January 5, 2022

CES 2022: CITROËN ЈА ИЗЛОЖУВА СВОЈАТА ИНОВАТИВНА ВИЗИЈА ЗА МОБИЛНОСТ СО ДВА СИЛНИ ПРЕДЛОЗИ: КОНЦЕПТОТ НА CITROËN ВИЗИЈА ЗА АВТОНОМНА МОБИЛНОСТ И CITROËN AMI

  • Во срцето на искуството на Stellantis, во период од 5 до 8 јануари, на CES 2022 (Consumer Electronic Show – Саемот за корисничка електоника) во Лас Вегас, водечкиот светски настан во областа на електрониката, технологијата и иновациите, Citroën гордо ја споделува својата визија за сегашна и идна мобилност, во облик на две силни иновации: Citroën Skate и Citroën Ami.
  • Citroën го изложува Skate, дел од својот смел концепт за автономна и заедничка мобилност, Citroën Autonomous Mobility Vision (Визија за автономна мобилност од Citroën). Концепт што ја комбинира автономната технолошка платформа, Citroën Skate, со модули наменети за различни услуги и намени, дизајнирани од партнери (заедници, услужни компании). Skate ги превезува корисниците од едно до друго место во градот, нудејќи единствено искуство во патничката кабина.
  • Citroën Ami исто така ќе биде во центарот на вниманието, со својата разиграна и спортска верзија My Ami Pop. Достапен, електричен, ултра-компактен и агилен, Ami, излегува во пресрет на новите потреби за микро-мобилност, заокружувајќи го нашиот асортиман на електричн возила за приватни и правни лица.

Концептот на Citroën, визија за автономна мобилност (Autonomous Mobility Vision) и Citroën Ami, отпатуваа на CES во  Лас Вегас за да ги изненадат и восхитат посетителите истакнувајќи ја стручноста и иновациите на Citroën во однос на тековните и идните предизвици на мобилноста.

2

Урбаната мобилност се менува. За да го намалат јаглеродниот отпечаток, голем број градови го ограничуваат пристапот на возилата што најмногу ја загадуваат околината.

За Citroën, мобилноста на иднината може да биде чиста, заедничка, автономна и поврзана. Концептот Citroën Autonomous Mobility Vision совршено ја отелотворува оваа филозофија нудејќи им на корисниците превоз по мерка со соодветни искуства и услуги. Благодарение на Citroën, корисниците веќе не мораат да се концентрираат на возењето, наместо тоа имаат корист од слободното време и уживаат во искуството на патувањето.

Ami е составен дел од стратегијата на Citroën за електрификација. Направи место на пазарот за микромобилност, создавајќи нов сегмент: електричен четирицикл со две седишта, со ултра компактни димензии, достапен во смисла на возраст и цена, како и со заштита. Стои како алтернатива на велосипедите и јавниот превоз. Нудејќи многу намени, може да се споделува во семејството кога тинејџерите ќе се согласат да им допуштат на родителите да го преземат воланот.

« Движењето од едно место на друго е составен дел од нашиот социјален и професионален живот, до толку многу што целата наша околина е структурирана врз основа на транспортот. Од суштинско значење е да се предвидат потребите за мобилност во иднина. Како такви, електричната мобилност и автономната мобилност се средиштетео на нашето размислување и технолошки напредок. Новиот концепт визја за автономна мобилност Citroën Autonomous Mobility Vision би можел да ја редефинира рамката за урбано патување, правејќи го заедничко, електрично, автономно и поврзано.

Што се однесува до Ami, феноменот на електричната мобилност веќе освои повеќе од 14.000 потрошувачи во Европа од неговото лансирање во средината на 2020 година и создаде нов сегмент, помеѓу мотрите на две тркала и автомобилите. Одговара на новите потреби и ја задоволува новата генерација купувачи желни за мобилност и индивидуална слобода, особено тинејџерите и младит.»

Vincent Cobée, Генерален директор на Citroën

3

КОНЦЕПТ «CITROËN AUTONOMOUS MOBILITY VISION» ВИЗИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКАТА И АВТОНОМНА УРБАНА МОБИЛНОСТ НА ИДНИНАТА

Преку концептот Citroën Autonomous Mobility Vision, Citroën се подготвува за потребите на урбана мобилност на иднината и го користи своето технолошко знаење за да ја подобри благосостојбата на корисниците, истовремено почитувајќи ја околината и оптимизирајќи ги сообраќајните текови во градот.

Целта на овој автономен open-source концепт е да се ослободи гратскиот метеж на инвентивен начин и да им обезбеди на корисниците оригинално и смирувачко искуство што се грижи за сите нивни потреби. За да се оптимизираат тековите на гратскиот сообраќај, флота од автономни и меѓусебно поврзани роботи, Citroën Skates, одделени од модулите што ги транспортираат, ќе се движат по посебни ленти совршено интегрирани во урбаниот пејзаж.
Подлогите делуваат како вектори за мобилност, дозволувајќи им на различните модули, создадени од различни услужни компании, да се позиционираат на нивната платформа. Така, корисниците имаат пристап до услугата по свој избор 24/7, на пример уживајќи во пријатна средина за читање книга, гледање видео во мир, слушање музика додека пиете пијачка или дури и спортување додека сте во движење.

4

Ова заедничко и автономно решение има низа предности. Го намалува метежот во големите градови и како електрично возило го намалува загадувањето со јаглерод. Исто така нуди и повеќекратна употреба и е многу поевтин од индивидуално автономно возило.

Ширењето на овој пристап се заснова на оптимално користење на ресурсите за целокупното време на користење на целиот екосистем: со модули, Citroën Skate, наменски ленти, управување со возниот парк.

CITROËN AMI, ОРИГИНАЛЕН ОДРЖЛИВ ОБЈЕКТ ЗА МОБИЛНОСТ СО РАСТЕЧКИ УСПЕХ ВО ЕВРОПА

Ami совршено ги отелотворува вредностите на Citroën за иновација, посветеност на општественитепредизвици и одлучноста да се обезбеди мобилност без емисии на CO2.

Објектот за микромобилност создаде нов сегмент на пазарот преку своите препознатливи карактеристики: пристапност (со навршени 14 години во Франција) и цена, компактни димензии, што го олеснува возењето и паркирањето,а овозможува и удобно да се сместат две лица еден до друг, поедноставено полнење за само 3 часа на едноставен приклучок од 220 V, неговиот заштитен аспект (против удари и лоши временски услови) и симпатичниот особеност.

5

Citroën Ami е вистински популарен феномен. За тоа сведочи големата база фанови што се создаде за неколку месеци, а се состои од клиенти кои ги изразуваат своите ставови на социјалните мрежи, зборуваат за најдобрите практики и даваат врвни совети за тоа како да се персонализира Ami. Успехот на Ami во Европа ги надминува нашите очекувања: повеќе од 14 000 нарачки се веќе направени од неговото претставување и 80% од клиентите се нови клиенти на Citroën.

Овој успех се должи на целиот екосистем развиен специјално за Ami, а се состои од комплетно дигитализирано патување на купувачите, од откривање и купување преку интернет, до достава дома и тест возила, заедно со комплетно нови каналии за дистрибуција надополнуваат нашите 200 застапници за Citroën, вклучувајќи околу 40 продавници Fnac и Darty што го одбраа Ami и купувачи „амбасадори“ кои секојдневно го возат својот Ami, нашите 50 „My Ami Superfans“ кои ја пренесуваат својата страст на сите оние на кои им треба поддршка пред да ја потврдат нивната нарачка.