нов декор на персонализација ‘Irrésistible Paris’ кој претставува сценографија на спомениците на главната метропола со помош на сериграфија на страничните стакла назад и на лајсната на командната табла со ласерска обработка

– алуминиумски тркала 17’’ Aphrodite во сива боја со дијамантска изработка.

Овој 300 000и DS 3 е исто така опремен со камера за движење нананзад, Активна паркинг сопирачка (Active City Brake) – нов систем на автоматско сопирање -, и мотор Diesel BlueHDi 120. Овој мотор е поврзан со автоматски шестостепен менувач кој ги задоволува стандардите Euro6. Покажува просечна потрошувачка на гориво од 3,6 l/100 km и стапка на емисија на CO2 од 94 g/km.

300 000иот DS 3 наскоро ќе го видиме на асфалтот!